Уапсен тетовец со ловечка пушка и муниција – осомничен за незаконит лов на Шара!

На 07.01.2025 во 13.10 часот кај влезот за с.Бродец, тетовско, на подрачјето на Национален парк „Шар Планина“, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишиле од слобода А.Р.(38) од Тетово поради основи на  сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот законик. Кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка и осум куршуми, дозвола за оружјето на негово име и дозвола од ловечко друштво. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.