Connect with us

Македонија

ВИДЕО: Во Тетово кучињата го нападнаа и Дедо Мраз

Published

on

Македонија

ЛАДНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе започне и снегот, особено во западните и во југозападните предели!

Published

on

Метео анали на Славчо Попоски:

Во следните часови насекаде во нашата Република Македонија ќе имаме релативно ладно време, а повремено ќе дува и ветер од југоисточен правец со слаб до умерен интензитет. Времето насекаде низ државава ќе биде претежно облачно, а во југозападните  и во западните предели ќе започнат послаби врнежи кои ќе бидат од дожд и од снег во градовите, додека во повисоките населени места, планините, и секако на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег.

На планините  и на скијачките центри снежната покривка малку ќе се зголеми.

И во Скопје  и околината ќе имаме претежно облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Има послаби услови за слаб дожд или дожд и снег, особено на околните планини, каде ќе има услови за слабо провејување на снег.

Што се однесува до температурите, тие денес (12.2.2025 среда) ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени, само во југоисточните предели тие ќе се искачат до близу 10 степени, а во Скопје  и околината таа ќе се искачи до околу 5/6 степени.

Услови за послаби локални врнежи од дожд и од снег и претежно облачно време ќе имаме  и утре (13.2.2025 четврток), а ќе продолжи релативно ладното време.

Continue Reading

Македонија

ЈАС НЕ СУМ СЕ ДРЗНАЛ ДА КАЖАМ ДЕКА ЈАЗИКОТ НА ГЕГИТЕ И НА ТОСКИТЕ Е РАЗЛИЧЕН, А ВИЕ СТЕ СЕ ДРЗНАЛЕ: Димовски без влакна на јазикот кон Беџети

Published

on

Илија Димовски заедно со Блерим Беџето неодамна беа гости во Само вистина, каде Беџети го праша Димовски, што има лошо во тоа Ахмети да оди во Атина, бидјеќи ова била заедничка држава. Димовски одговори дека е заедничка држава, но „јас не сум се дрзнал да кажам дека јазикот на Гегите и на Тоските е различен, а вие сте се дрзнале,со вашиот глас, како партија, да кажете дека јазикот над граница и под граница кај Кајмакчалан е различен. Е тоа е дрскоста!“, му рече Димовски.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Continue Reading

Македонија

Можна средба Муцунски-Георгиев на маргините на Безбедносната конференција во Минхен

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека досега немаат остварено комуникација со новата Влада на Бугарија и очекува шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски да одржи средба со бугарскиот колега Георг Георгиев на маргините на Минхенската безбедносна конференција, која треба да започне на 14 февруари.

„Не, немаме остварено контакти со новата бугарска Влада. Очекувам сега на маргините на безбедносната конференција во Минхен министерот за надворешни работи да оствари средба со неговиот колега од бугарската влада, но се уште нема потврда за такво нешто. Доколку се случи, се разбира, јавноста ќе биде информирана“, рече Мицкоски на новинарско прашање дали оствариле контакти со новата бугарска влада и дали можеби ќе иницира средба со бугарскиот премиер Росен Желјазков.

Премиерот Мицкоски минатата недела истакна дека очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада за одблокирање на евроинтегративниот пат на државава.

„Што се однесува до средби, ние и веќе имавме средби во минатото со највисокото бугарско раководство со тогашниот нивен технички премиер. Очекувам во периодот што следи на различно ниво да има средби со бугарската Влада и тоа не е нешто што треба да не изненади. Нити ние ќе исчезнеме, нити тие ќе исчезнат, ние повторно ќе си бидеме соседи“, изјави Мицкоски минатата недела за евентуални средби со новото бугарско раководство, откако претходно министерот за европски прашања Орхан Муртезани од Брисел изјави дека бугарската страна е подготвена за разговори.

Во обид да се деблокира европскиот пат на земјата и таа да ги започне преговорите по првиот кластер „Основни вредности“, владата предложи решение за уставни измени со одложено дејство, кој неофицијално го доби називот „француски предлог плус“. Предлогот превидува сега да бидат усвоени уставните измени, со кои во Уставот како еден од народите што живеат во земјава би се вметнале и Бугарите, но тие да стапат во сила откако Бугарија ќе го ратификува договорот за членство на државава во Европската Унија по завршување на целиот процес на пристапни преговори.

Бриселскиот портал Еuroactiv, пак, во понеделникот пренесе објава од новата бугарска влада дека таа одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Бриселскиот портал ја пренесе и изјавата на премиерот Мицкоски дека се чека на избор на редовна влада во Софија за да почнат преговори за укинување на бугарското вето, но посочува и дека првите сигнали од бугарска страна се дека нема да има обнова на дијалогот.

„Бугарија потсетува дека вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија не е билатерален проблем, туку е услов на Брисел кон Скопје“, се наведува во текстот на Euroactiv.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк