Connect with us

Македонија

„Зимска приказна“ како двигател на локалниот туризам во Битола

Published

on

Битола, позната по својата богата историја и културно наследство, во зимските месеци добива посебен шарм преку фестивалот „Зимска приказна“. Овој настан, кој се одржува за време на празничниот период, ја позиционира Битола како една од најатрактивните зимски туристички дестинации во регионот.

Зголемена посетеност на градот

Во текот на „Зимска приказна“, Битола е преплавена со посетители од цела Македонија и соседните земји. Широката палета на настани, вклучувајќи базари, концерти, уметнички инсталации и зимски спортови, создава единствена атмосфера која привлекува различни генерации. Главната пешачка улица, Широк Сокак, оживува со празнични светилки, штандови со рачно изработени производи и топли зимски напивки, што го прави градот магнет за туристи.

Според локалните тур-оператори, бројот на посетители значително се зголемува во текот на зимските празници, што ја става Битола во фокусот на зимските патувања.

Придонес кон локалната економија

Еден од најголемите придобивки на „Зимска приказна“ е значителниот економски придонес за локалната заедница. Ресторани и кафулиња забележуваат зголемен промет, особено благодарение на туристите кои доаѓаат да ги вкусат традиционалните битолски специјалитети. Хотелите и приватните сместувачки капацитети често се резервирани недели однапред, а локалните продавници и занаетчии остваруваат рекордни продажби.

„Зимска приказна“ не е само фестивал, туку вистински пример за тоа како една добро осмислена туристичка иницијатива може да го поттикне економскиот раст. Организаторите постојано вложуваат напори за подобрување на содржините, со цел секоја година да привлечат сѐ повеќе посетители и да ја истакнат Битола како зимска туристичка метропола.

Со својот уникатен концепт и позитивниот економски ефект, „Зимска приказна“ претставува инспирација за други градови како да го искористат туристичкиот потенцијал во текот на зимските месеци.

Македонија

Суштината од посетата на САД ќе се види во периодот што следи

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за МТВ од Њујорк беше запрашан дали поканата која ја добил за присуство на настанот од инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамнп во Вашингтон била добиена „по приватни канали“ и скапоплатена од специјализирана агенција, или пак ја добил официјално по иницијатива од САД. Вели поканата не е најважното нешто, туку инвестиции во Македонија кои таа посета ќе ги донесе. Според него допрва ќе бидат објавувани кои се бенифициите за земјата од посетата на САД.

-Видете јас ги следам случувањата дома, и тоа што го прави опозицијата за мене е разбирливо. Тие сакаат тема од оваа посета да биде поканата. Но, суштината од посетата ќе ја гледаат допрва во периодот што следи.

Факт е дека како и секоја церемонија на инаугурација на претседател на САД е да биде на истото место – прво во ротондата во самиот Конгрес, а вториот дел е таму кај што го држеше говорот претседателот Трамп во салата на Вашингтон Визардс, каде јас бев во апартманскиот дел. Тоа беше голема чест што присуствувам на тој настан, а се друго оставам на политичкиот фолклор, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека во ВИП-просторот го следел настанот заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, и со сопственикот на НБА-клубот Шарлот Хорнетс, кој како што рече тој, е милијардер кој се бавел со продажба на недвижнини.

Continue Reading

Македонија

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со гувернерката Ангеловска-Бежоска

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ја информираше за економските состојби и очекувања, согласно макроекономските проекции на Народната банка.

На средбата беше констатирано дека ценовната и финансиската стабилност се темелите на здравата економија, во која инвестициите и бизнисите можат да напредуваат и дека без нив економијата е чувствителна на шокови коишто го нарушуваат растот и ја намалуваат довербата на јавноста во финансиските системи. Во таа насока, беше истакнато дека преку политиките и мерките на Народната банка за задржување на ценовната и финансиската стабилност, се обезбедува одржлив економски раст.

Имајќи ја предвид клучната улога на Народната банка во заштитата на овие фундаменти, како суштински за создавање на стабилна и предвидлива средина за бизнисите, инвеститорите и домаќинствата, претседателката Сиљановска-Давкова изрази поддршка на нејзината посветеност за одржување на здрави монетарни и финансиски политики, отпорна економија и просперитетна иднина.

На средбата, гувернерката посочи дека просечната инфлација во 2024 година беше 3,5%, што е во согласност со проекциите на Народната банка, а се очекува намалување на околу 2,5% во 2025 година и враќање на историскиот просек од 2% на среден рок. Во однос на економскиот раст, се предвидува умерено забрзување, односно закрепнување на економската активност. Економијата ќе биде поддржана со кредитна активност, натамошно проширување на депозитната база и со стабилен банкарски систем. Сепак, поради постојните ризици од особена важност е да се водат внимателни макроекономски политики. Во таа насока, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка ќе продолжи со спроведување на добро осмислени политики, коишто ќе обезбедат долгорочна макроекономска стабилност и ќе гарантираат одржлив економски раст.

Соговорничките разменија мислења и за можните влијанија на глобалните економски случувања и геополитиката врз македонската економија, причините за чувствителноста на надворешни шокови, факторите што влијаат врз зголемување на странските директни инвестиции, како и за неопходните мерки за фискална консолидација.

Во разговорот беше изразено очекување дека Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија ќе има позитивно влијание врз економијата и спроведувањето на Реформската агенда на државата.

На крајот, гувернерката ја запозна претседателката Сиљановска-Давкова со нивните напори и заложби за што е можно побрзо вклучување на државата во Европската област за плаќања во евра (СЕПА) со цел зголемување на ефикасноста на плаќањата во еврa и натамошен развој и интегрирање во заедничкиот европски пазар.

Continue Reading

Македонија

Патник ограбил таксист, полицијата реагирала

Published

on

Полициски службеници од СВР Куманово утринава привеле 28-годишен жител на селото Отља, општина Липково, затоа што ограбил таксист.

„Тој се сомничи дека со закана со огнено оружје одзел пари од такси возач од Куманово, кој го превезувал од Куманово до с.Отља. Разбојникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.  

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк