Connect with us

Македонија

Фетаи: Обвинителството има законска ОБВРСКА ДА ГО ПОВИКА АЛИ АХМЕТИ НА РАСПИТ

Published

on

Вицепремиерот Арбен Фетаи вели дека Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи овој во изјава за јавноста кажа дека знаел за локацијата на Артан Груби.

Според Фетаи, обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети.

“Али Ахмети изјави дека има сознанија за локацијата на Артан Груби, по кого има меѓународна потерница. Јавното обвинителство, врз основа на оваа јавна изјава, има законска обврска да го повика г. Али Ахмети да го праша каде се наоѓа лицето кое го гони правдата на државата“, напиша Фетаи.

Инаку, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вели дека Артан Груби не е во бегство, бидејќи се наоѓа на албанска територија, давајќи му етничка конотација на бегството на поранешниот втор човек на партијата. Ахмети вети дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на прогонот, „но правдата не смее да биде одмаздничка и селективна“.

“Господинот Груби, според информациите што ги имам, не сум го сретнал, но е во ред. Неговата локација е секако на албанска територија, тоа е процес на кој мора да има епилог. Тој не побегнал од Македонија, подготвен е да се појави пред органите на правдата за да ги почитува законите, но не во одмазничка и селективна правда“, вели Ахмети.

Македонија

ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Ноќеска и рано наутро осум лица во Хрватска и во Романија, можно е и во Словенија, Унгарија и Австрија

Published

on

Објавата на директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, на неговиот фејсбук профил, ви ја пренесуваме во целост:

“Згрижени над 140 настрадани

Денес се згрижени над 140 настрадани. Во земјава се 90 повредени и тоа Клинички центар 20, ГОБ 8 септември 20, Св. Наум Охридски 21, КБ Штип 20, ОБ Кочани 7, Токсикологија 2. Има пациенти и во Аџибадем Систина и Жан Митрев.

Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4.

Има можности за Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица.

Од раните утрински часови во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР. Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија.

Сите, сите повредени се згрижени најдобро што можеме!”, стои во објавата на Сашо Клековски на социјалната мрежа Фејсбук.

Continue Reading

Македонија

Ребека: Состојбата на Панчо е влошена, моментално е на апарати

Published

on

Драги и почитувани пријатели,
Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части,а имаше 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец,патриот,хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа,а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.
Панчо мил,Те молам не се предавај!!!!
Владимир е во Систина префрлен вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е.
Јавува на социјалните мрежи пејачката Ребека.

Continue Reading

Македонија

Селами: Од дискотеката во Кочани не постои барање за елаборат што го издава ДЗС

Published

on

За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами во изјава за телевизија „Сител“ вели дека во документацијата што ја имаат за овој објект не постои барање за елаборат.

-Ја разгледуваме целата документација за објектот. Имаме информација дека е изграден во 1999 година, а е легализиран во 2005 година и досега не увидовме дека постои нивно барање за елаборат, изјави Селами.

Селами појаснува дека согласно законот секој објект треба да поседува опрема за заштита од пожари. Двајца инспектори од оваа институција соработуваат со останатите за да се увидат точните причини за избувнување на пожарот.

Во пожарот во Кочани, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк