Connect with us

Скопје

Паркингот во Центар за новогодишните и божиќните празници ќе биде бесплатен

Published

on

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани.

Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2025 година (четврток) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (понеделник), 07.01. (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2025 година (среда) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата. Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници.

Скопје

Запален автомобил на обвинител од ОЈО Скопје

Published

on

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен.

Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија, велат од Обвинителство.

Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините.

Continue Reading

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.02.2025 (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување на раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (Виадукт-Самоилова) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Кисела Вода станува центар на нови инвестиции

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави уште една значајна капитална инвестиција – изградбата на Home Retail Park, првиот и најголем ритејл парк во Македонија. Оваа инвестиција, вредна 15 милиони евра, ќе биде лоцирана во индустриската зона Пинтија, во близина на Стаклара, и ќе се простира на површина од 35.000 м².

Според Ѓорѓиевски, овој проект ќе внесе нова динамика во локалната економија, создавајќи 300 нови работни места и отворајќи 20.000 м² модерен комерцијален простор. Граѓаните ќе имаат можност да најдат сè што им е потребно за својот дом – мебел, домашни апарати, декорации, градинарска и бањска опрема. Покрај тоа, комплексот ќе располага со 600 паркинг места, како и модерни кафетерии и ресторани.

„Вложувањата од ваков обем го потврдуваат фактот дека Кисела Вода станува сè попосакувана дестинација за бизнисите. Ова не е само инвестиција во објект, туку инвестиција во иднината, во подобар начин на живеење и во економскиот раст на нашата општина“, истакна Ѓорѓиевски.

Отворањето на Home Retail Park е предвидено до крајот на 2025 година, а според Ѓорѓиевски, ова е само почеток на поголема трансформација на Кисела Вода во еден од најдинамичните делови на Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк