Connect with us

Македонија

Семејно драма во Тетово: Приведен маж поради напад врз сопругата

Published

on

На ден 04.01.2025 година во 03.40 часот полициски службеници од СВР Тетово на улицата  „Гоце Делчев“ во Тетово  го лишиле од слобода С.А.(44) од Тетово. Тој бил пријавен од неговата 41- годишна сопруга дека во нивниот семеен дом, физички ја нападнал. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Бадниковата поворка е одраз на заедништвото и предбожиќната радост

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, утринава ја пречека и примив Бадниковата поворка, истакнувајќи ја важноста на оваа прекрасна традиција која ги обединува граѓаните и ја зацврстува верата.

„Ечеше дворот од детските ангелски гласови, а ‘Вечниот Бог’ звучеше божествено,“ сподели таа, опишувајќи го моментот како посебен и исполнет со радост.

По изведбата на црковните песни, следуваше дарување на дечињата со празнични пакетчиња, симбол на љубовта и грижата за идните генерации. Сиљановска-Давкова истакна дека овие моменти ја оживуваат традицијата, ја зајакнуваат верата и внесуваат надеж за поубава иднина.

„Ние, возрасните, за миг бевме зафатени од предбожиќната еуфорија. Го овековечивме моментот со слики и си посакавме среќен Божиќ,“ додаде претседателката.

Таа ги повика граѓаните на пладневна средба на плоштадот „Македонија“, каде ќе продолжат празничните активности, создавајќи уште еден ден исполнет со заедништво и радост.

„Нека ни е среќен и благословен Божиќ! Нека љубовта, мирот и радоста бидат нашиот водич,“ порача Сиљановска-Давкова.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Бадниковата поворка е предвесник на љубовта, радоста и заедништвото

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, се обрати пред граѓаните на свечената Бадникова поворка, истакнувајќи ја важноста на заедништвото, љубовта и споделувањето, вредности кои го одржуваат духот на празниците жив.

„Нека ни е за многу години денешниот предвесник на Христовото раѓање – Бадник. Со љубов и радост во срцата, да го дочекаме утрешниот ден, денот на Христовото раѓање, Божиќ. Да си подадеме рака на доверба, почит и љубов,“ порача Коњановски.

Традиционалната поворка, која броеше неколку илјади учесници, започна од плоштадот „Магнолија“, продолжи до црквата „Св. Великомаченик Димитриј“, а заврши на платото пред Офицерскиот дом.

Во рамки на програмата настапија детските црковни хорови, солисти, како и претставниците на детската Евровизија, Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, кои го воодушевија присутниот народ. Програмата кулминираше со заедничката изведба на песната „Вечниот Бог“.

Коњановски ги повика граѓаните да продолжат да ја одржуваат традицијата и да ги негуваат духовните вредности. Тој истакна дека Бадник е време на мир и подготовка, но и можност за зацврстување на семејните и духовните врски.

„Во очи на Божиќ, со радост ги завршуваме празничните денови од „Зимската приказна“, која оваа година донесе многу среќа, радост и детски насмевки низ Битола,“ додаде тој.

Општина Битола за крај подели над 1000 празнични пакетчиња на најмалите учесници, додавајќи уште еден момент на радост и топлина во овој свечен ден.

Честит Бадник! Нека Божиќ донесе мир, здравје и радост во секој дом!

Continue Reading

Македонија

Николоски: Ќе ги реконструираме граничните премини Дојран и Меџитлија, воведовме “one stop shop” со Србија и Косово и работиме на брз проток на возила и патници на коридор 10.

Published

on

Коридорот 10 е коридор кој не може да биде заобиколен иако многумина сакаат да биде заобиколен. Јас од првиот ден зборувам за изградба на брза пруга, затоа што сакам да избегнам заобиколување на Македoнија и доколку ја изградиме може да генерираме огромни економски бенефити од истата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Коридорот 10 е коридор кој не може да биде заобиколен иако многумина сакаат да биде заобиколен. Јас од првиот ден зборувам за изградба на брза пруга, затоа што сакам да избегнам заобиколување на Македoнија и доколку ја изградиме може да генерираме огромни економски бенефити од истата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој потенцираше дека во моментов се работи на неколку проекти кои ќе го забрзаат протокот на добра и патници на граничните премини.

“ Во однос протокот на границите работиме на два проекти, едниот е “new single window” – што значи дека за сите оние што се занимаваат со товарен превоз ќе има само една проверка на документи. Тие што го работат ова многу добро знаат за што зборувам сега бидејќи сега се оди по десетици шалтери на граничните премини и на тој начин камионскиот превоз ќе се забрза и дополнително се воведува и зелена лента. Во однос на патничкиот превоз, веќе со Србија имаме “one stop shop” каде што на едно место се врши проверка на документи. Претходно беше нејавен но не функционираше, истото го договоривме и со Косово бидејќи и Косово е дел од коридор 10, а со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу крaтко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални. И друга работа значајна за коридор 10 д, е тоа што работиме на експресниот пат Градско Прилеп кој веќе е при крај, почнавме да градиме автопат Прилеп – Битола што значи дека и тој дел на јужно поврзување ќе се отвори”- истакна вицепремиерот Николоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк