Connect with us

Македонија

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

Published

on

Сопствениците и менаџери на БРАКО, Кочо Анѓушев и Благој Шалев, предновогодишно ги посетија производните погони во фабриката и на сите работници им посакаа среќни празници и  добро здравје во новата 2025г, лична и семејна среќа, заеднички деловен успех и нов елан на работните места за новите проекти на БРАКО.

Фабриката БРАКО ја заврши 2024г со позитивни резултати, и покрај економската криза во Европа која погоди дел од западноевропските клиенти на БРАКО, како и кризата со производството на жица предизвикана, пред се, од војната во Украина, која беше извор на евтина суровина, и европските економски санкции кон трети држави.

Од друга страна, во 2024г БРАКО успеа значајно да го зголеми производството и продажбата на возилата за чистење Грин Машинс, да одржи стабилно производство на медицински мебел за странски брендови, и да произведува автоматизирани машини за клиенти од развиените земји.

2025г се очекува да донесе ширење на производите на БРАКО на светскиот пазар, но и борба за зголемување на вкупниот македонски извоз, како клучна основа за економски развој на нашата држава, а со тоа и поголем стандард за нашите граѓани.

Македонија

Коњановски: Битола и Клиничката болница се подготвени да помогнат со сите свои капацитети

Published

on

Со голема тага утрово ја примив веста за трагичната несреќа која го потресе Кочани, но и цела Македонија. Ова е тежок ден за сите нас, за секој граѓанин на нашата држава, а најмногу за семејствата на загинатите.

Болката по младите животи е огромна, загубата ненадоместлива.

Во овие тажни моменти, изразувам искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најмили. 

На повредените им посакувам брзо закрепнување. 

Општина Битола и Клиничката болница од нашиот град се подготвени да излезат во пресрет на евентуални дополнителни потреби од згрижување или друг специјалистички третман кај повредените. Контактите со здравствените институции и локалната самоуправа во Кочани, се веќе воспоставени и стоиме на располагање за помош со сите наши ресурси.

Во овие тешки денови, солидарноста, хуманоста, сплотеноста и меѓусебната поддршка ни се неопходни. Да помогнеме колку што можеме!

Continue Reading

Македонија

Земјотрес во Македонија, ова се деталите

Published

on

Елеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани низ нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, во 04:13 часот, регистрираше земјотрес.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето на Валандово, на 125 км југоисточно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда ML3.6.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Валандово и Струмица, како и во околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Continue Reading

Македонија

Студенти по медицина се самоорганизираат за помагање на настраданите во дискотеката во Кочани

Published

on

Студенти по медицина се самоорганизираа да помагаат околу настраданите од трагичниот настан во Кочани.

Дијана Кока Џемаили, кординатор на четврта година по општа медицина при Медицинскиот факултет во Скопје истакна дека студенти се самоорганизирале да помагаат за што и да имаат потреба болниците.

– Ние студентите од медицина се самоорганизиравме уште веднаш наутро кога слушнавме за немилиот настан. Најпрвин се упативме кон хируршките клиники да прашаме дали таму имаат потреба од помош на било каков начин да помогнеме. Потоа се упативме за Трансфузиологија да видиме таму имаат некаква потреба од крв или слично. И сега дојдовме во Градска болница да се понудиме за помош. Ова е самоорганизација на студентите. Ние сме отворени за помош, рече студентката.

Таа нагласи дека со целото Студентско собрание веќе разговарале да организираат крводарителски акции и се што е потребно.

МИА

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк