Connect with us

Македонија

Скопјанец си ја пријавил сосетката, го истепала пред влезната врата!

Published

on

На 07.01.2025 во 15.15 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

ФИЛИПЧЕ: Дел од поранешните функционери на СДСМ ја поткопуваат партијата одвнатре

Published

on

Претседателот на СДСМ вели дека најголем дел од неговата енергија и време посветил на разговори со сите поранешни функционери. Мнозинството од нив ја прифатиле иницијативата за соработка, но некои одлучиле да стојат настрана, па дури и да се надеваат на лош резултат на СДСМ на локалните избори, вели Венко Филипче во интервју за „Независен“ кое целосно ќе биде објавено утре.

„Во изминатиот период најголем дел од мојата енергија и време ги посветив на лични разговори со сите поранешни партиски функционери, членови и луѓе кои некогаш беа важен дел од СДСМ. Јас верувам дека партијата е најсилна кога сите сме обединети и работиме заедно за заедничка цел. Токму затоа немам задршка да разговарам со сите и да најдам начин за соработка – не заради мене, туку заради доброто на СДСМ и граѓаните кои ја поддржуваат нашата визија.

На сите им е подадена рака и отворена е вратата за дијалог и соработка. Драго ми е што мнозинството од поранешните функционери ја прифатија оваа иницијатива и сега работиме заедно на зајакнување на партијата. Имам исклучително добра соработка со многумина.

За жал, има мал број поранешни функционери кои одлучиле да стојат настрана. Некои од нив се надеваат дека СДСМ ќе оствари лош резултат на локалните избори, па тие ќе можат политички да профитираат или да бараат одговорност од актуелното раководство. Овој пристап е нечесен, нефер и пред сè штетен – не за мене или раководството, туку за партијата и сите граѓани кои ја поддржуваат СДСМ“, вели Филипче во интервјуто за „Независен“.

Тој вели дека оние кои решиле да не помогнат во најтешките моменти и да стојат настрана заради свои лични калкулации, прават голема грешка. „Одговорноста за евентуалните последици нема да падне на оние кои работат и се борат за успехот на СДСМ, туку токму на оние кои одлучиле да ја поткопуваат партијата од внатре“, нагласува Филипче.

Тој вели дека само преку единство во партијата СДСМ може да се врати на врвот. „Сите кои искрено сакаат да придонесат се добредојдени, а времето ќе покаже кој бил посветен на интересите на партијата, а кој на своите лични амбиции“.

Continue Reading

Македонија

ВО ТРИ ГРАДОВИ Е АЛАРМАНТНО: Каде е најзагадено?

Published

on

Многу високо загаден воздух вечерва има во Куманово, Битола и Кавадарци, но и во делови од Скопје. 

Високо е загаден воздухот во Тетово, Гостивар, Велес и Кичево. Koчани и Струмица се средно загадени.  Во другите општини е за нијанса подобро. На листата на air visual, Скопје вечерва не е во првите 10 најзагадени. 

Continue Reading

Македонија

Ќе се намали бројот на пероните на автобуската станица во Штип поради изградба на маркет

Published

on

На дел од автобуската станица во Штип ќе се гради маркет „Лидл“. Како што објасни градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, автобуската станица што е во непосредна близина на градскиот стадион нема да биде дислоцирана, туку само ќе се намали бројот на перони поради изградбата на маркетот. Така, наместо 10, автобуската станица ќе има пет перони.

– Автобуската станица, која е во приватна сопственост и во последните години бележи намалена фреквенција на автобуски сообраќај, договорено е да го намали бројот на перони од десет на пет, а на останатото место да се гради маркетот – вели Јорданов.

Општината веќе почна да го уредува постојниот паркинг-простор пред aвтобуската станица и очекува компанијата инвеститор да ги собере сите неопходни документи од надлежните министерства, врз основа на кои Општина Штип ќе може да го издаде решението за градба на маркетот на површина од 5.000 квадратни метри.

– Ако евентуално инвеститорот се премисли за оваа локација, тогаш Општината ќе го уреди раскопаниот простор пред aвтобуската станица во паркиралиште – дециден е Јорданов.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк