Connect with us

Спорт

Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ

Published

on

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

По завршувањето на вонредно изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.

На состанокот, на предлог на Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.

Еден од великаните на македонскиот фудбал, Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Спорт

Браќата Атанасијевиќ – Симбол на Страст и Успех

Published

on

Браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, инспирирани од својот ракометен идол Никола Митревски, ја претставуваат вистинската приказна за сонување, посветеност и остварување на целите.

Од најрана возраст, со ракометна топка во рацете, го градеа својот пат кон успехот. Инспирирани од примерот на Никола Митревски, тие неуморно работеа и сонуваа. Денес, облечени во дресот на македонската ракометна репрезентација, ја покажуваат својата сила, докажувајќи дека со труд и страст – сè е возможно.

Оваа приказна не е само за спорт. Таа ја слави братската љубов, поддршката и заедничката визија за успех што ги водеше низ целиот пат.

Браво, Петар и Павле! Македонија се гордее со вас!

Continue Reading

Спорт

Ристовски: Отворен нов спортски центар во Кавадарци

Published

on

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска свечено го пуштија во употреба новиот спортски центар во средното општинско училиште „Киро Спанџов – Брко“. Овој проект е дел од стратегијата за развој на спортската инфраструктура во Македонија и обезбедува современ простор за младите спортисти.

„Ова не е само инвестиција во инфраструктурата, туку и во иднината на нашите млади. Кавадарци доби модерен спортски центар кој ќе овозможи подобри услови за тренинг и рекреација“, изјави Ристовски.

Новиот спортски центар содржи:

✅ Фудбалско игралиште со вештачка трева

✅ Кошаркарско игралиште со полипропиленски под

✅ Урбана опрема за спорт и рекреација

Градоначалникот Јанчев нагласи дека ваквите проекти се од големо значење за локалната заедница, особено за младите кои сега ќе имаат дополнителен мотив да се занимаваат со спорт.

Министерството за спорт продолжува со изградба на нови спортски објекти низ целата држава, со цел промоција на здрав живот и развој на спортските таленти. „Работиме посветено за спортот, за младите и за негување на спортските вредности“, порача Ристовски.

Continue Reading

Спорт

БИТОЛА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА НАТПРЕВАР НА МАКЕДОНСКАТА ЖЕНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Published

on

Соодветните услови во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде е обезбедено греење и можности за одржување на натпревари од репрезентативен карактер, повторно после седум години ќе овозможат Битола да биде домаќин на македонската репрезентација во ракомет.

Во октомври 2018 година, машката селекција играше и победи против Турција во квалификациите за ЕП 2020, а овојпат, Битола ќе ја пречека македонската женска репрезентација на 12 април на реванш средбата од баражот за Светското првенство во Холандија и Германија, меѓу женските репрезентации на Македонија и Полска.

Спортската сала „Боро Чурлевски“ е една од ретките во државата, надвор од Скопје, кои ги исполнуваат условите за репрезентативни дуели, што е резултат и на континуираната заложба на локалната самоуправа за создавање услови за поддршка на спортот и поттикнување на спортските резултати во градот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк