На 18.12.2024 во 15.05 часот во СВР Тетово, 42 – годишник од Тетово пријавил дека на 06.12.2024 неовластено било влезено на неговиот профил и на неговиот мобилен телефон добил известување дека се одјавил од неговата корисничка сметка и додека се обидувал повторно да се најави му пристигналодруго известување од мобилната апликација, која служи за менаџирање на е-паричник за криптовалути, дека успешно бил реализиран трансакциски одлив на средства од З.737 американски долари или околу 219.135 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
