На 23.12.2024 во 15.05 и во 15.40 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Џ.Џ.(25) и Б.Џ.(26), двајцата од с.Боговиње, постапувајќи по претходна пријава дека во 13.50 часот во с.Синичане , тетовско, физички ги нападнале Е.Ф.(23) и Л.Ф.(33) двајцата од с.Раковец, при што употребиле дрвен предмет. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.
