Connect with us

Македонија

МЕТЕОАЛАРМ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа голем снежен бран на Балканот и во Македонија, се очекуваат обилни снежни врнежи!

Под влијание на многу ладен циклон и низок воздушен притисок, секако поврзан со студена воздушна маса од север, а циклонскиот систем ќе биде со центар над Средоземјето, од утре попладне (20 Декември) па се до 24 Декември (Вторник) во Македонија ќе има пообилни врнежи, кои најпрво на пониските места ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег, каде снежната покривка на планините и на Скијачките центри значително ќе се зголеми, и таа до 24 Декември во вечерните часови локално ќе изнесува близу 100 сантиметри, особено на оние поголеми надморски височини, предупредува метеорологот Славчо Попоски.

„Поради веќе споменатиот продор на многу поладен воздух од север, од сабота, а особено во почетокот на следната седмица врнежи од снег ќе има во најголем дел од Македонија, и истите ќе бидат обилни, па така снежна покривка ќе се формира на многу пониски места (градови). Во источните предели ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, локално и повеќе, додека во западните предели таа ќе биде најголема и ќе биде со висина од 10 до 20 сантиметри, а понекаде  и над 30 сантиметри. Помала снежна покривка се очекува да се формира  и во Скопје и околината.

Сето ова ќе биде проследено со засилен повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).

Што се однесува до температурите, тие од овој викенд значително ќе опаднат, а дополнително опаѓање на температурите се очекува од понеделник па натаму и минималните температури на воздухот на многу места во Македонија ќе бидат под нулата, додека максималните температури исто така на многу места ќе се задржат до околу, понекаде и под нулата.

Да напоменам дека поради силниот ветер кој се очекува да дува, се очекува појава  и на снежни наноси, особено на повисоките  и на планинските места, како и на Скијачките центри.

Со оглед на ваквата временска состојба, доколку патувате кон планинските превои, препорачувам да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради очекуваните обилни снежни врнежи и големата снежна покривка која се очекува. Исто така Скијачите да не се оддалечуваат на поголеми надморски височини, за да не дојде до нивно исчезнување како што беше случајот пред неколку денови, кога неколку Скијачи за среќа беа успешно пронајдени на Скијачите центри поради нивното исчезнување.

Од овој голем снежен бран секако ќе биде зафатен најголем дел од регионот, вели Попоски.

Advertisement

Македонија

Загрижувачки бројки: Антибиотиците се препишуваат пречесто во Македонија

Повеќе од 45.000 граѓани дневно во Македонија користат антибиотици, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), што укажува на сериозен проблем со нивната прекумерна и несоодветна употреба. Антибиотиците, наместо како последна терапевтска опција, често се препишуваат како прв избор.

Според ФЗО, лани издавањето на антибиотикот „Сумамед“ е зголемено за 23 проценти, иако медицинските протоколи препорачуваат негова употреба само кога другите терапии не даваат резултат. Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, најави дека системот на е-рецепти треба да започне со примена во 2026 година, со што ќе се овозможи подобра контрола на индикациите и дозирањето на лековите.

Клековски посочи дека дигитализацијата ќе им помогне и на лекарите, кои често се под притисок од пациентите да препишуваат одредени лекови без јасна медицинска потреба. Истовремено, ФЗО се соочува со финансиски загуби поради злоупотреби, како лажни рецепти, фиктивни боледувања и неконтролирана болничка потрошувачка на лекови.

Надлежните предупредуваат дека прекумерната употреба на антибиотици директно придонесува за развој на антимикробна резистенција – појава на „супербактерии“ отпорни на лекување. Според податоците на СЗО, ваквата резистенција е поврзана со милиони смртни случаи на глобално ниво, додека во Европа секоја година над 35.000 луѓе умираат од инфекции со резистентни микроорганизми.

Со цел справување со проблемот, во 2025 година Македонија беше посетена од експерти на Европскиот центар за контрола и превенција на болести, кои работат на унапредување на системскиот пристап „One Health“. Сепак, експертите предупредуваат дека е-рецептот ќе даде резултати само доколку биде придружен со соодветна регулатива, едукација и промена на свеста кај пациентите дека антибиотикот не е брзо решение, туку терапија што се користи само кога е навистина неопходно.

Continue Reading

Македонија

Камерите на „Сејф Сити“ ќе имаат толеранција: Познати деталите за казнувањето

Толеранцијата при мерење на брзината кај камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде целосно усогласена со онаа што веќе се применува кај полициските радари, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Гостувајќи во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, Тошковски појасни дека ќе важи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч, 8 километри на час за брзини над 100 км/ч и 12 километри на час за брзини над 200 км/ч. Оваа толеранција, како што истакна, се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци и не важи во случаи кога е сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.

Министерот нагласи дека системот „Сејф Сити“ ќе ги процесуира и службените возила доколку тие не се користат во рамки на оправдани оперативни дејствија. Возилата на итната медицинска помош, пожарната, МВР и Министерството за одбрана нема да бидат предмет на санкции само доколку брзото возење е оправдано со нивната службена задача.

„Кога службените возила постапуваат во рамки на своето оперативно делување, нема да бидат санкционирани. Но, доколку нема оправдана причина за брзо возење, казните ќе важат и за нив“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека системот ќе изрекува казни исклучиво во случаи на нерегуларно управување со моторно возило, кога употребата на службеното возило не е во согласност со законските и оперативните правила.

Воведувањето на „Сејф Сити“ отвори и поширока јавна дебата за законските и практичните аспекти на системот, неговата ефикасност и дилемата дали мерката е пред сè насочена кон подобрување на безбедноста во сообраќајот или има и фискална димензија – тема што, според најавите, ќе остане актуелна и во наредниот период.

Continue Reading

Македонија

Наставници без факултет предавале во Ростуше, Велебрдо и Требиште

nastavnik

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 64-годишниот А.С. од село Ростуше, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Како директор на основно училиште во своето село, тој, според истрагата, овозможил вработување на наставници без потребните квалификации.

Според Државниот просветен инспекторат, кој на 19 септември 2025 година извршил инспекциски надзор, настава на учениците во Ростуше, Велебрдо и Требиште предавале лица кои не ги поседувале законски утврдените студиски квалификации. Ова, според законот за наставници и стручни соработници, ги прави неспособни да извршуваат наставни обврски.

Обвинението тврди дека директорот намерно ги злоупотребил своите овластувања, дозволувајќи на нестручен кадар да работи со ученици, што претставува сериозно кривично дело и може да има долгорочни последици врз образовниот процес во овие села.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг