Connect with us

Македонија

Кривична пријава против 12 лица македонски државјани и 1 странец, за 45 кривични дела поврзани со криумчарење луксузни возила како и фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба

На 29.12.2024 врз основа на воспоставена криминалистичка контрола од страна на СВР Скопје- ЕВР Ѓорче Петров, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување, Единицата за интервентна полиција, СВР Битола, ОВР Гевгелија и ОВР Неготино, а по издадени наредби од страна на судија за претходна постапка и јавен обвинител заради докажување на кривични дела поврзани со криминал со луксузни моторни возила, извршени се 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино и еден во Битола, при што се лишени од слобода шест лица: К.С., Н.П., М.С. и Д.И. од Скопје, В.Ц. од Стар Дојран и Н.Г. од Битола. За И.А., Д.М. и Ф.С. од Скопје и А.Т. од Неготино се преземаат мерки и активности за пронаоѓање.

При претресите се пронајдени и одземени четери возила, разновидна службена документација, околу 32.500 евра и разни документи, купопродажни договори, пет германски регистарски таблички, околу 25 грама кокаин, лап топ компјутери, повеќе мемориски уреди, други предмети поврзани со кривичните дела. МВР според предходно одземени 5 ПМВ и сообрани материјални докази ќе поднесе кривична пријава до ОЈО Против 13 лица, од кои двајца се поранешни вработени во МВР, а еден е сеуште вработен во МВР, каде во текот на ноќта и утрото лицата се изведени пред судија на предходна постапка

Advertisement

Македонија

Ахмети: Јас ја уништив Југославија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на брифинг со новинарите испрати жестоки пораки до политичките опоненти, но и до „незадоволните“ во своите редови. Тој најави нови, ригорозни услови за влез во идна влада, вклучувајќи промена на начинот на избор на Влада и Уставни судии, а истовремено упати отворена закана доколку биде приморан да го активира „Планот Б“.

„Не сум претставник на мачки, туку на лавови“

Можеби најсината порака од брифингот беше неговото предупредување за тоа што би се случило доколку политичката ситуација не се развива според „Планот А“ (развој и напредок).

„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, дециден беше Ахмети.

Во свој стил, тој се осврна на своето минато, тврдејќи дека никој во Македонија не го познава национализмот подобро од него.

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001“, рече лидерот на интегративците.

Нови услови: Бадентер во Уставен и двојно мнозинство за Влада

Ахмети постави нови „црвени линии“ за идните коалицирања. Тој бара нов „Национален договор за развој“, но со конкретни системски измени:

  1. Избор на Влада: Да се воведе принцип на „двојно мнозинство“ (Бадентер) при изборот на владин кабинет.
  2. Уставен суд: Бадентеровиот принцип да се применува и при одлучувањето во Уставниот суд.

Според него, ова ќе биде услов за учество во какво било идно управување со државата. Тој додаде дека Охридскиот договор е компромисен и не е совршен, оставајќи простор за негова надградба.

„Кој сака нека си оди“

Во однос на внатрепартиските турбуленции по 5-тиот Конгрес, Ахмети покажа ноншалантност. Тврди дека незадоволството е сведено на „две-три лица“ кои останале без функции.

„Оние кои си одат затоа што немаат функции, нека си одат“, порача Ахмети, додавајќи дека Абдил Селам Селами веќе се извинил и останува лојален на партијата.

За Села, Тачи и бизнисмените

Ахмети ги коментираше и односите во „Европскиот фронт“:

  • За Мендух Тачи: Има договор и тоа не му штети на Фронтот.
  • За Зијадин Села: Ахмети смета дека Села се обидува да изгради сопствениот идентитет бидејќи се чувствува во сенка на ДУИ, но не верува во шпекулациите дека Села ќе го поддржи Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар.

Лидерот на ДУИ упати критики и кон стопанските комори, обвинувајќи ги дека „создаваат поделби и ги поддржуваат олигарсите“.

За напролет, ДУИ најави нов, тематски конгрес, на кој ќе се дефинира новата идеолошка матрица на партијата по консултациите со базата.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Македонија

Магливо утро, дожд најавен навечер

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планинските предели дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг