Connect with us

Инфо +

Сиљановска Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024 година на авторите Методи Хаџи-Андов, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев и Димитар Стефановски, од проектантското биро „Параметар студио“, за проектот Мултинаменски комплекс во општина Петровец, Скопје.

Големата годишна награда традиционално ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на претседателот на Републиката.

Сиљановска-Давкова, како што информира претседателскиот кабинет, истакна дека Асоцијацијата е предводник во архитектурата, но и во одбраната на професионалните вредности и промоцијата на македонската архитектура, вклучувајќи ја и македонската современа архитектура на светската сцена.

– За мене, архитектурата е стремеж да се достигне нешто високо, убаво, естетско и не само во духовна смисла и во филозофска смисла, но и во градителска смисла, но мислам дека најважното е што таа трага по одговори на основните човекови потреби и слободи. За мене, вие, архитектите сте креативците кои го одбележуваат духот, традицијата, трендот и влегуваат во историјата, во епохата, па и во милениумите и стануваат дел од националната, регионалната, но и светската културна ризница. Јас верувам дека тоа воопшто не е мала или едноставна работа и дека е симбиоза, спој на многу елементи. Знам дека вие трагате и се стремите кон совршенство, знам дека сакате да ја споите природата со човекот и неговото место, се разбира, во секојдневниот живот, изјави Сиљановска-Давкова.

Кабинет на претседател

Според неа, оваа награда, верувам дека, не само што е вивисекција на вашите архитектонските остварување во период од една година, што секако е кус период за дефинитивен став или критика, но е сигурно индикатор за да видиме каде сме успешни, кои се трендовите, какви сме во однос на другите, а тоа вие самите самоктирично ги проценувате. И да не заборавиме, како што рече, македонската архитектура има длабоки темели и може да се пофали со градби кои се дел и од светското наследство.

– Македонските архитекти и архитектурата имаат длабоко наследство и оставнина која многумина ја почитуваат, како што е тоа на пример Меѓународната академија за архитектура која истакнува дека ние имаме повеќе истакнати архитекти, но не само во дизајн или градба, туку и како професори. Тоа значи и школа, наш стил. И по нашата извонредност во градбата треба да бидеме препознатливи и во иднина, а секако не по урбанистичките ловци на профити, занемарувајќи ги човечките потреби, оставјаќи хаос и неодржливи градови или станбени блокови во кои секојдневието е барикадирано со архитектонски пречки, подвлече Сиљановска-Давкова

Денешнава награда, како што напомена, потврдува дека имаме блескави архитекти и архитектура, и токму тие треба да бидат пример како да се однесуваме понатаму.

– Да пронајдеме одговор за грешките, да ги примениме принципите на хуманизмот во архитектурата, да се вратиме на македонската мера, на нашиот златен пресек. Тоа значи и почитување на основните човекови права. Ако се потсетиме на Едгар Морено, ќе истакнеме дека и архитектите се втмелени и го креираат духот на времето, но не само како гола фраза или кич производ, туку како суштина во која е обмислена човечноста, потенцира претседателката.

Advertisement

Свет

Дедо Мразовци ограбија маркет во Монтреал и дел од храната ја дадоа на сиромашните

Група активисти во Монтреал во понеделникот ограбија маркет, а подоцна дел од храната ја поделија на сиромашните, објави The Guardian. Акцијата ја спровела групата Robins des Ruelles, која ја претстави како „Робин Худ“ иницијатива, со цел да привлече внимание на сè поголемата криза и високите трошоци за живот, кои ги прават основните намирници недостапни за обичните Канаѓани.

Во соопштението објавено под наслов „Кога гладот ги оправдува средствата“, членовите на групата нагласиле дека храната ќе биде дистрибуирана на оние кои најмногу имаат потреба. „Работиме сè понапорно за да можеме да купуваме храна од синџири супермаркети кои ја користат инфлацијата за да остварат рекордни профити. Неколку компании држат наши основни потреби како заложници“, се наведува во соопштението.

Метро, сопственик на осум големи брендови за храна во Онтарио и Квебек, ја осуди кражбата како кривично дело и нагласи дека цените на полиците директно одразуваат трошоците на синџирот на снабдување. Портпаролката Женевјев Грегоар додаде дека во 2025 година компанијата донирала 1,15 милиони долари и повеќе од 81 милион долари во храна за локалните банки за храна.

Полицијата потврди дека случајот се истражува, но досега нема апсени. Во вторникот вечерта, групата оставила дел од храната на јавен плоштад под елката, додека остатокот ќе биде дистрибуиран преку локалните банки за храна. На крајот, тие порачаа: „Не заборавајте – гладот ги оправдува средствата. Среќен Божиќ!“

Continue Reading

Балкан

Антивладин протест ескалира во Тирана, има повредени

Илјадници демонстранти од цела Албанија се собраа во Тирана на антивладин протест организиран од главната опозициска Демократска партија. Инцидентите и тензиите ескалираа пред зградата на владата на булеварот Deshmoret e Kombit.

Организаторите бараат оставка од премиерот Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балука, која е и министерка за инфраструктура и енергетика. Опозицијата ги поврзува протестите со случаи на корупција, истакнувајќи дека Балука е обвинета за кршење на рамноправноста на учесниците во тендери и јавни аукции. Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) побара од парламентот да го одземе нејзиниот пратенички имунитет за да се овозможи нејзино апсење.

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша, се обрати на толпата, велејќи дека опозицијата останува решена да ја „спаси Албанија“ и ги повика сите опозициски сили да се обединат во борбата против власта.

По неговиот говор, демонстрантите се судрија со полицијата, а неколку молотови коктели беа фрлени кон владината зграда, предизвикувајќи пожар на надворешната страна. Во немирите беа повредени неколку лица.

Демократската партија и другите опозициски партии најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните недели.

Continue Reading

Свет

Украинските единици се повлекоа од Северск

Украинските сили се повлекоа од населбата Северск во регионот Донецк за да ги зачуваат животите на војниците и борбената способност на единиците, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. Градот сè уште останува под контрола на украинските трупи.

„Тешките борби продолжуваат во Северск. Руските сили имаат значителна предност во човечка сила и опрема и, и покрај големите загуби, продолжуваат со активните офанзивни операции“, се наведува во соопштението на Генералштабот.

Украинските одбранбени сили успеале да го исцрпат непријателот за време на борбите, при што секој метар од градот бил одбранет по висока цена. Русите напредувале благодарение на бројната предност и постојаниот притисок од мали напаѓачки групи во тешки временски услови.

Сепак, украинските трупи го држат градот под огнена контрола, блокирајќи ги непријателските единици и прекинувајќи ја нивната логистика, со цел да се спречи понатамошно напредување.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за целосното предавање на Северск под контрола на руските вооружени сили.

Северск е клучна точка за украинските одбранбени линии, бидејќи неговото ослободување овозможува на руските трупи да напредуваат кон агломерацијата Славјанск-Краматорск и да ја олеснат офанзивата во областа Костјантинивка, која заедно со Дружковка, Краматорск и Славјанск го формира главниот одбранбен фронт на Украина во регионот Донецк.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг