Connect with us

Инфо +

Охриѓани останаа без најдобриот доктор: Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески започнува со работа во Болница Плодност

Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески, еден од најреномираните и најискусни кардиолози во регионот започнува со работа во Болница Плодност

Како пионер и визионер во областа на кардиологијата, д-р Бакрачески носи со себе експертиза, иновативни пристапи и долгогодишно искуство, кои сега ќе бидат достапни за пациентите во Болница Плодност.

Искуство и достигнувања
▪️ 28 години искуство во кардиологијата со едукација во водечки центри во Европа и Америка.
▪️ Основач на регионалниот центар за интервентна кардиологија во Охрид и првата систематски организирана мрежа за лекување на акутен миокарден инфаркт.
▪️ Преку 10.000 успешно изведени стентирања и коронарографии на срцеви, вратни и артерии на нозе.
▪️ Пионер на ендоваскуларните процедури на вени во Македонија и сертифициран меѓународен инструктор.

Центар за ендоваскуларен третман на проширени вени – единствен во Македонија.
Во склоп на Болница Плодност, овој центар ќе нуди најсовремени методи за третман на венски заболувања, прв од ваков вид во земјата.
Под водство на д-р Бакрачески, пациентите ќе имаат пристап до најнови технологии и ефикасни процедури за лекување на венски проблеми.

Ендоваскуларни процедури:
▪️ Радиофреквентна аблација на проширени вени
▪️ Затворање со медицински адхезивен лепак (цианоакрилат)
▪️ Склеротерапија со етоксисклерол
▪️ Електрокоагулација на капиларни сплетови

Кардиолошки процедури:
▪️ ЕКГ и ехокардиографија (трансторакална и трансезофагеална)
▪️ Тестови на оптоварување (стрес тестови)
▪️ Холтер мониторинг (за хипертензија и ЕКГ)
▪️ Доплер на периферни артерии и вени

Прегледи и консултации ќе се изведуваат секој понеделник и четврток, а наскоро и секој ден.

Advertisement

Балкан

Падна најмоќниот српски нарко картел – Еве што открила полицијата

Меѓународна полициска акција, спроведена од српското Министерство за внатрешни работи (УКП и СБПОК) во координација со обвинителствата во Белград и Виена, резултираше со разбивање на организирана криминална група која со години се занимавала со производство и дистрибуција на марихуана низ Европа.

Апсењата се извршени истовремено во Србија, Австрија и Шпанија. На територијата на Белград и Бор е уапсен осомничениот организатор А.П. (39) од Белград, заедно со членовите М.Ѓ. (49) и Б.С. (35) од Бор. Коорганизаторот Д.С. (45) е приведен во Шпанија, на аеродромот во Мадрид.

Во Австрија, полицијата уапси уште четворица членови на групата, сите од Бор: С.М. (40), С.С. (52), Б.Р. (51) и М.Т. (35).

При претресите во Виена биле откриени три целосно опремени лаборатории за одгледување марихуана во вештачки услови, со илјадници растенија во различни фази на раст. Запленети се и 75 килограми сува марихуана подготвена за продажба, како и поголема сума пари, скапи часовници и луксузни возила.

Според истрагата, А.П. и Д.С. раководеле со криминалната мрежа која дистрибуирала марихуана на пазарите во Србија, Австрија и Северна Македонија. Пониско рангирани членови биле испраќани во Австрија, каде што со логистичка поддршка од М.Ѓ. и Б.С. биле изнајмувани објекти и воспоставувани лаборатории, а новите членови биле обучувани за одгледување на дрогата.

Осомничените уапсени во Србија се задржани до 48 часа и ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград, со кривични пријави за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги.

Continue Reading

Балкан

Блокадите на земјоделците во Грција ја празнат зимската сезона: Откажани до 50% од резервациите

traktor

Протестите на грчките земјоделци, кои од 30 ноември блокираа автопатишта низ целата земја, предизвикаа драстичен пад на туристичките резервации во планинските зимски дестинации. Според хотелиерите, откажувањата достигнаа и до 50 проценти, а загубите не се ограничени само на Божиќ и Нова година, туку траат речиси еден месец.

„Не зборуваме за еден или два продолжени викенда. За 25 дена изгубивме половина од резервациите. Ако пред празниците се надевавме на полна зафатеност, сега максимално достигнуваме 50 проценти исполнетост“, вели Јоргос Зафирис, претседател на хотелиерите од Магнисија. Во Јанина, откажувањата изнесуваат меѓу 20 и 25 проценти, а во Трикала, каде се наоѓа популарниот „Мелницата на џуџињата на Дедо Мраз“, првично 100-процентната зафатеност се намали на 60 проценти.

Претседателот на федерацијата на грчки хотелиери, Јанис Хаѕис, истакна дека причината не е кај клиентите, туку во блокадите, и повика на мерки за намалување на економската штета врз туристичкиот сектор. Федерацијата пред 12 дена испрати писмо до министерствата за транспорт, земјоделство и заштита на граѓаните, нагласувајќи дека протестите се разбираат, но дека тие не смеат да предизвикуваат несразмерни последици за локалните економии.

Иако земјоделците вчера ги тргнаа дел од блокадите, сообраќајот се очекува да се нормализира дури до петок, додека тракторите остануваат паркирани во една од коловозните ленти, симболично потсетувајќи дека протестите, и покрај делумното попуштање, сè уште оставуваат трага врз туристичкиот сектор.

Continue Reading

Свет

Дронови од Украина предизвикаа пожар ноќта во Краснодар – горат резервоарите за нафта

Темрјук, пристанишниот град на Азовското Море во рускиот регион Краснодар, стана цел на уште еден ноќен напад со беспилотни летала од Украина. Во нападот беа запалени резервоари со нафтени деривати, а пожарот зафати површина од околу 2.000 квадратни метри. Десетици пожарникари и службеници за цивилна заштита се бореа со огнот за да го локализираат и спречат понатамошно ширење.

Ова не е прв пат Темрјук да биде погоден. Градот веќе беше нападнат со беспилотни летала ноќта меѓу 4 и 5 декември, што ја потврдува стратегијата на Украина да ги таргетира руските нафтени постројки. Целта на овие акции е двојна – да се наруши снабдувањето со гориво за руските сили на украинска територија и истовремено да се одземе значаен извор на приход за руската економија.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта успеало да пресретне и уништи 141 украински дрон. Најтешко погоден беше Брјанскиот регион на границата со Украина, а градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, исто така извести за голем број соборени дронови над руската престолнина.

Оваа серија напади ја нагласува ескалацијата на воздушните акции од страна на Украина и предизвикува зголемена загриженост во рускиот јужен регион, каде инфраструктурата за гориво е постојано изложена на ризик.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг