Connect with us

Македонија

Полицијата со полни раце работа: Серија на апсења во Македонија

На 29.12.2024 во 14.30 часот на автопатот Скопје– Тетово, на влезот на Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Ј.(61) од с.Мала Речица, тетовско. При преглед во неговото патничко возило „опел антара“ со тетовски регистарски ознаки, биле пронајдени 2680 разни видови на пиротехнички средства. Потоа, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и неговиот угостителски објект. Притоа, во угостителскиот објект биле пронајдени и одземени 75 парчиња разновидни пиротехнички средства и бил затекнат С.Ј.(32) од с.Мала Речица, кој бил приведен во полициска станица. Двајцата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

На 29.12.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.М.(33) и А.К.(39), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.12.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ф.А.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.12.2024 во периодот од 00.00 до 01.10 часот, полициски службеници при ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од СВР Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица ,,Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(48) од Гостивар. При контролата во објектот биле затекнати 12 женски лица, од кои пет (четири од Република Србија и една од Република Албанија) го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 29.12.2024 во 09.15 часот на Граничниот премин Деве Баир, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Г.О.(47) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „рено“ со полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 29.12.2024 во 17.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.К.(45) од Косово, затоа што при проверки во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „хјундаи тусон“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, било барано од Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

На 30.12.2024 во 03.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.К.(39) од с.Порој, тетовско, кој бил фатен при обид да изврши кражба во еден објект. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Advertisement

Македонија

Во Центар Жупа нема конкуренција: Кампањата за локални избори стартува во 4 општини

Градоначалничките избори во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа ќе се повторуваат на 11 јануари 2026 година, откако на локалните избори во 2025 година во овие општини не беше остварен потребниот излез за гласање.

Според Роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг започна на полноќ на 22 декември и ќе трае до 9 јануари, кога официјално ќе започне молкот пред гласањето.

Во Гостивар конкуренција ќе водат Невзат Бејта, кандидат на коалицијата „Вреди“, и независниот Ваљбон Лимани, поддржан од НАИ. Во Врапчиште, за градоначалничкото место ќе се борат Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири, кој се кандидира преку група избирачи.

Центар Жупа ќе има само еден кандидат – Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, додека во Маврово и Ростуше ќе се сретнат Онер Јакупоски од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Анес Ахмети од СДСМ.

Причината за повтореното гласање е недоволната излезност на локалните избори на 19 октомври 2025 година. Според податоците од Државната изборна комисија, само во Гостивар се остварени 33,31% од гласачите, додека во Врапчиште излезноста беше 25,18%, во Маврово и Ростуше 30,31%, а во Центар Жупа едвај 21,49%. Законската граница од една третина од запишаните гласачи, која е потребна за изборите да бидат успешни, не беше достигната.

Со овие бројки, четирите општини повторно се соочуваат со неизвесност, а кампањата која започнува сега ќе биде клучна за мотивирање на гласачите да се појават на биралиштата.

Continue Reading

Македонија

Снежна покривка до 10 см и поројни врнежи дожд во Македонија

Под влијание на влажни воздушни бранови, од утре навечер и во текот на 24 и 25 декември 2025 година, Македонија ќе биде погодена со повремени локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни и над 25 литри на квадратен метар за 24 часа.

На планинските предели врнежите ќе бидат од снег, со формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Со спуштањето на постуден воздух од север, снег ќе се појави и на повисоките места во низинските региони. Од петок се очекува стабилизирање на времето.

Во Скопје, утре навечер и во следните два дена се предвидуваат повремени врнежи од дожд, кои на моменти ќе бидат пообилни. Граѓаните се советуваат да бидат внимателни на патиштата и да ги следат официјалните предупредувања за времето.

Continue Reading

Македонија

Ахмети: Ако излезам на улица, нема враќање!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на брифинг со новинарите испрати жестоки пораки до политичките опоненти, но и до „незадоволните“ во своите редови. Тој најави нови, ригорозни услови за влез во идна влада, вклучувајќи промена на начинот на избор на Влада и Уставни судии, а истовремено упати отворена закана доколку биде приморан да го активира „Планот Б“.

„Не сум претставник на мачки, туку на лавови“

Можеби најсината порака од брифингот беше неговото предупредување за тоа што би се случило доколку политичката ситуација не се развива според „Планот А“ (развој и напредок).

„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, дециден беше Ахмети.

Во свој стил, тој се осврна на своето минато, тврдејќи дека никој во Македонија не го познава национализмот подобро од него.

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001“, рече лидерот на интегративците.

Нови услови: Бадентер во Уставен и двојно мнозинство за Влада

Ахмети постави нови „црвени линии“ за идните коалицирања. Тој бара нов „Национален договор за развој“, но со конкретни системски измени:

  1. Избор на Влада: Да се воведе принцип на „двојно мнозинство“ (Бадентер) при изборот на владин кабинет.
  2. Уставен суд: Бадентеровиот принцип да се применува и при одлучувањето во Уставниот суд.

Според него, ова ќе биде услов за учество во какво било идно управување со државата. Тој додаде дека Охридскиот договор е компромисен и не е совршен, оставајќи простор за негова надградба.

„Кој сака нека си оди“

Во однос на внатрепартиските турбуленции по 5-тиот Конгрес, Ахмети покажа ноншалантност. Тврди дека незадоволството е сведено на „две-три лица“ кои останале без функции.

„Оние кои си одат затоа што немаат функции, нека си одат“, порача Ахмети, додавајќи дека Абдил Селам Селами веќе се извинил и останува лојален на партијата.

За Села, Тачи и бизнисмените

Ахмети ги коментираше и односите во „Европскиот фронт“:

  • За Мендух Тачи: Има договор и тоа не му штети на Фронтот.
  • За Зијадин Села: Ахмети смета дека Села се обидува да изгради сопствениот идентитет бидејќи се чувствува во сенка на ДУИ, но не верува во шпекулациите дека Села ќе го поддржи Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар.

Лидерот на ДУИ упати критики и кон стопанските комори, обвинувајќи ги дека „создаваат поделби и ги поддржуваат олигарсите“.

За напролет, ДУИ најави нов, тематски конгрес, на кој ќе се дефинира новата идеолошка матрица на партијата по консултациите со базата.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг