Connect with us

Македонија

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок

Published

on

Внатрешниот промет на храна од неживотинско и животинско потекло, од почетокот на 2024 година заклучно со ноември бил покриен со околу 30 000 контроли кај оператори во рамки на редовните, вонредните и реализирани надзори.

Како небезбедни се уништени педесеттина тони храна, за отстранување поради утврдени недоследности се издадени околу 2 000 решенија, а изречени се и приближно 300 парични казни.

Анализите на податоците за спроведените надзори во 2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе ги евалуира во првите месеци од годинава.

Тие  ќе ја дадат и точната бројка – колку вкупно контроли спровеле официјалните ветеринари и инспекторите за храна во внатрешниот промет и при увоз.

Како што велат за МИА од АХВ, досега реализираните контроли во внатрешниот промет и при увоз, 117 465, ветуваат дека не само што ќе се достигнат, туку и ќе се надминат спроведените 125 909 контроли во 2023 година на операторите со храна во земјава и на пратки што се увезуваат и транзитираат низ државава.

Во втората половина од 2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство ги интензивираше вонредните инспекциски контроли, ставајќи акцент на контролите кои ги спроведе кај операторите со храна кои работат со ранливите категории граѓани: игротеки, домови за стари лица, кујни во градинки и основни и специјални училишта, пазари за стари работи, но и во угостителски објекти.

– При увоз на храна од неживотинско потекло се реализирани 44 137 инспекциски надзори, а при увоз на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, 10 352.

Инспекторите за храна на граничните премини како небезбедни, вратиле/уништиле седум пратки со над 74 тони небезбедна храна од неживотинско потекло, истакнуваат од АХВ.

Во однос на здравствената заштита и благосостојбата на животните, нивната идентификација и регистрација, спроведени се над 14 000 инспекциски контроли од страна на официјалните ветеринари.

Издадени се 267 решенија за едукација и 136 наредби/забрани за отстранување недостатоци утврдени со контролите.

-Во врска со контролите на официјалните ветеринари на граничните премини при увоз на храна од животинско потекло, добиточна храна и увоз на живи животни, од јануари се спроведени 20 479 надзори од кои 15 431 на пратки за увоз и 5 048 контроли во однос на пратките кои транзитираат низ земјава, напоменуваат од Агенцијата.

Вкупно 14 од пратките биле небезбедни. Вратени се девет, а нештетно се уништени пет пратки од увоз.

– Годинава, во Базата на податоци за вршење вонреден инспекциски надзор на Одделението за заштита на потрошувачите се евидентирани вкупно 317 иницијативи.

Најчести наводи во иницијативите остануваат пријавите за неодговорно сопствеништво 36 и за напади и каснувања од куче 14.

Што се однесува до храната, примат имаат иницијативите за сомнеж за труење со храна, 13, за производи со поминат рок на употреба, 12, за присуство на контаминенти, 8, како и за нехигиена, 7, информираат од АХВ за МИА.

Македонија

Српски медиуми: Македонија реагираше брзо, за разлика од српската Влада

Published

on

Српските медиуми нагласуваат дека чекорите преземени од македонските институции не само што ја сфаќаат сериозноста на настанот, туку и дејствуваат во согласност со принципите на владеење на правото и одговорноста.

Српските медиуми денеска известуваат за трагедијата што го погоди Кочани, и ја нагласуваат брзата реакција на македонските власти.

Како резултат на несреќата, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка. Оваа оставка, како што истакнуваат српските медиуми, е редок пример во регионот, каде што функционерите ретко преземаат лична одговорност за вакви настани.

-Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка по трагедијата во тој град, кога во пожарот во дискотеката загинаа 59 лица, а повеќе од 150 беа повредени. Папазов ја образложи својата оставка на социјалните мрежи и наведе дека многу од нив ги познавал, а родителите на некои од насрoдалите беа негови семејни пријатели. Тој побара од сите надлежни да ја испитаат одговорноста на сите кои имаа врска со трагедијата. Го повика обвинителството да испита и да постапи во согласност со законот, доколку постои било каков основ за неговата одговорност, известува медиумот Н1.

Српските медиуми исто така нагласуваат дека македонските институциите не дозволија трагедијата да помине несанкционирано. Судот во Кочани веднаш постапи по барањето на обвинителството, одредувајќи притвор за неколку лица.

-Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството да се упатат Бектеши, со уште седум осомничени, на „краткотраен притвор“, додека се чека да се утврди во кој затвор ќе бидат упатени. Поранешниот директор на Управата за заштита и спасување, Беким Максути, исто така беше задржан до 48 часа. Приведени се и неколку лица кои беа обезбедување во дискотеката и бараат нивно ослободување, објавува медиумот Н1.

Српските медиуми нагласуваат дека чекорите преземени од македонските институции не само што ја сфаќаат сериозноста на настанот, туку и дејствуваат во согласност со принципите на владеење на правото и одговорноста.

Владата во Македонија веднаш изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави темелна истрага за утврдување на сите околности на несреќата. Оваа транспарентност и институционална ефикасност претставуваат пример за тоа како една држава треба да реагира во вакви критични моменти.

За разлика од други земји во регионот, каде што често нема оставки или санкции по слични трагедии, Македонија покажа дека одговорноста и правдата се приоритет.

Continue Reading

Македонија

Тошковски разреши 7 началници и командири во Штип и Кочани

Published

on

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по несреќата во Кочани со одлуки за разрешувања. 

Првиот човек на македонското МВР поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени: 

1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип

2. Помошник началник на СВР Штип

3. Началник на Одделение за полиција Штип

4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип

5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани

6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани

7. Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Од Министерсвото за внатрешни работи повеќе детали за разрешувањата најавија за подоцна во текот на денот на прес конференција.

Continue Reading

Македонија

„Дури и за време на војни судири, непријателите молчат додека телата на загинатите не се упокојат…БАРЕМ СЕДУМ ДЕНА МОЛЧЕТЕ“

Published

on

Професорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, Татјана Алексиќ, сподели кратка и силна порака во овие тешки моменти за Македонија.

– Господ да им даде сила на најблиските на починатите, физички да ја издржат болката. Душите им прегореа од мака, им изгореа со саканите. Живи луѓе со мртви души. Да тихуваме и да се молиме за сите нив. Повредените да закрепнуваат, преживеаните да зајакнуваат. Достоинствено да тагуваме, поинаку и не се може со скршени срца… напиша таа на својот фејсбук профил.

Професорката која секогаш е гласна на голем број општествени теми, претходно упати порака и до политичките чинители во земјава.

– Дури и за време на војни судири, непријателите молчат додека телата на загинатите не се упокојат…Барем седум дена молчете и работете конкретно за решавање на повеќедецениските проблеми со корупцијата. Ова не е прашање на политика и политички партии туку на криминалци. Како имате сила да повикате прес-конференција за политички поени? – праша таа јавно.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк