Connect with us

Свет

Трудо: Нема теоретски шанси Канада да стане дел од САД

Published

on

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.

„Нема шанси Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери“, рече Трудо во објавата на мрежата X.

Претходно, канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли рече дека коментарите на Трамп „покажуваат целосно недоразбирање на она што ја прави Канада силна земја“, додавајќи дека Канада „никогаш нема да потклекне пред заканите“.

Свет

ЌЕ ОДГОВОРИ ЛИ ЕВРОПА АКО ТРАМП ГО НАПАДНЕ ГРЕНЛАНД? Мештаните сакаат самостојност, дел од нив се сликаа со Трамп Џуниор

Published

on

На чија страна се граѓаните на автономниот Гренланд? Во 2008 година на референдум тие изгласаа Закон за самоуправа со кој преземаат поголем број ингеренции од данскaта влада, но одбраната на земјата, економската и надворешната политика остануваат грижа на Копенхаген.

Дел од луѓето кои живеат на најголемиот остров на светот се сликаа со Трамп Џуниор, синот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, додека светот трепери пред најавите на неговиот татко дека не исклучува можност да испрати војска за да преземе контрола врз островот.

Критичарите на Трамп веќе ја нарекоа луда неговата идеја да ги припои Гренланд, Панамскиот канал и Канада за нови американски држави.

Но, се чини дека Данска, под чија јурисдикција е Гренланд, но и Европската унија многу сериозно ја сфаќаат изјавата на Трамп дека „не гарантира дека нема да употреби економска или воена сила“ во припојувањето на овие територии, кои, како што вели, се клучни за американската национална безбедност.

Европа нема да се двоуми за да одговори?

Што би значел нападот на САД врз членка на НАТО и како би изреагирале останатите сојузници имајќи го предвид членот 5 на Алијансата кој предвидува колективен одговор на непријателски оган?

Првиот човек на француската дипломатија даде свој одговор.

– Очигледно не постои сомнеж дека Европската унија би дозволила другите нации во светот да ги нападнат нејзините суверени граници, кои и да се тие… Ние сме силен континент – изјави Жан-Ноел Баро.

Мештаните сакаат самостоен Гренланд

На чија страна се граѓаните на автономниот Гренланд? Во 2008 година на референдум тие изгласаа Закон за самоуправа со кој преземаат поголем број ингеренции од данскaта влада, но одбраната на земјата, економската и надворешната политика остануваат грижа на Копенхаген.

Гренландскиот премиер Муте Егеде, кој неодамна ги засили напорите за независност од Данска, постојано изјави дека островот не е на продажба и дека зависи од неговиот народ да одлучи за нивната иднина, пишува Ројтерс.

– Додека другите, вклучително и Данците и Американците, имаат право на свое мислење, ние не треба да бидеме фатени во хистеријата и да дозволиме надворешните притисоци да нè одвлечат од нашиот пат – рече Егеде во вторникот.

Гренланд е дом на 57.000 луѓе, а најголемиот дел од нив се Инуити. Главниот град е поблиску до Њујорк отколку до Копенхаген.

Данска не е баш сигурна во поддршката од Гренланд

И премиерката на Данска, Мете Фредериксен, повеќепати ги повтори цврстите ставови дека островот кој веќе 600 години е под данска управа не е и нема да биде на продажба.

За разлика од Трамп кој на својата социјална мрежа „Вистина“ напиша дека слушнал оти луѓето на Гренланд се „МАГА“, Фредериксен смета дека Данска ја има јасната поддршка од народот на Гренланд кој, како што таа вели, сам ќе ја избере својата иднина.

– Треба да останеме смирени и да се држиме до нашите принципи – изјави Фредерискен за данската телевизија ТВ2 истовремено пофалувајќи ги САД како клучен дански сојузник.

1,5 милијарди долари за одбрана и една луда идеја

На крајот на декември, кога Трамп ја објави својата желба да го купи островот, Данска обзнани дека ќе потроши близу 1,5 милијарди евра за одбрана.

Во меѓувреме синот на Трамп прикачи видео на кое наводно се гледа како Гренландец бара од САД да ја купат неговата земја. Тој се сретна со мештаните, ги посети важните места од културата, сими поткаст.

„Дон Џуниор и моите претставници слетуваат на Гренланд. Приемот беше одличен. Ним и на Слободниот свет им треба безбедност, сигурност, сила и МИР! Ова е договор што мора да се случи“, напиша Трамп за посетата на неговиот син на градот Нуук.

Џим Хајмс, претставник од демократите во Конгресот на САД ја нарече луда најавата на Трамп за островот.

–  Данска, која го поседува Гренланд, мислам дека тоа веројатно е факт што го учат повеќето Американци, е сојузник на НАТО. Значи, тоа е само целосно лудило од гледна точка на националната безбедност, а исто така е антагонизирачко – се налути Хајмс, претставник на САД за четвртиот конгресен округ во Конектикат, јави Политико.

Островот им е клучен на САД поради една причина

Гренланд е автономна територија на Данска од 1979 година, а на островот има и голема американска база. Една од причините зошто многу американски претседатели уште од 1700-тите години сакале да го анектираат е тоа што островот е најкратка и единствена копнена рута меѓу САД и Европа.

Островот има некои од најголемите наоѓалишта на минерали од ретки земји, кои се клучни во производството на батерии и високотехнолошки уреди. Трамп посочи дека Гренланд е клучен за воените напори за следење на кинеските и руските бродови, за кои рече дека се „насекаде“.

– Зборувам за заштита на слободниот свет – им рече тој на новинарите.

Во 1946 година американскиот претседател Хари Труман понуди да го купи Гренланд од Данска за 100 милиони долари во злато. Во 1970-тите, потпретседателот Нелсон Рокфелер, исто така, разговараше за купување.

Канада да биде американска држава? Топки!

Најновите изјави на Трамп дека не исклучува воена анексија на Гренланд и на Панама „која била изградена за американската војска“ дојдоа на новинарско прашање во врска со неговата препирка со канадскиот премиер Џастин Трудо за можното припојување на Канада.

– Можеби ќе треба да направиме нешто. Панамскиот канал е од витално значење за нашата земја. Со него управува Кина. Ние го дадовме Панамскиот канал на Панама, не ѝ го дадовме на Кина – им рече тој на новинарите за време на широката прес-конференција во неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Препирката  меѓу Трамп и Трудо се случи на денот кога Трудо објави дека дава оставка од лидерското столче на неговата Либерална партија во Канада, Трамп ги повтори неговите желби за припојување на Канада како 51. членка на САД и му порача на Трудо дека САД и Канада заедно би биле и те како голема нација.

На ова Трудо подоцна одговори дека нема шанси, „топки“, дека Канада да стане дел од САД.

Кој ја контролира Панама, тој ги контролира царините

А, во што се состои фасцинацијата на новоизбраниот американски претседател со Панамскиот канал, точката која ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан? Каналот бил изграден од САД на почетокот на 20 век и ѝ беше предаден на Панама во 1999 година со договор од 1977 година.

Трамп во декември се закани дека ќе побара враќање на контролата врз Панамскиот канал доколу Панама не ги намали царините за американските бродови.

Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино му одговори дека „секој квадратен метар од Панамскиот канал и неговите соседни зони е дел од Панама и ќе продолжи да биде“.

Панамскиот канал е единствено контролиран од истоимената земја повеќе од 25 години. САД ја вратија зоната на Панамскиот канал во земјата во 1979 година и го завршија своето заедничко партнерство во контролирањето на стратешкиот воден пат во 1999 година.

Мексиканскиот залив да стане Залив на Америка

Меѓу другите работи кои Трамп ги спомна на прес-конференцијата, тој предложи преименување на Мексиканскиот Залив во „Заливот на Америка“ и го повтори своето противење на енергијата на ветерот, велејќи дека турбините на ветер ги „полудуваат китовите“.

Трамп уште во 2019 година изјави дека сака да го купи Гренланд, а тогаш беше одбиен од данскиот државен врв. Неговите изјави за Гренланд и Канада фрлаат нови стравови во северна хемисфера на планетата во светло на актуелните случувања во светот, војната во Украина, Израел, ситуацијата во Сирија, заканите за конфликт на далечниот Исток.

Откако Трамп ќе биде инаугуриран на 20 јануари во Белата куќа, топката се чини дека ќе биде во дворот на Европа.

Continue Reading

Свет

Шумски пожар беснее низ луксузниот дел на Лос Анџелес, евакуирани се 30.000 луѓе

Published

on

Шумски пожар беснее низ луксузниот дел на Лос Анџелес уништувајќи домови и предизвикувајќи сообраќаен метеж додека 30.000 луѓе се евакуирани.

Шумски пожар беснее низ луксузниот дел на Лос Анџелес уништувајќи домови и предизвикувајќи сообраќаен метеж додека 30.000 луѓе се евакуирани.

Најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес меѓу Санта Моника и Малибу изгореа, соопштија властите, откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови по долга суша.

Американски медиуми јавија за голем број на куќи во пламен.

Пред пожарот, Националната метеоролошка служба го издаде своето највисоко предупредување за екстремни услови за пожар во поголемиот дел од округот Лос Анџелес од вторник до четврток. Во комбинација со ниската влажност и сува вегетација поради недостаток на дожд, условите се исклучително опасни – објавија властите.

Гувернерот Гевин Њусом рече дека државата почнала да ги преместува ресурсите за гаснење пожари од северна кон јужна Калифорнија уште во саботата поради временските предупредувања. Многу од тој персонал, противпожарни возила и авиони останаа на позиции на друго место во Јужна Калифорнија поради опасноста од пожар за поширокиот регион – додаде тој.

Continue Reading

Свет

НЕБОТО НАД НОВ ЗЕЛАНД „ПЛАМНА“ СО НАЈУБАВИОТ ОГНОМЕТ Почна Новата 2025 година на Јужната Полутопка

Published

on

Луѓето во Нов Зеланд се насобраа во центарот на градот Окленд, а многумина се искачуваа на вулканските врвови за да имаат подобар поглед на огнометот во градот што ги содржеше боите на домородните племиња.

Среде спектакл од огномет, граѓаните во Нов Зеланд ја дочекаа Новата 2025 година.

Иконската Скај Тауер во Окленд, во Нов Зеланд, стана центар на новогодишните прослави додека илјадници луѓе се собраа да го видат прекрасниот огномет што го осветлува небото. Со ова, Окленд стана првиот голем град во светот кој ја пречека 2025 година.

Луѓето во Нов Зеланд, исто така, се насобраа во центарот на градот, а многумина се искачуваа на вулканските врвови на Окленд за да имаат подобар поглед на огнометот во градот што ги содржеше боите на домородните племиња, објави Асошиејтед прес.

Земјите во јужниот дел на Тихиот Океан се првите кои ја дочекаа 2025 година, а часовникот во Нов Зеланд бележи 12 полноќ речиси 18 часа пред иконската топка да падне на Тајм Сквер во Њујорк.

По Окленд и Сиднеј во Нов Зеланд, Новата година треба да ја дочекаат Сиднеј, Мелбурн и Канбера во Австралија. Квинсленд и Северна Австралија ќе влезат во 2025 година подоцна.

Над 1 милион луѓе сега се очекува да го посетат пристаништето Сиднеј во Австралија за да го проследат огнометот. Овде, британската поп-ѕвезда, Роби Вилијамс, ќе го предводи музичкиот спектакл.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк