Connect with us

Македонија

Николоски: Ќе ги реконструираме граничните премини Дојран и Меџитлија, воведовме “one stop shop” со Србија и Косово и работиме на брз проток на возила и патници на коридор 10.

Published

on

Коридорот 10 е коридор кој не може да биде заобиколен иако многумина сакаат да биде заобиколен. Јас од првиот ден зборувам за изградба на брза пруга, затоа што сакам да избегнам заобиколување на Македoнија и доколку ја изградиме може да генерираме огромни економски бенефити од истата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Коридорот 10 е коридор кој не може да биде заобиколен иако многумина сакаат да биде заобиколен. Јас од првиот ден зборувам за изградба на брза пруга, затоа што сакам да избегнам заобиколување на Македoнија и доколку ја изградиме може да генерираме огромни економски бенефити од истата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој потенцираше дека во моментов се работи на неколку проекти кои ќе го забрзаат протокот на добра и патници на граничните премини.

“ Во однос протокот на границите работиме на два проекти, едниот е “new single window” – што значи дека за сите оние што се занимаваат со товарен превоз ќе има само една проверка на документи. Тие што го работат ова многу добро знаат за што зборувам сега бидејќи сега се оди по десетици шалтери на граничните премини и на тој начин камионскиот превоз ќе се забрза и дополнително се воведува и зелена лента. Во однос на патничкиот превоз, веќе со Србија имаме “one stop shop” каде што на едно место се врши проверка на документи. Претходно беше нејавен но не функционираше, истото го договоривме и со Косово бидејќи и Косово е дел од коридор 10, а со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу крaтко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални. И друга работа значајна за коридор 10 д, е тоа што работиме на експресниот пат Градско Прилеп кој веќе е при крај, почнавме да градиме автопат Прилеп – Битола што значи дека и тој дел на јужно поврзување ќе се отвори”- истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија

Полициска рација во Тетово: Уапсени во локал на ‘Илинденска’

Published

on

policija

На 06/07.02.2025 во периодот од 23.20 до 00.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државен пазарен инспекторат – Тетово, извршиле контрола во угостителски објект на улица ,,Илинденска“ во Тетово со цел пронаоѓање и откривање на лица инволвирани во извршување на различни кривични дела. За време на контролата од слобода биле лишени женските лица Ф.Н.(34) од с.Рогле, тетовско, В.Н.(44) од Крива Паланка и М.Д.Т.(32) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 191 од кривичниот законик. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријав

Continue Reading

Македонија

Двајца тетовци уапсени на улица ‘Иво Рибар Лола’“

Published

on

На 06.02.2025 во 22.00 часот на улица ,,Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.С.(34) и А.П.(22), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Дурловски со последен поздрав до Игор Југ: Херојот што не се покори

Published

on

“Замина еден чесен човек, патриот кој ја носеше вистината како товар, но и како знаме.

Најди си мир Игоре таму каде што неправдата нема моќ.”

Со голема тага се простуваме од Игор Југ, човек кој остана доследен на своите идеали до самиот крај. Неговата решителност, храброст и љубов кон татковината ќе останат врежани во сеќавањето на оние што го познаваа и почитуваа.

Нека почива во мир.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк