Connect with us

Македонија

Меџити: ВЛЕН ќе биде единствен на локалните избори, со заеднички листи и кандидат

Published

on

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, потврди дека коалицијата ВЛЕН ќе се претстави обединета на претстојните локални избори. Во новогодишното интервју за емисијата „Програма 200“ на Алсат-М, Меџити истакна дека, и покрај одредени несогласувања, групата е единствена и ќе настапи со заеднички листи и кандидат.

„На локалните избори, ВЛЕН ќе биде единствен, ќе излезе со заеднички листи и заеднички кандидат“, изјави Меџити, потенцирајќи го единството во рамките на групата.

Тој додаде дека несогласувањата во рамките на ВЛЕН се во рамките на нормалното и не можат да се споредат со тензиите што претходно постоеле во рамките на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

„Врз основа на искуството, можам да кажам дека несогласувањата што постоеле во ДУИ биле многу жестоки, многу подлабоки и потешки од триењата во рамките на ВЛЕН, кои се во рамките на нормалното“, изјави Меџити.

Македонија

ОД ДЕНЕСКА НОВО ПРАВИЛО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА

Published

on

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во неодамнешниот „Наткаст“ на Курир истакна дека започнуваат со имплементација на она кое е во делот на регулатива и е поврзано со правилниците во рамки на МВР, а се однесува на проектот „Безбеден град“.

-Од 1.1.2025 година секој кој ќе има потреба да го регистрира своето возило, ќе мора да достави во рамки на системот телефонски број, е-мејл адреса и да даде изјава под морална материјална и кривична одговорност дека телефонскиот број и е-мејл адресата се врзани со лицето кое е сопственик на возилото. Едноставно да потврди дека тие се точни. Врз основа на собирањето на овие податоци, со циклус од година, ќе ги затвориме сите сопственици на возила. Конечно отпочнуваме и со легислатива во однос на овој проект. Мислам дека измените на законот ќе треба да отпочнат пред нова година или до 15-ти јануари, откри Тошковски.

Continue Reading

Македонија

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Published

on

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на свети Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Беше Антиохиски епископ и управуваше со Божјата Црква како добар пастир. Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници. Овој начин на пеење му се откри на светиот Игнатиј преку ангелите на небесата. Кога царот Трајан минуваше низ Антиохија, одејќи во војна против Персијанците, дозна за Игнатиј, го повика кај себе и почна да го советува да им принесе жртва на идолите за да биде од него поставен за сенатор. Бидејќи советите и заканите на царот останаа залудни, свети Игнатиј го оковаа во железо и во придружба на десет најнемилосрдни војници го испратија во Рим, за да биде фрлен пред ѕверовите. Игнатиј му се радуваше на страдањето заради Господа и постојано Му се молеше на Бога ѕверовите да станат гроб за неговото тело и никој да не го попречи во таа смрт. По долго и тешко патување од Азија преку Тракија, Македонија и Епир, Игнатиј пристигна во Рим, каде што го фрлија пред лавовите во циркусот. Лавовите го растргнаа и го изедоа, оставија само неколку коски и срцето. Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пострада во 106 година во Рим, за време на христоборниот цар Трајан. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера.

Continue Reading

Македонија

Тешка сообраќајка на скопската обиколница, едно лице загина

Published

on

Доцна вечерва на скопската обиколница, во близина на Стајковци, се случила тешка сообраќајна несреќа, дознава 4NEWS.mk.

Според првичните неофицијални информации, едно лице го загубило животот.

Во моментов, сообраќајот на овој дел од обиколницата се одвива отежнато поради активностите на надлежните органи.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Во текот на новогодишната ноќ беа регистрирани повеќе сообраќајни несреќи, но за среќа, без жртви.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк