Connect with us

Македонија

Притвор за две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Published

on

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела  – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.

Соочен со сериозни закани кон  сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле.

Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата “Сремски фронт” во Штип намерно запалиле паркиран автомобил “Сеат леон” сопственост на една оштетена.  На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија

Најава за прекин на водоснабдувањето во Тетово

Published

on

Известување за жителите на Тетово

ЈП за Водовод и Канализација „Шари“ Тетово ги известува сите граѓани дека поради поставување на СКАДА системот за дигитализација на управувањето со водоснабдувањето, во соработка со Полошкиот Регион, ќе има рестрикција на водоснабдувањето денеска од 14:00 до 16:30 часот.

Ви благодариме за разбирањето и соработката, а целта на овој проект е подобрување на квалитетот и управувањето со услугите за сите граѓани на Тетово.

Со почит,
ЈП за Водовод и Канализација Тетово „Шари“

Continue Reading

Македонија

Вишото обвинителство Гостивар го врати обвинението против Теута Арифи на повторно разгледување

Published

on

Вишото јавно обвинителство во Гостивар го врати на повторно разгледување до Основното обвинителство во Тетово обвинението поднесено од актуелниот градоначалник Биљал Касами против поранешната градоначалничка Теута Арифи. Случајот се однесува на наводно оштетување на општинскиот буџет во износ над 1 милион евра. Претходно, тетовското обвинителство заклучи дека нема доволно елементи за покренување предмет за злоупотреба на службената положба.

Continue Reading

Македонија

Важна информација за Личните карти со „Република Македонија“

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека личните карти со старото уставно име ќе важат согласно важечкиот втистнат датум и истите нема потреба да се менуваат доколку имаат ефективен рок на важење.

Според Тошковски, за личните карти не важи правилото кое што важеше за возачките дозволи и пасошите. Министерот појасни и дека огромен број од возачките дозволи се веќе заменети со новото уставно име.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк