Connect with us

Македонија

Македонски Концепт: Ја поддржуваме соработка на Владата со стратешките партнери во борбата против тероризмот во Македонија, криминалот и корумпираните политичари

Published

on

Ја поддржуваме соработка на Владата со стратешките партнери во борбата против тероризмот во Македонија, криминалот и корумпираните политичари.

Во светло на неодамнешните настани, станува очигледно дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) се обидува да предизвика политички тензии и дестабилизација со цел да избегне одговорност за криминалните активности на нејзините членови. Овие постапки претставуваат обид за избегнување од правдата и манипулација со јавноста.

ДУИ и нејзините соработници – кои се синоним за најголемиот грабеж на Македонија последните две децении, преку создавање на атмосфера на етнички тензии, се обидуваат да го дефокусираат вниманието од нивните незаконски дејствија. Ова е неприфатливо и претставува директен удар врз правниот систем и демократијата во нашата земја.

Ги повикуваме сите граѓани и институции со цврста рака да се бориме против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност на сторителите. Само преку заедничка и решителна акција можеме да обезбедиме правда и просперитет за сите.

Неможе да дозволиме обидите за избегнување од правдата да успеат. Секој што е вмешан во незаконски активности мора да биде изведен пред лицето на правдата и да сноси соодветна одговорност.

Воедно ги повикуваме надлежните органи да продолжат со превземање на ефикасни мерки за истрага и санкционирање на сите инволвирани лица во овие криминални активности поради кои избегаа илјадници наши сограѓани од Македонија. Само на тој начин можеме да ја вратиме довербата на граѓаните, во институциите и ќе обезбедиме стабилност и напредок на нашата држава.

Соопштуваат од Центарот за комуникации и aнализа на Македонски Концепт

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Водици во Охрид: „Да ги отвориме срцата за вербата и духовната чистота“

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид. На овој возвишен ден, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, ги освети водите на Охридското Езеро и го положи светиот крст во нив.

Во присуство на стотици верници, кои со вера и надеж се собраа да го одбележат симболот на крштевањето на Исус Христос, најсреќен беше Мартин Гоџо, кој го фати осветениот крст. Претседателката го награди со рачно изработена резба, посакувајќи му добро здравје, среќа и духовна исполнетост.

„Да ги отвориме нашите срца за вербата, да ги насочиме мислите кон чистотата и мирот и да чекориме по патеката на духовното просветление,“ порача Сиљановска-Давкова во своето обраќање.

Continue Reading

Македонија

Борче Стефановски го фати осветениот крст на Водици во Тетово

Published

on

На годинешното празнување на Богојавление Водици, во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, 32-годишниот Борче Стефановски го фати осветениот крст. Во свечената церемонија присуствуваа голем број верници, кои со молитва и радост го одбележаа овој голем христијански празник. Борче изјави дека му претставува огромна чест и благослов што токму тој го фатил крстот оваа година.

Continue Reading

Македонија

Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025

Published

on

По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година.

Таа ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за средношколците во завршна година (матурантите) кои, според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај 2025.

Учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани.

За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк