Connect with us

Македонија

Ако работодавачите и работниците се согласат за 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА, ВЛАДАТА ЌЕ ПРИФАТИ

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политичар, кој има каква било идеја, која води кон национално помирување за државните стратешки интереси. 

Мицкоски нагласува оти е добро што идејата за заедничка стратегија, на која повика тој самиот, а потоа и коалицискиот партнер ЗНАМ преку предложената платформа, но и лидерот на опозицијата Венко Филипче со предлагање на натпартиска стратегија е сѐ поприсутна и се втемелува во јавноста. Во однос на зголемувањето на минималната плата вели дека тоа ќе се случи согласно законските прописи и таа ќе биде на ниво од над 24 илјади денари, а во однос на барањата таа да достигне 450 до 500 евра, вели доколку работодавачите и работниците се согласат за поголемо зголемување можат многу лесно законски да интервенираат и како Влада тоа ќе го прифатат.

Во однос на зголемувањето на минималната плата вели дека тоа ќе се случи согласно законските прописи и таа ќе биде на ниво од над 24 илјади денари, а во однос на барањата таа да достигне 450 до 500 евра, вели доколку работодавачите и работниците се согласат за поголемо зголемување можат многу лесно законски да интервенираат и како Влада тоа ќе го прифатат. Ова прашање ќе го отворат на следниот Економско социјален совет, што ќе се одржи во текот на месецов.

И покрај препораките на Фискалниот совет (ФС) и на Светска банка (СБ) за зголемувањето на старосната граница за заминување во пензија на 67 години, останува на ставот дека такво нешто нема да се случи. Не е планирано ниту зголемување на давачките за пензиското осигурување, ниту на ДДВ-то што исто така беше дел од препораките на СБ.

„Апсолутно останувам на ставот, тука не треба никој да има никаква дилема…Ние сме фокусирани на политики коишто ќе значат намалување на сивата економија, намалување на даночната евазија, повеќе пари да собереме во буџетот, истовремено раст на економијата и повеќе пари да собереме на тој начин во буџетот како би можеле сето ова да го сервисираме за што во моментот морам да кажам дека сме апсолутно ликвидни, дури после долго време имавме и суфицит во буџетот во еден месец, мислам дека беше октомври месец, од прилика 17 милиони евра, не беа милијарди и 200-300 милиони, така што најлесно е да удриме на грбот на граѓаните. Тоа нема никогаш да го направиме, ако не ги исцрпиме сите можности коишто ги црпиме затоа што оваа Влада е избрана со огромна доверба од страна на граѓаните и таа доверба не смее да ја изгуби со тоа што ќе води дволични лицемерни политики, туку стабилни политики, политики коишто се предвидливи и политики на долг рок“, вели Мицкоски.

Македонија

Прекрасни вести: Еве какво време ја очекува Македонија за Велигден

Published

on

За време на најголемиот Христијански празник (Воскресение Христово, Велигден) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

И во Скопје за Велигден времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано летни, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Максималните дневни температури за време на овој најголем Христијански празник ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени.

Убавото време за Велигден искористете го максимално, и уживајте во празничниот сончев и топол викенд кој ни доаѓа.

МетеоАларм – Славчо Попоски 

Continue Reading

Македонија

Божиновска на средба со истакната македонска инженерка во Германија

Published

on

Оваа средба претставува прв чекор во иницијативата на Министерството за воспоставување официјална мрежа на македонски експерти во областа на енергетиката и рударството, која ќе биде основа за систематска соработка, размена на информации и пристап до најновите трендови и технологии во секторот.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со задоволство објавува значајна иницијатива насочена кон поврзување со истакнатите македонски професионалци во областа на енергетиката и рударството, кои моментално прават значаен напредок во странство.

Во оваа насока, министерката Божиновска оствари средба со Ангела Попова, истакната млада инженерка. Ангела е електроинженер со магистерски студии по електроенергетика (M. Sc) на Техничкиот универзитет во Минхен, каде што ги продолжува и своите докторски студии. Нејзиното истражување е фокусирано на пренос на електрична енергија преку високонапонски системи, при Катедрата за пренос и дистрибуција на електрична енергија на истиот универзитет. Таа активно учествува во меѓународни проекти и претставува силен глас на новата генерација македонски инженери кои својата експертиза ја применуваат на европско тло.

На средбата, Божиновска и Попова разменија идеи за потенцијалната соработка, важноста на поврзаноста со нашите експерти во странство и начините на кои тие може да придонесат за трансфер на знаење, консултативна поддршка и отворање нови можности за институционална и деловна соработка.

Оваа средба претставува прв чекор во иницијативата на Министерството за воспоставување официјална мрежа на македонски експерти во областа на енергетиката и рударството, која ќе биде основа за систематска соработка, размена на информации и пристап до најновите трендови и технологии во секторот.

„Поврзувањето со нашите талентирани сограѓани во странство е клучно за зајакнување на нашиот енергетски сектор и поттикнување на иновациите. Преку соработка со нашите угледни инженери и професионалци, можеме да ги искористиме нивните знаења и увиди за подобрување на нашите стратегии и цели за развој во Македонија“, истакна министерката Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е цврсто посветено на градење на оваа мрежа и отворање канали за комуникација и соработка со нашите професионалци надвор од земјата. Оваа платформа ќе придонесе за побрз развој на секторот, заснован на знаење, иновации и глобални искуства.

„Ги повикуваме сите македонски професионалци во странство кои се активни во областа на енергетиката и рударството да стапат во контакт со Министерството и да станат дел од оваа мрежа.
Исто така, доколку познавате некој истакнат експерт – колега, пријател, професор или истражувач – ве охрабруваме да ни испратите информација (име, институција, поле на дејствување), а ние ќе се погрижиме да воспоставиме контакт“, посочуваат од Министерството.

Контакт информации и официјалните адреси на Министерството се достапни на веб-страницата www.ea.gov.mk

Continue Reading

Македонија

Министрите за економија издавале лиценци на дискотеката „Пулс“ врз основа на непотполна документација

Published

on

Тимот на јавни обвинители којшто ја води истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ги прибавил сите издадени лиценци за работа на објектот од 2012 година сѐ до денот на кривично-правниот настан и според увидот во предметите немало ниту една со целосна документација, посочи вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Како што истакна Коцевски во интервју за Телма телевизија, Министерството за економија, кое што е надлежно за издавање на лиценци за работа, требало да ја цени сета документација која што е неопходна за да биде издадена лиценцата за работа, бидејќи, како што рече, во конкретниот случај министрите издавале лиценци врз основа на непотполна документација.

„Сите лиценци, иако се издавани, немале потполна законска документација. Министрите издавале лиценци врз основа на непотполна документација. Од Дирекцијата за заштита и спасување немало елаборати и правилна документација на која би можел министерот да издаде лиценца. Тука се надоврзува градежништво, документи од локалната самоуправа и тн. Сите потребни документи за издавање на лиценца министерот требало да ги цени и да издаде лиценца. Од увидот во предметите за издавање на лиценца, јавните обвинители увидоа дека во сите предмети нема потполна и законита документација“, рече Коцевски.

За актуелниот министер за економија, појасни дека не е опфатен во истрагата, бидејќи немало ниту еден доказ дека сопственикот на клубот иницирал постапка за издавање нова лиценца.

„Министерот за економија е надлежен за издавање на лиценци. Тоа што немало надзор е задача на другите институции. Министерот нема задача да проверува дали во моментот на лице место има или нема лиценца. Во конкретниот случај до министерот нема стигнато никаква документација за издавање на лиценци, затоа не може да биде одговорен“, рече Коцевски.

Прашан конкретно кој член од законот го прекршиле осомничените министри за економија, обвинителот рече дека биле повредени членови на повеќе закони и подзаконски акти и дека во оваа фаза не може да открие, бидејќи, вели, се работи за предистражна постапка.

„Освен Законот за угостителска дејност, тука имаме и Закон за инспекциски надзор којшто не се почитува, Законот за заштита и спасување, понатаму имаме проценка на ризик, потоа има планови во однос на начинот на функционирање за издавање на тие лиценци. Сета документација требало да е прибрана и врз основа на таа документација, министерот дава лиценца. Во конкретниот случај, за сите лиценци нема целосна документација. Сите осомничени министри за економија не ги почитувале законите, односно издале лиценци кои немале потполна документација“, рече Коцевски.

Додаде дека во последните 10 години не е вршен инспекциски надзор на ниту едно кабаре на територија на државата. Во врска со конкретниот случај, Коцевски потенцираше дека објектот во Кочани не бил познат само на полицијата, туку и на целиот град и локалната самоуправа.

„Објектот „Пулс“ не бил познат само на полицијата, бил познат на целиот град. Бил познат и на локалната самоуправа, бил познат и на сите надлежни институции кои што требало да функционираат. Што значи дека 13 години во Кочани не е извршен никаков инспекциски надзор на објектот“, рече Коцевски.

За двајцата поранешни директори на ДПИ кои од претходно се истражуваат, обвинителот вели проверките продолжуваат поради што нивниот мандат се врзува со период кога клубот работел со фалсификуваната лиценца. Коцевски вели дека не мора да значи доколку некој бил директор на Државниот пазарен инспекторат дека има и директна одговорност, што не било случај и за Дирекцијата за заштита и спасување, бидејќи, како што рече, таму има суштински прописи при проучување на одговорност и можна инволвираност токму кај раководната структура.

„Не мора да значи дека ако бил директор има и директна одговорност, за разлика од Дирекцијата за заштита и спасување, каде има суштински прописи при проучување на одговорност и можна инволвираност на лица од оваа институција, токму кај раководната структура на самата институција, за разлика од ДПИ. Она што имале должност да го преземат и да воспостават е систем на ефективна контрола и надзор, којшто е нарушен во секоја смисла“, нагласи Коцевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк