Connect with us

Македонија

Мерко излезе од формална сопственост над Меѓународниот универзитет во Струга

Published

on

Генц Мерко, најстариот син на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко,повеќе не е сопственик на Меѓународниот универзитет Струга, кој обезбедува дипломи за високо образование од неколку факултети.

Синот на Мерко од минатиот месец целосно му ја препуштил „Еуро Колеџ 2007“ на партнерот Армен Кадриу, исто бизнисмен од Струга. Инаку „Еуро Колеџ 2007“ е фирма со минимални приходи, но истовремено сопственик на Меѓународен универзитет Струга. Ова правно лице на Кадриу и на Мерко редовно им носи приходи во последните години од околу 750.000 евра годишно и постојана добивка од четврт милион евра.

Генц и Рамиз Мерко, како и другите возрасни членови на семејството, од почетокот на летото се најдоа на т.н. „црна листа“ на САД. Од тогаш партнерот Кадриу тврдеше дека е единствен сопственик на универзитетот, а преку маркетинг соопштенија беа најавувани нови косопственици и отстапување на удели.

Приватниот универзитет беше редовно критикуван од коалиционите партнери од актуелната власт дека е „продавач“ на итни дипломи, каде, како што тврдеа низ годините, преку ноќ, дипломираат идни функционери, но и многумина други кои бараат вработување со високо образование во јавниот сектор.

МУС пред летото доби и акредитација за основање на Факултет за здравствени науки, односно за медицински сестри.Од Министерството за образование тогаш рекоа дека одлуката е донесена поради потреба од повеќе здравствени работници во државата и дека факултетот ќе започне со работа од следната академска година. МУС има акредитација и за Факултет за економски науки, Правен факултет, Факултет за информатички технологии и Факултет за политички науки.

Рамиз Мерко за кратко време нанижа повеќе кривични пријави. Против него во моментов има вкупно девет такви. Последната е за „несовесно работење во службата“, а повеќето се поврзани со одлуки за јавни набавки,дозволи и концесии.

Извор: Faktor.mk

Македонија

Притвор за Крешник Бектеши, судот го прифати предлогот на Обвинителството

Published

on

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на обвинителството.

Судот на Кочан го прифати барањето на обвинителството за Бектеши да биде испратен во „краток притвор“, заедно со уште седуммина други осомничени, додека се уште се чека да се утврди во кој затвор ќе биде испратен.

48 часа притвор доби и Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Continue Reading

Македонија

Зимата се врати: Забрана за камиони на два патни правци, еве каде вее во моментов во Македонија

Published

on

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар.

Од 22:50 часот е воведена забраната на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци, а од 23 часот и на патниот правец Маврово – Дебар.

Continue Reading

Македонија

Горан Милевски: Во Љубљана слета авионот со македонските патници

Published

on

Вечерва во Љубљана пристигна првиот воен авион со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.

Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети и да си помагаме едни на други, информираше на социјалните мрежи амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк