Connect with us

Македонија

ВРЕДИ: Артан Груби ѝ направи ветинг на ДУИ!

Кога ДУИ зборува за ветинг, тоа е исто како да му сврти грб на постојаниот сојузник на Албанците, САД. Оваа партија има тенденција да ги исмејува и Албанците и нивниот постојан пријател. Не помина ниту една недела откако САД ја ставија на црна листа сенката на Али Ахмети, Артан Груби, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Бидејќи имаат горлива желба за ветинг, Артан Груби веќе и направи ветинг на ДУИ.

Албанците добро знаат дека зад огнената “патриотска“ реторика се кријат чисти финансиски интереси на кланот политички олигарси кои пред врата им чука моментот кога треба да одговараат! И нашиот постојан сојузник Соединетите Американски Држави ги извести за тоа.

Албанците и САД не ги сметајте за наивни. За Албанците и државата доаѓаат бели денови, додека за злоупотребувачите ќе дојдат црни денови каде сите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Ние како коалиција ВЛЕН веќе извесно време предупредуваме: ДУИ е заробена од криминалната структура, на чело со Али Ахмети и со неговата сенка Артан Груби кој ги извршуваше неговите наредби. Прашањето што го поставивме е јасно: уште колку пораки треба да дадат САД за оваа партија да разбере дека има итна потреба од длабоки програмски и кадровски реформи?

ВЛЕН ги почитува Албанците и нашиот стратешки сојузник САД, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг