Connect with us

Македонија

Николоски: Изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин-Крива Паланка е пример за домаќинско работење

Published

on

Експресниот пат Куманово-Страцин-Крива Паланка е првиот проект кој се завршил навреме во историјата на Македонија. Патот е од народот и за народот и ќе значи големо економско заживување на источниот дел од државата – истакна во Вечерното шоу на Богдан Илиевски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Станува збор за еден прекрасен проект, со четири ленти, две од едната и две од другата страна, каде дозволената брзина е 110км на час. Овој пат ќе значи заживување на источниот дел на државата и е главна артерија за поврзување со Бугарија. Она што е исто значајно е што по овој експресен пат ќе почне да се развива бизнис. Очекувам од левата и од десната страна на патот да почнат да се развиваат стопански субјекти и фабрики, кои што ќе вработуваат нови луѓе, како и трговски центри, магацини, бензиски пумпи и се она што носи развој со изградба на една ваква делница, истакна Николоски.

Министерот потенцираше дека затекнал катастрофална состојба на овој патен правец, каде еден од изведувачите целосно ги напуштил работите, а проблеми имало и со недостатокот на работници и надзорот.

-Со судни маки успеавме да ги вратиме работниците назад и да обезбедиме надзор. По најголем дел од трасата косините не беа заштитени, а на најголем дел од трасата немаше ниту капка асфалт или поточно на 17,5 км од 25 км воопшто немаше асфалт. Немаше ограда, немаше банкини, немаше еластична ограда, немаше канали изведени, сигнализација и се она што е дел од уредување на еден пат, истакна министерот Николоски.

Во однос на тоа како работите се завршија во рок од 6 месеци, а притоа имајќи ги во предвид сите недостатоци, Николоски потенцираше дека за прв пат во изградбата на еден патен правец во Македонија се применија нови методи.

-За прв пат се примени асфалтирање на ниски температури, со што целосно се промени динаминката на изградба. Прв пат Македонија виде дека може да се работи под рефлектори. Немаше класично работно време од една смена, туку се работеше во три смени. Трето, прв пат Македонија виде дека може да се работи на дожд, секако со заштита на работниците. Четврто, прв пат Македонија дека може паралелно да се работи на повеќе сегменти од патот и петто, за прв пат се мобилизираше толкав број на работници и машини кои работеа во исто време, потенцираше Николоски, кој најави дека во 2025 година ќе следуваат многу нови проекти и позитивни вести.

Македонија

Муцунски: Продлабочување на економската соработка со Австралија

Published

on

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на својата работна посета на Австралија оствари средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија.

На средбата се разговараше за унапредување на економските релации, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент беше ставен на можностите за соработка во енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.

Муцунски пред претставниците на бизнис-заедницата ги претстави инвестициските поволности што ги нуди државата, нагласувајќи дека зајакнувањето на економските врски со Австралија останува еден од приоритетите во билатералните односи.

Continue Reading

Македонија

Познат датумот кога ќе проработат камерите – казните ќе доаѓаат на домашна адреса

Published

on

Од почетокот на наредната година камерите кои се поставуваат во Скопје и низ уште неколку градови ќе бидат целосно функционални и ќе почнат да испраќаат казни на домшана адреса.

„Јас сум убеден дека системот ќе стартува на 1 јануари 2026 година“ – рече Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за 360.

Системот е речи си поставен во главниот град, а Премиерот Мицкоски на последниот брифинг со новинарите не ја отфрли можноста во Скопје системот да проработи и пред Нова Година, со тоа што како што најави тој, во првата фаза на граѓаните дома ќе им пристигнуваат само опомени, додека по Нова Година би доаѓале казните.
Мицкоски рече дека станува збор за најсовремена опреа од израелски производител која дава широка лепеза на можности за казнување.

Во меѓувреме, во Собранието помина јавната расправа за измени на казнената политика во делот на безбедноста во сообраќајот, а експертската јавност побара построги казни за возачите.

Continue Reading

Македонија

Средба на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска.

На средбата, претседателката беше информирана за плодната соработка меѓу овој важен самостоен државен орган и лидерите на црквите, верските заедници и религиозните групи.

Трајковска и Сиљановска-Давкова ја потенцираа важноста на религиозниот соживот, заснован врз взаемна почит и соработка за градење хармонично и мирно општество.

Во функција на претстојните образовни реформи, директорката Трајковска изрази став дека со основните етички норми,  учениците треба да бидат запознаени од страна на одделенските наставници од прво до петто одделение. Таа предлага воведување на изборен предмет Етика во текот на четирите години, од шесто до деветто одделение, којшто ќе ја интегрира не само религиозната, туку и филозофската, социолошката, логичката, психолошката и етичката димензија. Според неа, предметот Етика би можеле да го предаваат и теолози.

Соговорничките укажаа на потребата од превенција, навремено сузбивање и санкционирање на верскиот радикализам.

На крајот, претседателката ја истакна исклучително важната и одговорна улога на Комисијата во уживањето на слободата на вероисповеста и овозможувањето правна еднаквост на религиозните субјекти.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк