Connect with us

Македонија

МЖСПП: Како никогаш досега сме сериозно посветени на решавање на проблемот со аерозагадувањето

Заштитата на животната средина, а особено справување со повеќедеценискиот проблем со лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во повеќе градови и населени места во државата е висок приоритет во агендата на Владата. Со голема посветеност и сериозност, уште пред стартувањето на грејната сезона кога редовно се забележуваат повисоки концентрации на загадувачки супстанции во воздухот, пристапено е кон темелно и прецизно проектирање, развивање и имплементација на решенија за надминување на овој проблем, за кој граѓаните изминативе години покажаа висока загриженост, посочуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

-Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, после пет години вакум (првата и последна Програма и План се изработени за 2019 година) изработија плански документ „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“ во кој се наведени програмските цели и проектни пакети со кои се таргетира намалување на емисијата на цврсти честички во градовите во државата. Програмата е темелна, прецизна и соодветна на конкретните услови и можности. Таа содржи осум сегменти и за секој од нив се предвидени и испланирани проекти и што е од особена важност зададен е рок во кој ќе се почне реализацијата, период во кој таа треба да биде завршена, како и одговорни институции кои ќе бидат задолжени да се стигне до очекуваните резултати, соопшти МЖСПП.

Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање со оваа Планска програма, се вели во соопштението, обезбедија отворена соработка и институционалната координација на сите нивоа, централно и локално ниво, како клучен елемент за исполнување на програмските цели и проектните активности.

-Врз основа на стручна анализа на причинителите на аерозагадувањето и анализа на проектите за решавање на дел од проблемот во урбаните средини проектирани се степени на реализација, финансиска и временска рамка и надлежни институции. Во Програмскиот пакет се опфатени главните области што влијаат на квалитетот на воздухот: енергетика, индустријата, транспортот, земјоделство и шумарство итн., се прецизира во соопштението.

Покрај конкретни активности што опфаќаат делување на широк спектар на детектирани извори на загадување на различни нивоа, како што велат, предвидени се и потребните законски измени што ќе ја олеснат имплементацијата и контролата. Исто така, предвидена е и поддршка на локалните самоуправи во изработка на потребните локални планови за справување со аерозагадувањето.

-Во буџетот за 2025 година предвидено е поставување на уште една мониторинг станица за мерење на квалитетот на воздухот во Штип, со што Државниот мониторинг систем ќе брои 23 стационирани мониторинг станици и една мобилна. Когенеративни гасни централи, квалитетно огревно дрво, греење без емисија – топлински пумпи, високоефикасни котли, контрола на емисија од домаќинствата, комунална редарска служба – комунална полиција, намалување на емисијата на честички од јавни објекти, државата не загадува – водиме со пример, планирање на идните емисии, институт за квалитет на амбиентален воздух, намалување на емисијата на честички од индустриските процеси, закон за индустриски емисии, инспекциски надзор во животна средина, палење на недозволени горливи материјали, стоп за палење на ниви и стрништа, регионални центри за управување со отпад, зеленило и шуми, стоп за шумски пожари, 40 милиони нови садници, емисии од транспорт, јавна флота без директни емисии – водиме со пример, такси без директни емисии, европски технички преглед за возилата, управување со емисиите, контрола и управување со емисиите, зголемување на капацитетите за мерење, се дел од предвидените проекти што јасно покажуваат дека како никогаш досега посветено и сериозно се работи на решавање на овој повеќедецениски проблем, потенцираат од МЖСПП.

Advertisement

Македонија

Продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во „Пулс“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се очекува ново рочиште за трагичниот пожар што ја погоди дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На дневен ред се воведните зборови на одбраната на Александар Нацев, кого обвинителството го смета за неформален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, како и на правните лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани и „Рубикон секјурити солушнс“.

На претходното рочиште обвинителот Борче Јанев потенцираше дека судењето е повеќе од обид за казнување – тоа е чекор кон јавното соочување со институционалната одговорност. „Пожарот не е само последица на пиротехника, туку резултат на години системски пропусти, молчење и недостаток на контрола“, рече Јанев, додавајќи дека клубот бил претворен во „смртоносна стапица“.

Сите обвинети досега негираа вина за „тешки дела против општата сигурност“. Дел од нив преку адвокатите изразија сочувство до семејствата на жртвите, но упорно тврдеа дека трагедијата е последица на институционални пропусти, а не нивна лична одговорност.

Сопственикот на клубот, Дејан Јованов, кој девет месеци е во притвор, рече дека сè уште не може да поверува во трагедијата и дека никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син Михаил Јованов тврди дека против него нема докази. Одбраните на другите обвинети – вклучително поранешни функционери и инспектори – посочија дека постапувале согласно законот и дека немале надлежност или можност да го спречат пожарот.

Според обвинението, дискотеката „Пулс“ со години работела незаконски – со над дозволениот број посетители, без соодветни дозволи и без систем за противпожарна заштита. Пожарот, кој избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“, се претвори во најсмртоносната трагедија од ваков вид во земјата, оставајќи длабоки рани кај семејствата на жртвите и во целото општество.

Continue Reading

Македонија

Силни врнежи од дожд и снег го најавуваат вистинското зимско време за празниците

Денеска Македонија е под влијание на нестабилна временска прогноза. Облачното небо ќе донесе повремени врнежи од дожд, особено во источните делови каде се очекуваат пообилни количини, локално над 25 литри на метар квадратен. Планинските предели ќе бидат побелени со снег, а слаб до умерен јужен ветер ќе го движи воздухот.

Во Скопје денот ќе биде облачен, со повремени дождови и слаб југоисточен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, со локални врнежи, најчесто во источните региони. На повисоките места и планините дождот ќе се претвора во снег. Попладне времето ќе се стабилизира, а ветерот ќе се смени во слаб до умерен северен. Главниот град ќе го доживее утрото со краткотраен дожд, но подоцна облаците ќе се расчистат.

Скијачките центри веќе се покриени со снежна покривка, која ќе се зголемува во наредните денови благодарение на врнежите од снег. Метеоролозите предупредуваат дека околу и по Нова година Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од вистинска зимска офанзива – пообилен снег, пониски температури и вистински зимски услови за сите љубители на студените денови.

Continue Reading

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг