Connect with us

Македонија

Извлечено возилото од Вардар: Пронајдени тела на три лица, потрагата по четвртото продолжува

Published

on

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека автомобилот кој излета во Вардар е извлечен. Во него биле пронајдени тела на три лица.

-Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, велат од ЦУК.

Во автомобилот било и четиригодишно дете кое е спасено од случајни минувачи и е пренесено во клиниката за детска хирургија.

Македонија

Власта вети дека ќе го обнови споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје

Published

on

Претставници на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија денеска соопштија дека добиле цврсти уверувања од премиерот Христијан Мицкоски, како и од министрите за внатрешни работи и култура, Панче Тошковски и Зоран Љутков, дека ќе направат сѐ што е во нивна моќ за брзо и целосно обновување на споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје. Тие исто така потврдија дека ќе бидат преземени мерки за казнување на виновниците за вандалскиот напад на овој споменик.

Оваа изјава доаѓа по средбите кои претставниците на здруженијата ги имаа со највисоките државни органи, за време на кои разговарале за инцидентот кој се случи на 9 април, кога споменикот кој се наоѓа во паркот „Жена борец“ беше целосно уништен. Од објектот беше откорнат бакарниот рељеф со мотив на мајка и три деца, а украдени беа и буквите од натписот „Татковината копнеж на прогонетите“.

Споменикот претставува симбол на страдањата на децата бегалци за време на Граѓанската војна во Грција и е важен меморијал за македонскиот народ.

Continue Reading

Македонија

Поранешни министри и директори меѓу новоосомните за пожарот во „Пулс“, се бара притвор за четири лица

Published

on

Обвинителството за четворица од новоосомничените во врска со пожарот во Кочани бара притвор, за седум лица се предлага мерка куќен притвор во комбинација со забрана за комуникација, додека за уште седум се бараат мерки на претпазливост. Еден од осомничените не се наоѓа во државата, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

Според Коцевски, досега се осомничени вкупно 47 физички и три правни лица. Истрагата ги вклучува сопствениците и управителите на клубот, корисниците на пиротехниката, како и обезбедувачите. Дополнително, се истражуваат институциите и службените лица кои овозможиле кабарето „Пулс“ да работи без да ги исполни законските услови.

Во рамки на истрагата осомичени се и поранешни функционери, вклучувајќи тројца градоначалници на Кочани и тројца општински градежни инспектори кои не спровеле контроли на објектот. Клубот, кој со години функционирал како незаконски пренаменет објект од лесна индустрија во кабаре, не ги исполнувал безбедносните стандарди.

Во контекст на Дирекцијата за заштита и спасување, освен осомничениот директор, истрага се води и против уште тројца директори, вклучувајќи го и актуелниот директор. Се смета дека тие ги занемариле своите надлежности, не само во однос на клубот, туку и на другите угостителски објекти во државата.

„Во текот на годините, тие никогаш не спровеле мерки за набљудување, следење и инспекциски надзор на објекти кои вршат угостителска дејност“, истакна Коцевски.

Покрај министерот за економија, државниот секретар и тројца службеници, новоосомничени се и уште три лица кои во различни периоди од функционирањето на клубот ја извршувале функцијата министер за економија, двајца државни секретари и тројца службеници на раководни позиции одговорни за угостителството и туризмот. Се истражува како овие лица му овозможиле на клубот „Пулс“ да добива лиценци незаконски од неговото отворање до моментот на пожарот.

Основното јавно обвинителство во Кочани вчера соопшти дека ја проширило истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ на нови 19 осомничени лица. Сите се осомничени за тешки дела против општата сигурност, согласно членовите 292 и 288 од Кривичниот законик.

Continue Reading

Македонија

Коцевски и Тошковски со нови детали за истрагата за пожарот во „Пулс“ во Кочани

Published

on

Истрагата опфаќа сопственици и менаџери на клубот, корисници на пиротехниката, како и обезбедувачи, но и низа поранешни и актуелни функционери, чии пропусти овозможиле клубот да работи без да ги исполнува потребните услови.

Во истрагата за трагичниот пожар во кочанскиот клуб „Пулс“, кој однесе човечки животи, активно работат 13 обвинители. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната прес-конференција истакна дека досега се осомничени 47 физички и три правни лица, а мерки за обезбедување се побарани за 19 новоосомничени кои се дел од проширувањето на истрагата.

-За четворица се бара притвор, за седум лица куќен притвор комбиниран со забрана за комуникација, додека за уште седум се предложени мерки на претпазливост. Едно лице од новоосомничените воопшто не се наоѓа во Македонија, изјави Коцевски.

Истрагата опфаќа сопственици и менаџери на клубот, корисници на пиротехниката, како и обезбедувачи, но и низа поранешни и актуелни функционери, чии пропусти овозможиле клубот да работи без да ги исполнува потребните услови.

Обвинителот нагласи дека меѓу осомничените се и тројца поранешни градоначалници и тројца градежни инспектори од Општина Кочани, кои, според истрагата, воопшто не извршиле инспекциска контрола, иако објектот бил незаконски пренаменет во угостителски објект.

Дополнително, од Дирекцијата за заштита и спасување се осомничени три лица, кои низ годините не спровеле ниту една инспекција или набљудување на објектот. Како што вели, од ДЗС, покрај директорот, поведена истрага за уште три лица на истата функција вклучително и актуелниот директор и генералниот директор во Дирекцијата кој бил на таа функција во тек на целото работење на Клубот.

-Постои сомнение дека тие постапиле спротивно на нивната должност предвидена во законот за заштита и спасување, и законот за инспекциски надзор и целосно ги запоставиле своите надлежности, не само по однос на овој клуб туку и на останатите угостителски објекти низ државата, вели Коцевски.

Ниту еднаш, вели Коцевски, низ годините согласно ризиците кои постоеле и морале да ги имаат предвид, не спровеле мерки на набљудување, следење и инспекциски надзор на објекти кои вршат угостителска дејност.

-Со своето неизвршување на должностите , спротивно на јавниот интерес, во целост го нарушиле системот за заштита и спасување и со тоа во континуитет ги изложиле граѓаните на опасност од непроверени и контролирани објекти од аспект на исполнувањето на потребните законски услови за безбедност, заштита од пожари и опасност по нивното здравје и живот, вели Коцевски.

Истрагата ги опфаќа и двајца државни секретари, поранешен министер за економија и тројца вработени во секторот за угостителство и туризам во истото министерство, кои, според обвинителството, овозможиле клубот „Пулс“ да добие лиценци и да продолжи со работа, иако тоа било незаконски. Коцевски посочи дека актуелниот министер за економија не е дел од истрагата, бидејќи сопственикот на клубот не поднел ново барање за лиценца во неговиот мандат.

Осомничени се и четворица инспектори од Пазарната инспекција, како и уште тројца инспектори кои биле дел од претходната етапа на истрагата. Се вршат дополнителни проверки на нивните директори, бидејќи во нивни мандати клубот работел со фалсификувани или нерегуларни лиценци.

Истражните органи водат постапка и против седум полициски службеници.

-Истрагата е во тек, а се преземаат и нови истражни дејствија, додаде Коцевски.

Министерот Тошковски посочи дека во насока на расветлување на правно-кривичниот настан Министерството за внатрешни работи презеде низа активности со кои покажа дека законот важи за секој што ќе се огреши, а при тоа да се собрани соодветни докази.

-Ќе продолжиме и понатаму да преземаме активности за секој што ќе бидат собрани докази, рече Тошковски.

Извор: Курир.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк