Connect with us

Македонија

Големите синџир-маркети не ја поскапеле пакуваната вода, граѓаните да пријават поскапувања во маалските маркети, повика Пазарната инспекција

Published

on

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, ги повика граѓаните да пријават доколку забележат поскапување на водата во Скопје во пресрет на најавениот прекин во водоснабдувањето, кој треба да почне утре во раните утрински часови. Пазарната инспекција, вчера, по добиените поплаки од граѓани за поскапена вода, направила контрола во големите синџир-маркети, но незаконско надминување на цената не утврдиле.

„Во текот на вчерашниот ден проверивме и кај поголемите правни субјекти нема надминување на цените. Кај помалите маалски маркети може да се оди по пријава. Ќе излеземе и ќе провериме. Зголемување на цената на пакуваната вода не е забележано вчера иако имаше поплаки за покачување“, рече Стојкоски.

Директорот Стојкоски уверува дека ќе постапат по секоја пријава од граѓани, а денес, министерот за економија, Бесар Дурмиши, ги повика и граѓаните да бидат инспектори. Тој апелира граѓаните да го пријават секое изигрување на цените на 1.100-те производи од новогодишната кошничка на бесплатниот број 191, а кои треба да бидат поевтини најмалку 10 проценти во споредба со најниската цена што ја имале во последните 30 дена. 

Македонија

Започнаа “Празниците да живеат во Битола“, вечерва започна “Зимската приказна“ (фото)

Published

on

Како и беше најавено вечерва на плоштадот “Магнолија“ во Битола започна да работи лизгалиштето, а со овој настан започна “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола. 

Лизгалиштето “го отворија“ балерините кои изведоа уметнички танци на мраз, за што добија аплауз од битолчани кои не се исплашија од дождот.

Потоа следуваше настапот на танцовиот спортски клуб “Експоуз“ од Битола и музички изненадувања, а водител на настанот беше Мими Марковски, кој битолчани го препознаваат како “Мими со југото“.

По настапот на балерните и “Експоуз“ заврши официјалниот дел, а потоа битолчани се “качија“ на лизгалките и ја започна лизгачката сезона.

На настанот присуствуваше и Дедо Мраз, за кој како и секогаш најголем интерес покажаа најмладите битолчани.

-Имаме прекрасна програма која ќе се реализира од денес до 6 јануари 2025 година, односно имаме 18 дена прекрасна програма исполнета со зимска програма, различни настани кои ќе привлечат голем интерес кај сите генерации, токму такви се програмските содржини, театар, музички настани, добри изведувачи…, истакнуваат од Општина Битола. 

Годинава се проширени локациите, ги има преку десеттина, но Офицерски, старата чаршија, “Магнолија се главните. КИЦ Битола е дел од зимската приказна, а годинава се вклучува и НП „Пелистер“.

Извор: BitolaNews

Continue Reading

Македонија

Претепан малолетник – го тепале до тврди предмети

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Н.(32) и Е.Н.(38), двајцата од с.Горјане, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 18.11.2024 на место викано „Поточан“, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 17-годишник, при што употребиле и тврди предмети.

Continue Reading

Македонија

Три лица се тепале среде бел ден во продавница во Кисела Вода

Published

on

Вчера интервентната полиција во 15:15 часот во Кисела Вода приведе три лица М.П.(40), Ф.П.(37) и П.Ф.(20) сите од Скопје затоа што 15 минути претходно меѓусебно се тепале во продавница поради претходно меѓусебно недоразбирање. Едниот од нив според полицијата употребил и тврди предмети.

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк