Connect with us

Македонија

ДУИ станува партија без коалиционен капацитет

Published

on

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини ДУИ за политички практики кои го спречуваат напредокот на Македонија и нагласи дека коруптивната стигма, која со години ја носи неговата партија, е нешто од што СДСМ јасно и недвосмислено се дистанцира.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја отфрли можноста за поврзување со ДУИ и ја нагласи потребата од политики кои обединуваат, а не, како што вели, кои делат.

– СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма, која со години ја носи оваа партија, е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање етнички тензии, како алатка за политичко делување, е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество – изјави Филипче во интервју за „Независен“.

Тој ја обвини ДУИ за политички практики кои го спречуваат напредокот на Македонија.

– ДУИ продолжува со овие практики, а ВМРО-ДПМНЕ само профитира и ја подгрева ситуацијата. Иако јавно ги осудуваат и тврдат дека се во конфликт, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Претходните заеднички гласања во Собранието, како и мистериозното бегство на Артан Груби, за кое добивме смешни објаснувања од МВР, само ги потврдуваат сомнежите дека имаат задкулисни договори – рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Филипче, истакна дека оваа соработка создава политичка нестабилност и ги нарушува меѓуетничките односи.

– Последните настани, како инцидентите на Денот на албанското знаме, се директен резултат на ваквата политика на поделби и на провокации. Ова не е патот што Македонија треба да го оди. Наместо да зборуваме за економски напредок, интеграција во ЕУ и за подобар живот за граѓаните, постојано се враќаме на теми кои создаваат тензии и конфликт – изјави Филипче.

Во однос на идната соработка со албанските партии, Филипче подвлече дека ќе се базира на заеднички вредности и на транспарентност.

– СДСМ ќе работи со партии кои ги споделуваат нашите заложби за транспарентност, реформи и градење политики кои ги обединуваат граѓаните, а не ги делат. Нема да дозволиме етничките прашања да се користат како алатка за прикривање на корупцијата или на неспособноста – заклучи Фужилипче.

Македонија

Сиљановска Давкова за Алфа ТВ: Партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Алфа ТВ со Искра Коровешовска зборува за повеќе актуелни политички теми.

Меѓу другите прашањата претседателката се наврати на притисокот што дел од партиите го вршат врз највисокиот суд во државата во контекст на претставка за законот за јазиците.

Претседателката во емисијата бара партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд кој е независно тело кое мора да работи врз основа на законите и уставот а не врз нечии лични или партиски интереси.

Предходно ДУИ се обиде да изврши силен притисок на уставните судии од кои тројца под партиска команда се повлекоа од работата на највисокиот суд во Македонија за законот за јазиците.

Continue Reading

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк