Connect with us

Скопје

Орце Ѓорѓиевски: Поддршка за лицата со оштетен вид преку донации и инклузивни проекти

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и оваа година ја продолжи традицијата на поддршка за лицата со оштетен вид. По повод Светскиот ден на Брајовото писмо, во училиштето за слепи лица ДУРМДОВ „Димитар Влахов“ беа донирани нови книги напишани на Брајово писмо, кои ќе бидат достапни за учениците веднаш по зимскиот распуст.

Покрај оваа донација, книги на Брајово писмо беа подарени и на библиотеката во Домот на културата во Кисела Вода, овозможувајќи пристап до литература за пошироката заедница. Ѓорѓиевски нагласи дека ваквите книги се исклучително скапи и тешко достапни, но претставуваат важен чекор за поддршка на едукацијата, личниот развој и интеграцијата на лицата со намален вид.

„Од самиот почеток на мојот мандат воспоставивме традиција за збогатување на библиотеката на ДУРМДОВ „Димитар Влахов“ со нови книги на Брајово писмо. Оваа година дониравме популарни литературни дела, кои ќе го збогатат фондот на библиотеката и ќе им овозможат на учениците да уживаат во културното наследство“, изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот истакна дека општина Кисела Вода е посветена на инклузијата и еднаквите можности за сите. Во таа насока, во општинската зграда и во првото целосно инклузивно основно училиште во Кисела Вода се поставени тактилни патеки и натписи на Брајово писмо за полесна ориентација на лицата со оштетен вид.

„За нас, сите жители се подеднакво важни. Грижата за лицата со намален вид е дел од нашите постојани напори за намалување на маргинализацијата и создавање подобри услови за сите“, заклучи Ѓорѓиевски.

Скопје

Мицкоски и Ѓорѓиевски помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки

Published

on

Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки! Се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки! Се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост Фејсбук статусот на градоначалникот Ѓорѓиевски

❤️ Ова е најголемата радост за нас, православните Христијани!
✨ Малите златни ангелчиња од цело Скопје во огромен број пеејќи ја ,,Вечниот Бог” го најавија раѓањето на нашиот Бог Исус Христос а ние, како домаќини и како што доликува на нашата вековна традиција – ги дарувавме со коледарски пакетчиња. 🙂
😇 Она што ме прави исклучително горд е што Македонија е повторно горда и повторно живее во духот на вистинските вредности, одбележувајќи го највеличествениот Бадник во регионот.
☝️ Македонија почива на тие вредности, опстојува почитувајќи ја верата и традицијата. Затоа ние ја продолжуваме!
🤝 Дефинитивно ова се најрадосните деновите кога сите сме сплотени како народ и меѓу нас има добра мисла и подадена рака.
Посакувам да трае во текот на целата година!
❤️ Дечиња, ви благодарам за прекрасниот ден!
♥️ Благодарам на сите кои придонесовте ова да изгледа толку прекрасно!
🙏 Ви благодарам што ја чувате традицијата и благодарам на вашите родители што ве водат по патот на вистинските вредности!
✌️ Нека е за многу години овој голем празник, да си дочекаме уште многу вакви убави моменти.
🫶 Бог нека дарува здравје и љубов на сите!
🍁 Честит Бадник!

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Македонија повторно живее во духот на вистинските вредности

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја изрази својата чест и гордост што заедно со премиерот Христијан Мицкоски и нивните семејства беа дел од овогодинешните Бадникови поворки.

„Ова е најголемата радост за нас, православните христијани,“ истакна Ѓорѓиевски, опишувајќи ја убавината на традицијата во која малите ангелчиња од Скопје со пеење ја најавија радосната вест за раѓањето на Исус Христос.

Како што налага вековната традиција, организаторите ги даруваа дечињата со коледарски пакетчиња, пренесувајќи ја радоста и духот на заедништвото.

„Македонија е повторно горда и повторно живее во духот на вистинските вредности,“ истакна тој, додавајќи дека одбележувањето на овој Бадник е едно од највеличествените во регионот.

Ѓорѓиевски ја потенцираше важноста на сплотеноста на народот во овие радосни денови, изразувајќи желба ваквото единство и добри мисли да траат во текот на целата година.

„Благодарност до сите што придонесоа за овој прекрасен ден и што ја чувате традицијата,“ порача градоначалникот, честитајќи им на сите православни верници празникот.

Честит Бадник!

Continue Reading

Скопје

Бадникови Поворки и свечен собир: Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.01.2025 (понеделник) по повод Христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација, информираат од МВР.

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.01.2025 (понеделник) по повод Христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација, информираат од МВР.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк