Connect with us

Македонија

Во Штип продадени 270 станови, од кои 135 се нова градба

Расте побаравачката за купување на станови во Штип. Во текот на 2024 година продадени се вклупно 270 станови во згради за колективно домување, покажуваат податоците на Општина Штип.

Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип вели дека 270 станови кои се продадени, од нив 135 се нови станови и според договорите цената на новите станови се движи од 800 евра за метар квадратен, а највисоката достигнува и од 1380 евра за метар квадратен. По сите основи, од сите имоти, од данок на промет општината има инкасирано 1 250 000 евра.

За разлика од претходните години кога станови купуваа и граѓани од Турција, годинава во главно се работи за домашни инвеститори, поточно, локални купувачи. Во моментот во градба се околу 200 станови, кои догодина треба да се евидентираат во даночното одделение.

Лазар Хаџи Николов раководител на Секторот за урбанизам во Општина Штип, вели за изградба на куќи, општината на јавна лицитација продаде десет градежни парцели во приградската населба Три Чешми.

-Бидејќи се покажа дека граѓаните, јавноста, има интерес да инвестираат во овој дел од градот, ние како Општина, веќе и во самата Програма за отуѓување на градежно земјиште имаме предвидено отуѓување и на други градежни парцели за оваа намена кои се наоѓаат во истиот плански опфат, изјави Хаџи-Николов.

Втора локација на која граѓаните ќе можат да градат куќи за индивидуално домување е помеѓу населбите Сењак и Баби.

„Во Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година, која е веќе донесена од страна на Советот на општината, се предвидени вкупно 44 изработки на плански решенија“, рече Хаџи-Николов.

Посочува дека дел од нив се финасирани од страна на заинтересирани приватни инвеститори, а остатокот од буџетот на општината.

Advertisement

Македонија

Продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во „Пулс“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се очекува ново рочиште за трагичниот пожар што ја погоди дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На дневен ред се воведните зборови на одбраната на Александар Нацев, кого обвинителството го смета за неформален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, како и на правните лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани и „Рубикон секјурити солушнс“.

На претходното рочиште обвинителот Борче Јанев потенцираше дека судењето е повеќе од обид за казнување – тоа е чекор кон јавното соочување со институционалната одговорност. „Пожарот не е само последица на пиротехника, туку резултат на години системски пропусти, молчење и недостаток на контрола“, рече Јанев, додавајќи дека клубот бил претворен во „смртоносна стапица“.

Сите обвинети досега негираа вина за „тешки дела против општата сигурност“. Дел од нив преку адвокатите изразија сочувство до семејствата на жртвите, но упорно тврдеа дека трагедијата е последица на институционални пропусти, а не нивна лична одговорност.

Сопственикот на клубот, Дејан Јованов, кој девет месеци е во притвор, рече дека сè уште не може да поверува во трагедијата и дека никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син Михаил Јованов тврди дека против него нема докази. Одбраните на другите обвинети – вклучително поранешни функционери и инспектори – посочија дека постапувале согласно законот и дека немале надлежност или можност да го спречат пожарот.

Според обвинението, дискотеката „Пулс“ со години работела незаконски – со над дозволениот број посетители, без соодветни дозволи и без систем за противпожарна заштита. Пожарот, кој избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“, се претвори во најсмртоносната трагедија од ваков вид во земјата, оставајќи длабоки рани кај семејствата на жртвите и во целото општество.

Continue Reading

Македонија

Силни врнежи од дожд и снег го најавуваат вистинското зимско време за празниците

Денеска Македонија е под влијание на нестабилна временска прогноза. Облачното небо ќе донесе повремени врнежи од дожд, особено во источните делови каде се очекуваат пообилни количини, локално над 25 литри на метар квадратен. Планинските предели ќе бидат побелени со снег, а слаб до умерен јужен ветер ќе го движи воздухот.

Во Скопје денот ќе биде облачен, со повремени дождови и слаб југоисточен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, со локални врнежи, најчесто во источните региони. На повисоките места и планините дождот ќе се претвора во снег. Попладне времето ќе се стабилизира, а ветерот ќе се смени во слаб до умерен северен. Главниот град ќе го доживее утрото со краткотраен дожд, но подоцна облаците ќе се расчистат.

Скијачките центри веќе се покриени со снежна покривка, која ќе се зголемува во наредните денови благодарение на врнежите од снег. Метеоролозите предупредуваат дека околу и по Нова година Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од вистинска зимска офанзива – пообилен снег, пониски температури и вистински зимски услови за сите љубители на студените денови.

Continue Reading

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг