Connect with us

Македонија

СТУДЕНИОТ ВЕТЕР СЕ СПУШТА ОД СЕВЕР Снег е најавен низ поголем дел од земјата

Во Скопје, облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од – 1 до 4 степени.

Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно и студено време. Во текот на денот ќе има локален повремен снег, претежно во планинските делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, информираат од УХРМ.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 во Маврово до 3 во Гевгелија, а максималните дневни од – 2 во Маврово и 6 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје, облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од – 1 до 4 степени.

За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во среда нѐ очекува исто така променливо облачно и студено со повремен снег, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од – 4 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 7 степени.

Advertisement

Македонија

Ако не ги ажурирате бројот и имејлот – 100 евра глоба

Системот на евиденција во возачките дозволи и негативните поени, кој досега не беше целосно уреден, се прецизира со новите законски измени. Од 1 февруари следната година, секој возач што во рок од четири години трипати ќе добие правосилна забрана за управување возило од иста категорија, ќе остане без возачка дозвола. Судот ќе ја одземе дозволата, а прекршителот нема да смее повторно да полага возачки испит најмалку една година.

По одземањето на дозволата, судската одлука ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи, по што возачот ќе добие СМС-порака или известување по електронска пошта дека возачката дозвола му престанува да важи во рок од осум дена.

Забраната за управување возило, која ја определува судот, може да трае од еден месец до една година. Податоците за изречените мерки ќе им бидат достапни и на граничните служби. Доколку забраната е изречена на странец со странска возачка дозвола, тој нема да смее да управува возило на територијата на државата, а за тоа ќе биде известена и граничната полиција.

Измени се предвидени и во Законот за возила. Секој сопственик на возило, при промена на телефонски број или електронска пошта, ќе мора во рок од три дена да ги ажурира податоците во станицата за технички преглед. Непочитувањето на оваа обврска ќе се санкционира со глоба од 100 евра, а за правните лица се предвидени казни во зависност од нивната големина.

Со измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се воведува толеранција при мерењето на брзината, при што од измерената вредност задолжително ќе се одзема маргината на грешка на мерниот уред, без прецизирање на нејзината висина. Воедно, се забранува управување возило под дејство на опојни дроги и психотропни супстанции.

Новите правила носат и дополнителни обврски за автошколите, со што кандидатите за предавачи, инструктори, контролори и испитувачи на сообраќајни правила ќе мора да полагаат стручен испит пред комисија во МВР. Законот ги прецизира и зоните со смирен сообраќај, со воведување „зона училиште“ и „зона 30“.

Промени се направени и во Законот за извршување на санкциите, како и во Законот за полиција, со цел целосна примена на новиот систем за контрола и санкционирање во сообраќајот.

Continue Reading

Македонија

Внимавајте: Еве кои возачи ќе останат трајно без своите автомобили

Трајно и задолжително одземање на возилата за најтешките сообраќајни прекршители предвидуваат измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кои група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа во Собранието. Со законските измени се воведуваат значително построги санкции за возачи кои управуваат пребрзо, под дејство на алкохол или дроги, особено доколку станува збор за лица кои и претходно биле осудувани за кривични дела против безбедноста во сообраќајот.

Според предлогот, возилото задолжително ќе се одзема ако сторителот управувал со брзина поголема за најмалку 70 километри на час во населено место или 90 километри на час надвор од населено место, под услов возачот и претходно да бил осудуван за исто или слично кривично дело. Задолжително одземање се предвидува и доколку возилото е во сопственост на сторителот, а тој во моментот на делото немал право да управува со моторно возило.

Ако прекршокот е сторен со туѓо возило, истото ќе се одземе само доколку сопственикот знаел или бил должен да знае дека лицето кое управува нема право да вози.

Новина во законските решенија е и задолжителната забрана за управување со моторно возило, која ќе се изрекува во траење од шест месеци до 10 години. Дополнително, судот ќе може да изрече и престанок на важењето на возачката дозвола од определена категорија во период од една до 10 години, за време на кој сторителот нема да може повторно да стекне дозвола од истата категорија. Досега, ваквата забрана беше ограничена на максимум пет години.

Измените предвидуваат и затворска казна од три месеци до три години или парична казна за секој што ќе го загрози јавниот сообраќај со безобѕирно управување, односно возење со концентрација на алкохол над 1,5 промили, под дејство на дроги или психотропни супстанции, возење во спротивна насока, опасно претекнување, како и значително пречекорување на дозволената брзина. Со иста казна ќе се санкционираат и организаторите и учесниците во нелегални улични трки, како и лицата кои управуваат возило без положен возачки испит или без важечка возачка дозвола.

Во образложението на предлог-законот се наведува дека измените се резултат на сериозните предизвици со кои државата се соочува последните години во делот на сообраќајната безбедност, а како аргумент се наведуваат и компаративни искуства од Словенија и Австрија.

Предлагачите потенцираат дека законските измени се дел од поширок пакет мерки поврзани со проектот „Сејф сити“, чија цел е драстично намалување на тешките сообраќајни прекршоци и зголемување на безбедноста на патиштата.

Continue Reading

Македонија

По заминувањето на Коцевски, Советот на јавни обвинители ќе постави вршител на должност

Советот на јавни обвинители на седницата закажана во 11 часот денес, треба да именува вршител на должноста државен јавен обвинител, откако актуелниот обвинител Љупчо Коцевски пред два дена поднесе неотповиклива оставка. Назначувањето ќе се врши согласно член 25, став 3 од Законот за јавно обвинителство.

Оставката на Коцевски беше соопштена на прес-конференција, непосредно пред почетокот на собраниската седница на која, по предлог на Владата, требаше да се отвори расправа за негово разрешување. Со тој потег, тој практично ја пресече постапката што ја иницираше извршната власт.

Коцевски оцени дека станува збор за опасен преседан со долгорочни последици врз институционалниот поредок и уште еднаш потенцираше дека обидот за негово разрешување е мотивиран исклучиво од политички причини.

„Од самиот почеток тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука. Токму затоа денеска поднесов неотповиклива оставка“, изјави Коцевски на прес-конференцијата.

Од друга страна, Владата го оправда предлогот за негово разрешување со наводи дека Коцевски направил сериозни професионални пропусти и дека со своето работење го нарушил угледот на Јавното обвинителство.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг