Connect with us

Македонија

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода на лицето од с. Грчец, ќе ја продолжи истражната постапка против него. Лицето е последниот осомничен во предметот „Планина“ кој по наредба на обвинителството се бараше со централна потерница повеќе од три години заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица членови на две организирани криминални мрежи. Во тогаш спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина беа во бегство и за нив истрагата беше прекината до нивно пронаоѓање. Од септември 2021 година до август 2023 година четворица од осомничените меѓу кои и првоосомничениот беа се лишени од слобода, по што истражната постапка против нив продолжи. Единствено недостапно беше лицето кое во текот на вчерашниот ден беше уапсено.

Обвинетите се правосилно осудени на затворски казни од 3 до 8 години, на детето во судир со законот му беа изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години, додека за три лица беше донесена Наредба за запирање на истрага, од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје.

Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија

Published

on

najnova vest

Земјотрес од 3.2 степени според Рихтер беше регистриран на 7 км североисточно од Центар Жупа, Македонија, на длабочина од 10 км, во 01:50 часот по локално време (04.02.2025). Земјотресот беше почувствуван и во околината.

Continue Reading

Македонија

Димитријевиќ: Целта на СДСМ за локалните избори, подобри резултати од минатото

Published

on

Новопоставениот генерален секретар на СДСМ, Димитар Димитријевиќ, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 истакна дека очекува подобри резултати на локалните избори во споредба со минатото.

„Секако дека подобар резултат од тоа што го имавме во минатото,“ рече тој, додавајќи дека очекува напредок како во однос на минатите локални, така и на парламентарните избори.

Во однос на анкетите кои покажуваат значителна предност на ВМРО-ДПМНЕ, Димитријевиќ истакна дека граѓаните веќе се свесни за „хаотичните состојби“ во Град Скопје, кои според него, се резултат на препукувањата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска.

Кога станува збор за изборот на кандидати, СДСМ планира јавни расправи со членството и симпатизерите за да ги идентификува најдобрите кандидати. Конечните имиња, според Димитријевиќ, ќе бидат објавени кон крајот на април или почетокот на мај.

На прашањето дали актуелните градоначалници на СДСМ ќе добијат нова шанса, тој изјави дека одлуките ќе се базираат на поддршката од членството и рејтингот на кандидатите, со цел да се избегнат грешките од минатите избори.

„СДСМ ги научи лекциите од минатото и ќе ги поправиме сите недостатоци во оваа изборна трка,“ рече Димитријевиќ, истакнувајќи дека Струмица и Центар остануваат клучни општини за партијата.

Димитријевиќ ги демантираше шпекулациите за внатрешни несогласувања во партијата, вклучувајќи го и случајот со струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Според него, СДСМ ќе излезе со општоприфатени кандидати во сите општини.

Continue Reading

Македонија

Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино

Published

on

Нашиот другар и сограѓанин Миле Тодорoв (Скечо) е исчезнат. Последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, Миле е висок околу 185 сантиметри. Четврти ден имаме безуспешна потрага во околината на Неготино и Кавадарци, соопштија од „Винари“.

Пасошот и личната карта му се дома, четврти ден се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, информираа попладнево од навивачката група „Винари“ од овој град, на „Фејсбук“.

– Нашиот другар и сограѓанин Миле Тодорoв (Скечо) е исчезнат. Последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, Миле е висок околу 185 сантиметри. Четврти ден имаме безуспешна потрага во околината на Неготино и Кавадарци, соопштија од „Винари“.

Оттаму нагласија дека според луѓето кои го познаваат, можно е да е во некоја напуштена викендица или куќа или пак во манастир.

– Пасошот и личната карта му се најдени дома, па не би можел легално да испадне од државата. Замолуваме, доколку имате сознанија или го забележите, контактирајте ја полицијата или јавете се на броевите 078-909-481 и 075-691-727, споделија од „Винари“.

Од Секторот за внатрешни работи – Велес рекоа за МИА дека се трага со сите ресурси по момчето од Неготино.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк