Connect with us

Македонија

И Стејт департментот ќе го обвинат ли за политички прогон на Груби?

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера косовските медиуми, изјавил дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава само ако нема одмаздничка и селективна правда.

– Се надевам дека ова допира до Обвинителството и има правна процедура во којашто ако имаме личност која знае каде се наоѓа бегалец од законот дека ќе ја повика таа личност и таа ќе даде одговор на прашањето каде се наоѓа бегалецот од правдата. За се останато можам да дадам коментар дека на секого во државата му е јасно како се поставуваа обвинители и судии изминативе седум години. Истите тие без кои не можеше да помине квалификацијата преку Акадијата на судии и јавни обвинители, сега велат дека правдата некому му била оневозможена и дека ова било политички прогон. Да потсетам – именуваното лице бегалец се наоѓа на листата на санкции на САД и таму јавно велат дека ова лице заедно со едно друго се поврзуваат со големи коруптивни скандали. Претпоставувам дека нема да го обвинат и Стејт депарментот дека прави политички прогон, изјави денеска Мицкоски.

Според премиерот, најлесен начин да се докаже дали некој е виновен или не, е да дојде, да даде исказ и да се соочи со правдата.

– Нема ништо лошо во тоа да дојдеш и да кажеш дали си во право или не, а обвинителите и судиите да одлучат понатаму што и како. Ние не се мешаме, тие нека одлучат врз основа на доказите што ќе ги добијат од истрагата, рече Мицкоски.

Од републичкото Јавно обвинителство денеска излегоа со информација дека за Груби е распишана национална и меѓународна потерница и дека домашните и меѓународните органи задолжени за извршување на тие наредби имаат овластување да ги преземат сите неопходни мерки вклучително и да повикаат други лица доколку тие имаат сознанија каде се наоѓа осомничениот.

Македонија

Верижен судир на 5 автомобили во Хиподром (ВИДЕО)

Published

on

Синоќа во населбата Хиподром се случи верижен судир во кој учествуваа пет автомобили.

Според очевидци, инцидентот настанал поради неприлагодена брзина и лизгав коловоз.

За среќа, нема информации за потешко повредени, но е причинета значителна материјална штета.

Од настанот постои и видео, кое сведочи за сериозноста на судирот.

Continue Reading

Македонија

Жолт аларм во Македонија: Од утре обилен снег, но и силен ветер, ова се деталите

Published

on

Утре се очекува брз продор на студена воздушна маса од север, што ќе донесе значителна промена во времето.

Ќе преовладува облачно време со дожд, а на повисоките места дождот ќе се прелее во снег. На планините ќе има врнежи од снег, при што се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 см.

Ќе дува силен северен ветер (над 70 км/ч), а температурите значително ќе опаднат.

Во понеделник, со продолжениот засилен северен ветер, на некои места ќе има повремени врнежи од слаб снег. Потоа времето ќе стане стабилно, но ветровито, со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни.

Continue Reading

Македонија

Полицијата со претреси во струмичко, пронајдени неколку вреќи со марихуана, но затекнале и лица како ја чистат растителната материја (ФОТО)

Published

on

Претреси во струмичко, пронајдена дрога

На 04.04.2025 во 15 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(65) од село Колешино. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес на три локации кои ги користи лицето, при што на катастарска парцела во село Борисово, струмичко, биле пронајдени неколку вреќи и повеќе најлонски пакувања исполнети со зелена растителна материја, вреќа со остатоци од растителна материја, семки од растение, вага, како и други предмети со остатоци од растителна материја. Одземената растителна материја е со тежина од околу три килограми. При претрес на домот на лицето биле пронајдени и две воздушни пушки, за кои не поседувал соодветна документација.

На катастарската парцела биле затекнати и Џ.Д.(56) и Д.Т.(60), двајцата од село Банско, струмичко, во момент кога Д.Т. ја чистела пронајдената растителна материја, и биле лишени од слобода.

В.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк