Connect with us

Македонија

Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло! Обвинителство? Судство?

Published

on

Се врти видео на порталите и социјалните мрежи дека Сашо Мијалков со Ферари од 700.000 евра е во Монте Карло… Да видиш, и да не веруваш. Не е познато дали Обвинителството и Судството читаат портали или работат само “по допрен глас“ на “невладините организации“ кога некој противник на СДСМ и ДУИ ќе биде маркиран.

Лицето Сашо Мијалков, поранашен директор на УБК, обвинет за низа кривични дела во моментов е на издржување затворска казна за случајот “Империја“, или перење пари и слично, осуден на три години затвор по признание на вина и со спогодба со Обвинителството. 

Казната затвор почна со издржување во затворот во Струга, а според информации од Струга казната, во суштина, божем во затвор е поминувана надвор од затворот. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да има 4 месеци условен отпуст активен од 25 декември 2024 година, по жалба, Апелационит суд на 23. Мај 2024 го зголемува условниот отпуст на 11 месеци и можност да излезе од затвор и остатаокот од казната да ја издржува на слобода.

“Осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“.

Да резимираме: Скопска Апелација го пушта затвореникот Сашо Мијалков на условен отпуст од затвор (причините не се познати) 11 месеци пред да му истече казната во април 2025 година и – му го враќа пасошот, со што му овозможува казната да ја издржува и во Монте Карло. Каде ќе му се чини за погодно и поудобно. 

Ова е единствената затворска казна за Мијалков. За случаите „Тортура“ и „Трезор“ тој беше ослободен од обвинение, за случајот „Плацеви на Водно“ доби условна казна, а случаите „Таргет“ и „Тврдина 2“ застареа благодарение на измените во Кривичниот законик од страна на СДСМ и ДУИ. Тој е обвинет во случаите: „Титаник 2“, „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“, „Империја“ и „Плацевите на Водно“

Условниот отпуст има и свои ограничувања, особено за лица за кои се водат и други постапки. По наше прашање кај струччните лица од Управата за извршување санкции речено ни е дека ваква мерка се определува по исклучоци, многу ретко, во пракса за лица поради тешка болест, самохрани мајки и слично. Што овде не е случај, како што не е случај ни за Зоран Милески Кичеец кој, исто така, на осми март 2024 добил уловен отпуст од затвор, исто така од Струга, по казна затвор од 3 години и четири месеци за две кривични дела. 

Сашо Мијалков добил и пасош да патува по светот во време кога, формално, издржува затворска казна. Сето тоа во време кога власта и во Собранието, и во Владата, и во Обвинителтвото и во Судството ја имаат СДСМ и ДУИ. Малку пред изборите во мај 2024-та, тие решиле Сашо Мијалков да излезе пред време од затвор и да му се врати пасошот. Со тоа власта на СДСМ и ДУИ ги затвориле сите шанси Сашо Мијалков да биде во затвор по промена на власта кога, секако, не би добил условен отпуст, како и секоја шанса новата власт да го гони за корупцијата.

И затоа, сега, ги гледаме Зоран Заев и Венко Филипче како со сомнителни пари дивеат по забави во Дубаи, го гледаме Сашо Мијалков како со сомнителни пари тера забави по Монте Карло во време кога, формално, издржува затворска казна.

Извор: Vecer.mk

Македонија

„Огромно сочувство за недоместливата загуба до Александар Ѓорѓиески, братот на Андреј ДНК

Published

on

Со големо жалење ја примивме веста за смртта на музичарот Андреј Ѓорѓиески, брат на нашиот колега актерот Александар Ѓорѓиески, дел од активниот ансамбл на МНТ. Загубивме голем музичар, хуманитарец и пријател.

Изразуваме огромно сочувство за недоместливата загуба до Александар и неговото семејство, пријатели и колеги“ – се вели во соопштението од МНТ.

Continue Reading

Македонија

Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“

Published

on

Утрово во пикот на сообраќајниот метеж, девојка беше прегазена на пешачки премин кај „Дајмонд“.

Девојката лежи на ладниот асфалт и чека прва помош.

Од МВР засега нема подетални информации.

Continue Reading

Македонија

ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Ноќеска и рано наутро осум лица во Хрватска и во Романија, можно е и во Словенија, Унгарија и Австрија

Published

on

Објавата на директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, на неговиот фејсбук профил, ви ја пренесуваме во целост:

“Згрижени над 140 настрадани

Денес се згрижени над 140 настрадани. Во земјава се 90 повредени и тоа Клинички центар 20, ГОБ 8 септември 20, Св. Наум Охридски 21, КБ Штип 20, ОБ Кочани 7, Токсикологија 2. Има пациенти и во Аџибадем Систина и Жан Митрев.

Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4.

Има можности за Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица.

Од раните утрински часови во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР. Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија.

Сите, сите повредени се згрижени најдобро што можеме!”, стои во објавата на Сашо Клековски на социјалната мрежа Фејсбук.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк