Connect with us

Македонија

Тетовасот бара Владата огласите да ги објавува на онлајн медиумите, а не во весниците

Во време кога над 90 отсто од граѓаните се информираат по електронски пат и преку социјалните мрежи, зошто Владата објавува соопштенија во дневни весници кога се знае колку се читани весниците или треба да кажеме дека можеби има нула читања, прашува порталот Тетовасот во денешниот напис насловен како „Портпаролката Венера Азизи: Владата гради транспарентност која ќе создаде доверба“.  Обраќајќи ѝ се на владината портпаролка Венера Азизи, порталот пишува дека таа мора итно да се позанимава со ова прашање, „бидејќи доколку им се даде простор на онлајн медиумите да имаат корист од државата, тогаш ќе има поголем квалитет и независност, но и зголемување на работниците во онлајн медиумите“.

„Јавно ја повикуваме Венера да ја преиспита една од најскандалозните одлуки на претходната Влада, која важи и денес дека огласите мора да се објавуваат во дневен весник, одлука која го оштетува државниот буџет и не му служи на ниту еден граѓанин. Во време кога над 90 отсто од граѓаните се информираат по електронски пат и преку социјалните мрежи, зошто Владата објавува соопштенија во дневни весници кога се знае колку се читани весниците или треба да кажеме дека можеби има нула читања. Тогаш каде е интересот на Владата да потроши милиони евра за услуга што граѓаните не ја добиваат“, пишува Тетовасот.

Од порталот сметаат дека Азизи мора итно да се позанимава со ова прашање, бидејќи, како што пишуваат, доколку се даде простор на онлајн медиумите да имаат корист од државата, тогаш ќе има поголем квалитет и независност, но и зголемување на работниците во онлајн медиумите.

„Па, тие милиони евра да ги поделиме на сите онлајн медиуми на албански јазик, зошто да зема само весникот Коха? Каква е оваа страшна монополизација во оваа држава? Каде е дигитализацијата на медиумите? Каде е поддршката за медиумите на транспарентен начин? Така што веруваме дека Венера сериозно ќе ја сфати оваа иницијатива и ќе ја истера до крај со помош на вицепремиерот Изет Меџити и министерот за здравство Арбен Таравари. Очекуваме добар пат во оваа насока. Инаку нема ЕУ“, пишува Тетовасот.

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг