Connect with us

Македонија

Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни адреси на Македонци

Published

on

Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја призна вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од Република Северна Македонија.

Истрагата утврди дека Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани , без тие всушност да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.

Во периодот 2016-2019 година, во селото Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани . Според истрагата, дел од регистрациите на адреси се вршени на непостоечки адреси, па дури и на празни полиња без достапни згради.

Иако голем дел од фиктивно пријавените македонски државјани веќе се одјавени од селото Рилци , проблемот со лажните адреси во регионот продолжува. Во соседното село Бело Поле се уште има повеќе од 10.000 македонски граѓани , кои мештаните никогаш не ги виделе.

Македонија

Муцунски: Продлабочување на економската соработка со Австралија

Published

on

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на својата работна посета на Австралија оствари средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија.

На средбата се разговараше за унапредување на економските релации, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент беше ставен на можностите за соработка во енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.

Муцунски пред претставниците на бизнис-заедницата ги претстави инвестициските поволности што ги нуди државата, нагласувајќи дека зајакнувањето на економските врски со Австралија останува еден од приоритетите во билатералните односи.

Continue Reading

Македонија

Познат датумот кога ќе проработат камерите – казните ќе доаѓаат на домашна адреса

Published

on

Од почетокот на наредната година камерите кои се поставуваат во Скопје и низ уште неколку градови ќе бидат целосно функционални и ќе почнат да испраќаат казни на домшана адреса.

„Јас сум убеден дека системот ќе стартува на 1 јануари 2026 година“ – рече Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за 360.

Системот е речи си поставен во главниот град, а Премиерот Мицкоски на последниот брифинг со новинарите не ја отфрли можноста во Скопје системот да проработи и пред Нова Година, со тоа што како што најави тој, во првата фаза на граѓаните дома ќе им пристигнуваат само опомени, додека по Нова Година би доаѓале казните.
Мицкоски рече дека станува збор за најсовремена опреа од израелски производител која дава широка лепеза на можности за казнување.

Во меѓувреме, во Собранието помина јавната расправа за измени на казнената политика во делот на безбедноста во сообраќајот, а експертската јавност побара построги казни за возачите.

Continue Reading

Македонија

Средба на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска.

На средбата, претседателката беше информирана за плодната соработка меѓу овој важен самостоен државен орган и лидерите на црквите, верските заедници и религиозните групи.

Трајковска и Сиљановска-Давкова ја потенцираа важноста на религиозниот соживот, заснован врз взаемна почит и соработка за градење хармонично и мирно општество.

Во функција на претстојните образовни реформи, директорката Трајковска изрази став дека со основните етички норми,  учениците треба да бидат запознаени од страна на одделенските наставници од прво до петто одделение. Таа предлага воведување на изборен предмет Етика во текот на четирите години, од шесто до деветто одделение, којшто ќе ја интегрира не само религиозната, туку и филозофската, социолошката, логичката, психолошката и етичката димензија. Според неа, предметот Етика би можеле да го предаваат и теолози.

Соговорничките укажаа на потребата од превенција, навремено сузбивање и санкционирање на верскиот радикализам.

На крајот, претседателката ја истакна исклучително важната и одговорна улога на Комисијата во уживањето на слободата на вероисповеста и овозможувањето правна еднаквост на религиозните субјекти.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк