Connect with us

Македонија

ПОРАНЕШНИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА МУХАМЕД ЗЕКИРИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА – насмевките го надополнуваат недостигот на текст

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, објави фотографија со својата сопруга Бисера.

На фотографијата двајцата се среќни и расположени, но се гледа дека е направена во некој потопол период. 

Како што е познато, на почетокот на декември 2023 година, што значи пред околу една година и еден месец, Зекири беше осуден на 2,5 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, а беше пресудено и дека треба да врати над 71 милион денари, односно над еден милион евра во државниот буџет. Ова беше неправосилната пресуда која што ја донесе кривичниот суд во Скопје. На Зеќири му се судеше поради договорот со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на „Пошта“ и Железници транспорт. Според обвинението, тој направил штета од над 57 милиони денари на државниот буџет. 

Со оглед на тоа што во пресудата ќе биде пресметано и времето што Зеќири го помина во притвор во Затворот во Шуто Оризари, а потоа и во куќен притвор,  тогаш медиумите пишуваа дека му остануваат уште 11 месеци за издржување на казната, по правосилноста на пресудата. 

Што значи дека времето се поклопува и тој ја отслужил казната.

Зеќири изјави за медиумите дека пресудата е неоснована и најави жалба.

„Во целиот процес никаде и ниту во еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите, затоа што јас само сум спровел умисла на други, односно на Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи“, рече Зеќири по објавувањето на пресудата. 

За време на судењето Зекири се повика и на тогаш лошата здравствена состојба на неговата сопруга.

Инаку, Зекири објавил и на 9 декември 2024 година фотографија со сопругата, а на истиот датум ја сменил и профилната фотографија. 

На 8 април 2022 година тој објави писмо до тогашниот премиер Димитар Ковачевски, во кое нагласи дека поднесува неотповиклива оставка од фунцијата генерален секретар на Владата. 

„Низ мојот работен век секогаш го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината, на кои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност“, напиша тогаш Зекири. 

Инаку, на свадбата на Зекири со Бисера, кум му беше поранешниот премиер и негов сопартиец, Зоран Заев.

https://www.facebook.com/share/1BnkAXP7KN/?mibextid=wwXIfr

Извор: fakor.mk

Advertisement

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг