Connect with us

Балкан

ВОЈСКАТА Е ВО ГОТОВНОСТ, ПРЕМИЕРОТ БАРА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО Тридневна жалост од утре во Црна Гора, од вечерва се откажуваат планираните концерти

Published

on

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ вечерва пристигна во Клиничкиот центар на Црна Гора каде се лекуваат тешко ранетите по денешниот масакар во Цетиње, во кој се убиени 7 лица, меѓу кои и 2 деца, а четворица се борат за живот.

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ вечерва пристигна во Клиничкиот центар на Црна Гора каде се лекуваат тешко ранетите по денешниот масакар во Цетиње, во кој се убиени 7 лица, меѓу кои и 2 деца, а четворица се борат за живот.

– Страшна трагедија која нè погоди сите во Цетиње, односно селото Бајице. Сите екипи, специјалци, сè што е на располагање во Подгорица е во Цетиње и на добар пат сме да го најдеме. Имаме четири тешко повредени и лекарите се борат за нивните животи. Се надеваме дека ќе се извлечат – изјави црногорскиот премиер.

Тој рече дека на итен електронски состанок на Владата одлуичиле дека од утре ќе биде прогласена тридневна жалост во Црна Гора. Додаде дека вечерва е откажан концерт во Подгорица и ги замолуваме и останатите општини да се придружат.

– Треба да се запрашаме кој може да има оружје во Црна Гора, мора да се заострат критериумите и казните. Многу е важно што имаме хроничен недостиг од полицајци и тоа мора итно да се реши. Граѓаните треба да ги слушаат советите на полицијата и да останат во своите домови, но, нека се чувствуваат безбедно, сите наши луѓе се на терен. Имаме апсолутна координација. А војската е на готовност, очекуваме сторителот веднаш да биде фатен – рече Спајиќ.

Во врска со причините за трагедијата, рече дека според првите информации, се работи за ситуационен настан.

– Тоа значи дека сторителот нема потекло од криминалното милје. Имаше тепачка во кафеана каде се повлекоа пиштоли и сè тргна во погрешна насока – изјави Спајиќ.

Црногорските медиуми денеска објавија дека поради недостигот од полицајци во Цетиње во градот се упатени полицајци од Подгорица.

Вечерва и во Котор и во Будва се откажани сите планирани новогодишни концерти.

Балкан

Јутубер ги прашува младите “Кој бил Титo?”: Нивните одговори ќе ве насмеат до солзи (ВИДЕО)

Published

on

Јутјуберот Невен Јовановиќ прошетал низ Белград прашувајќи ги младите кој е Тито, а нивните одговори ги изненадиле многумина. Меѓу најчестите одговори беа: „Некој сериозен тип“, „Конзул“, „Маршал“, но еден навистина го шокирал – „Ах, оној филм Титаник бил базиран на него“.

Некои од анкетираните признале дека не учеле историја, а само еден точно го знаел Тито. Реакциите под видеото биле полни со изненадување, а многумина се запрашале дали овие деца имале историја на училиште.

„Тито, не гледај ваму долу“, „Ова со Титаник треба да добие награда“ биле дел од коментарите.

Погледнете го видеото во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neven Nevenclips Jovanovic (@1man)

Continue Reading

Балкан

УРНЕБЕСНО: Погледнете кој се појави на протестите во Турција, бегаше од полицијата а сега е хит на социјалните мрежи

Published

on

Протестите во Турција не се смируваат, а неодамнешна снимка од улиците покажува кои се сè приклучиле на борбата против претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Турците се незадоволни од политичката ситуација во земјата, а вестите за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, само ја влошија ситуацијата.

Луѓето, како знак на протест против политиката на Ердоган и обвинувањата на неговиот најголем противкандидат на претседателските избори, одлучија да излезат на улиците и да го покажат своето незадоволство. Меѓу големиот број на луѓе се нашол и популарен лик од анимираната серија Покемон.

Меѓу демонстрантите се истакнал еден во неговиот костим, а снимката од неговото трчање навистина е урнебесна. Видеото од протестот, наречено “Пикачу се приклучи на востанието против Ердоган”, освои социјални мрежи и покажа како популарниот лик е и дел од турската борба.

Пикачу е само еден од десетиците илјади Турци кои излегоа на улиците во главно мирни протести кои траат од среда. Турските власти приведоа 343 лица за време на ноќните протести во неколку градови, а Републиканската народна партија (CHP) на Имамоглу, која е главна опозициска партија, ги повика своите поддржувачи на законски протести.

Погледнете го видеото:

Continue Reading

Балкан

Обилните дождови предизвикаа големи поплави во Босна и Херцеговина, во некои места прогласена вонредна состојба

Published

on

Во Босна и Херцеговина најтешката ситуација се бележи во подрачјето на Сански Мост, каде што е прогласена состојба на елементарна непогода.

Поради дождовите кои не престануваат, многу улици во Бања Лука се под вода, а поплавени се и тротоарите. Во градот се поплавени и бројни гаражи, а најкритична е ситуацијата во населбата Лазарево, каде што водата ги зафати куќите, а во некои делови на населбата има отсечени домаќинства.

Поради покачувањето на водостојот на реката Врбас, затворен е сообраќајот над Трнски мост во Лакташ.

Исто така, поради наглото покачување на водостојот на реката Сава и нејзините притоки, која се излеала во неколку населени места, во Градишка е прогласена вонредна состојба. Во некои училишта во Градишка денеска е откажана наставата.

По наглото надоаѓање на реките Велика и Мала Усора, граѓаните во Теслиќ се соочуваат со проблеми од поројни дождови, а наставата во училиштата таму е прекината.

Во Босанска Крупа, реката Крушница и неколку потоци се излеале, поплавувајќи земјоделски површини и помошни објекти.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк