Connect with us

Инфо +

ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ ТРОПА НА ВРАТА: Во периодот од 20 до 24 декември многу снег ќе наврне на Балканот и во Македонија!

Според најновите излези на Евроспкиот модел (ECMWF) кој секако е најажурен, во периодот од 20 до 24 декември големо количество на снег ќе наврне ширум Балканот, вклучувајќи ја  и нашата Македонија, поради тоа што ќе бидеме зафатени од многу ладен циклон кој ќе биде со центар над Средоземјето, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Во ваква ситуација најпрвин ќе имаме врнежи од дожд, за набргу на многу места врнежите од дожд да преминат во обилни врнежи од снег, како на планинските  и високите места, така  и во пониските места (градовите), што значи на многу места во овој период ќе има преубава снежна идила.

На метеоролошката карта можете да ја погледнете очекуваната снежна покривка во нашата Македонија во периодот од 20 до 24 Декември. Може да се види дека во најголем дел во овој период ќе се формира снежна покривка која на планините и Скијачките центри ќе изнесува дури до околу, па  и над еден метар, а во повеќето градови се очекува снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде  и над 30 сантиметри.

Сето ова ќе биде проследено и со засилен, повремено силен ветер од северен правец, а температурите значително ќе опаднат, па така и преку ден тие на повеќе места ќе се задржат до околу, па и под нулата, што значи дека ќе има  и појава на голомразица. Поради ветерот кој го очекуваме се очекува појава  и на снежни наноси, особено на планинските и на повисоките места.

Апелираме во ваква ситуација, возачите доколку патуваат низ планинските превои, да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, и тоа поради очекуваната значителна снежна покривка која ја очекуваме, секако и поради голомразицата.

Голема е веројатноста со овој ладен циклон, снег да види и Скопскиот регион, како и Скопската котлина секако.

Вистинската зима ни тропа на врата и ќе ни пристигне многу наскоро“, вели Попоски

Advertisement

Свет

Либија завиена во црно: Началникот на генералштаб загина во авионска несреќа кај Анкара

Началникот на Генералштабот на либиската армија, Мохамед Ал Хадад, и членовите на неговата придружба загинаа во авионска несреќа што се случи кратко по полетувањето од аеродромот Есенбог во Анкара.

Информацијата ја потврди премиерот на либиската Влада на национално единство, Абделхамид Дбеибах, кој соопшти дека властите се информирани за смртта на Ал Хадад и лицата кои патувале со него.

Според турските медиуми, авионот се урнал на околу два километри од селото Кесикавак, во округот Хајмана. Турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, соопшти дека е отворена истрага за причините за несреќата.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, претходно изјави дека контактот со приватниот авион бил изгубен кратко по полетувањето. Тој наведе дека авионот од типот „Фалкон 50“, со регистрација 9H-DFJ, полетал во 20:10 часот на лет за Триполи, а радарскиот контакт бил изгубен во 20:52 часот по локално време.

Според неговите зборови, од авионот била испратена порака за итно слетување во близина на Хајмана, но по тоа комуникацијата целосно прекинала.

Continue Reading

Балкан

ПАДНА НАЈГОЛЕМИОТ БАЛКАНСКИ НАРКО-КЛАН

Шпанската полиција разби ќелија на балкански нарко-картел во голема меѓународна операција координирана од Европол, во која учествуваа и безбедносните служби од Србија, БиХ и Хрватска. Во акцијата се уапсени 30 лица, а запленети се 2.550 килограми кокаин – една од најголемите државни заплени во Шпанија.

Според шпанските медиуми, операцијата е спроведена во регионот Кампо де Гибралтар, каде што криминалната група ја користела реката Гвадалкивир како главна влезна точка за дрогата. Кокаинот бил префрлан од морето со глисери до повеќе локации долж реката, со што се намалувал ризикот од полициско пресретнување и се олеснувала понатамошната дистрибуција.

Рации биле извршени во Малага, Кадиз и Севиља, при што биле запленети оружје, големи суми пари, компјутери, документација и значителни количини дрога. Истражителите наведуваат дека истрагата продолжува со цел следење на финансиските текови, идентификација на нови ќелии и реконструкција на врските меѓу различните гранки на организацијата. Во акцијата учествувале повеќе од 500 полицајци, а биле претресени 45 куќи и компании.

Шпанските власти соопштија дека меѓу уапсените има и водечки фигури на т.н. балкански картел. Безбедносните служби предупредуваат дека во последните месеци балканските криминални мрежи го прошируваат влијанието и преземаат контрола врз трансконтиненталните кокаински рути, потпирајќи се на директни контакти со производители во Колумбија, Перу и Еквадор и на сложени финансиски шеми за перење пари.

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека во Шпанија се уапсени српските државјани Б.Б. (62), Б.И. (49), М.Б. (26), М.Н. (28), С.С. (38), Р.М. (21), Д.П. (32) и Н.Т. (32). Според сомнежите, тие обезбедувале логистика и опрема за прием на кокаинот пристигнат од Колумбија, кој потоа бил складиран и дистрибуиран во координација со шпански криминални групи.

Шпанската Национална полиција објави и видео-снимки од претресите, на кои се гледаат дрога, оружје и снопови банкноти, како и обележја поврзани со криминалната мрежа.

Continue Reading

Балкан

Албанија ја зајакнува одбраната: пристигнаа првите „Џавелин“ противтенковски системи

Албанија ја опреми својата армија со противтенковскиот ракетен систем „Џавелин“, еден од најнапредните одбранбени системи што ги користат земјите-членки на НАТО. Првата пратка на овие системи веќе е примена, а втората се очекува во текот на 2026 година.

Министерот за одбрана Пиро Венгу истакна дека пристигнувањето на „Џавелин“ претставува значаен чекор во зајакнувањето на одбранбените капацитети на Албанија и зголемувањето на интероперабилноста со НАТО.

„Станува збор за реализација на поранешно барање, кое сега се материјализира со модерна противтенковска опрема од највисоки стандарди. Оваа испорака е дел од планиран процес, додека втората фаза се очекува следната година. Оваа билатерална соработка со САД ја опфаќа и Косово, што е од стратешко значење за регионалната безбедност“, рече Венгу.

Системот „Џавелин“ е клучен елемент за копнената одбрана, со висока ефикасност против оклопни возила и широкоприфатен во армиите на НАТО. Неговата набавка е реализирана преку програмата за продажба на странски воени оружја на САД, што ја потврдува тесната соработка помеѓу двете земји.

Овој потег значително ја зголемува способноста на албанските копнени сили да одговорат на модерни закани и да дејствуваат во согласност со стандардите на Алијансата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг