Connect with us

Македонија

Меџити за Артан Груби: Со самото тоа што бега, ја докажува својата вина

Published

on

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во интервју за емисијата „Програма 200“ на Алсат-М, зборуваше за обвинувањата и дебатите што го вклучуваат Артан Груби.

Прашањата за вината на Груби беа поставени директно, на што Меџити истакна дека никој не е над законот и дека правдата треба да ја даде конечната пресуда.

„Мислам дека задачата на политиката беше да испрати порака дека никој не е над законот и мислам дека тука завршува делот на политиката. Другото е работа на органите на редот и ние ќе оставиме на правдата да ја каже последната збор, бидејќи не треба да ги претпоставуваме работите,“ рече Меџити, зборувајќи за случајот на Груби.

Тој категорично додаде: „Постојат неколку правила во правдата, не можеме да прогласиме некого за виновен пред да ја каже последната збор правдата. Но, со самото тоа што бега, ја докажува својата вина.“

Македонија

На Скопските клиники, Градската хируршка болница и во „8 Септември“ хоспитализирани над 80 повредени од Кочани

Published

on

На Скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8 Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани.

Директорот на Градска болница „Свети Наум Охридски“ Небојша Насто потврди за МИА дека кај нив се примени досега 29 лица, меѓу нив и малолетници, со тешки изгореници на лицето, вратот и рацете.

Од ТОАРИЛУЦ за МИА изјавија дека кај нив досега примени се 31 лице, има и малолетници. Генерално сите со изгореници.

Во ГОБ 8 Септември, примени се 17 лица. На Детска хирургија четири лица.

Повеќето од повредените  лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноќеска се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.

Во првичната информација од МВР за МИА, се посочува дека најмалку 50 лица се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.

Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се очекува да даде изјава за медиумите за трагедијата.

На местото на несреќата е и премиерот Христијан Мицкоски.

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување.

Continue Reading

Македонија

Македонија во жалост: Најмалку 50 загинати во пожар во дискотека во Кочани

Published

on

Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА. 

Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа нна местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Тошковски: 51 загинат, повеќе од 100 во болница

Published

on

Според последните информации на МВР, животот во трагедијата во дискотеката во Кочани го загубиле 51 лице, а повеќе од 100 се пренесени на лекување во болница, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од Кочани. Како што појасни тој, во врска со настанот има и приведени лица.

Пожарот, како што рече Тошковски, е последица на искри од пиротехника употребена за светлосен ефект.

„Во моентот најверојатно искрите го зафатиле таванот кој бил дел од лесно запалива материја, брзо се прошитил и се создал густ чад“, рече Тошковски.

„Со длабоката тага ја известувам јавноста дека до сега животот го изгубија 51 лице, повеќе од 100 се во болница. МВР ги презема сите мерки за утврдување на одговрност“, рече Тошковски.

Министерот најави редовни прес конференции за споделување на нови информации со јавноста.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк