Connect with us

Македонија

„ЗИМСКА ПРИКАЗНА“ ГО ОСВОЈУВА БИТОЛА СО НЕВЕРОЈАТНА ПРОГРАМА И ГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ

Published

on

„Зимската приказна“ стана магнет за посетители и епицентар на културните случувања во Битола, привлекувајќи огромен број граѓани и гости со својата извонредна програма. Вчерашниот ден беше уште еден доказ за успешната реализација на настаните, кои не само што ја разубавуваат зимската атмосфера, туку и го збогатуваат градскиот дух.

Етно поп дуото „Некст Тајм“ приреди незаборавен концерт, оживувајќи македонски песни во нивен стил, додека публиката пееше заедно со нив, создавајќи енергична и емотивна атмосфера. Настапите на ТК „Данза Есперанза“, „Kangoo power performance“, „The Groove“ и „Sinful Glare band“ ја збогатија вечерната програма, трансформирајќи го Платото пред Офицерскиот дом во сцена на радост и забава.

Денес, „Зимската приказна“ продолжува со богата програма која ги опфаќа сите делови од центарот на Битола – од Старата чаршија, преку лизгалиштето на Плоштадот Магнолија, до вечерните концерти на Платото. Вечерва ќе настапат „Еликсир бенд“, „Чоканче“ и „Паркети“, ветувајќи уште една вечер полна со енергија и незаборавни моменти.

Целата програма, која трае до 6 јануари, можете да ја пронајдете на bitola.gov.mk и https://www.zimskaprikazna.mk/. Не ја пропуштајте магијата што ја носи „Зимската приказна“!

Македонија

Зошто македонските адвокати молчат? Српските адвокати на штрајк против пристрасноста во судството!

Published

on

Додека адвокатите во Србија прогласија 30-дневен прекин на работата барајќи смена на водечките луѓе во обвинителствата и судството поради пристрасност, во Македонија ваков потег останува незамислив.

Српската Адвокатска комора достави официјално барање за промени во правосудниот систем и разрешување на сите членови на судските и јавно-обвинителските републички совети, аргументирајќи дека мора да се врати законитоста во постапките. Овој чекор, кој силно одекна во регионот, ја отвора дилемата: зошто македонските адвокати не преземаат слична иницијатива, иако правосудството во земјава постојано е мета на критики за политички влијанија и неправилности?

Адвокатите во Србија испратија порака дека нема да дозволат компромис со правдата. Но, дали македонската адвокатска заедница ќе остане нем набљудувач, или конечно ќе заземе активна улога во борбата за праведен правосуден систем?

Како што коментира адвокатот Владимир Туфегџиќ: „Едно е сигурно, ова кај нас нема да се случи никогаш.“ Но, дали навистина треба да биде така?

Continue Reading

Македонија

Нови приведени од РЕК „Битола“ за случајот „Адитив“ – замрзнати 22 милиони денари и возило

Published

on

Осум лица од Битола, Кичево и Велес денеска (3 февруари) се приведени, а извршен е и претрес на една локација во Велес во рамките на истражната постапка за предметот „Адитив“ со што е проширена постапката под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои постапуваат во предметот, информира Јавното обвинителство.

„Како резултат на обезбедениот доказен материјал, донесена е уште една наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека три лица опфатени со претходната истрага сториле и кривично дело „перење пари“ и други приноси од казниво дело. За истото дело се осомничени и уште пет други лица од кои првоосомничената се товари и за кривично дело „злосторничко здружување“. На три лица опфатени со истражната постапка им се става на товар дека ја злоупотребиле службената положба и овластување. Воедно, во предметот покрај досегашните четири кривично одговорни правни лица опфатено е уште едно правно лице чиј сопственик и управител е првоосомничената“, соопшти ОЈО.

Ценејќи дека се исполнети условите, се вели во соопштението, Обвинителството до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе предложи мерка притвор против првоосомничената и мерки на претпазливост за останатите осум осомничени, додека за тројцата осомничени за кои веќе се води истражна постапка остануваат претходно изречените мерки за обезбедување на присуство.

Во меѓувреме, на предлог на Обвинителството дополнително се замрзнати 22.399.953 денари и едно патничко моторно возило во вредност од 4.735.000 денари.

Истрагата за предметот „Адитив“ започна на 10 декември лани и со него се опфатени 23 физички лица и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај.

Основниот кривичен суд Скопје му одреди притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и на уште седум лица осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а исто така осомничен во предметот Адитив.

Извор slobodnaevropa

Continue Reading

Македонија

Кочоска Димитриеска: Продолжуваме со зајакнување на соработката со Холандија

Published

on

Министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска, оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија, Н.Е. Озлем Џанел.

На средбата беше нагласена важноста на билатералната соработка меѓу двете држави, со фокус на зајакнување на институционалните врски и работа на заеднички проекти и програми.

„Изразив голема благодарност за досегашната поддршка што ја добиваме на нашиот европски пат. Продолжуваме со зајакнување на партнерството во повеќе клучни области,“ истакна Кочоска Димитриеска.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк