Connect with us

Македонија

Во министерството на Груби имало многу криминал и аздис, 20-тина илјади евра платени на две ќебапчилници

Published

on

-На прашањето дали наследувајќи го Артан Груби во Министерството за односи меѓу заедниците, (кое претходно беше фузирано она за Политички систем) со дел од просториите кои ги наследи, голчињата и кошот на поранешниот министер и вицепремиер, сегашниот прв човек на ова министерството Иван Стоилковиќ, во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски вели дека „на заминување“ е направена вистинска чистка и не е оставено ништо, дури ни филџани и чаши.

-За жал, ни голче, ни кош, ни фудбал, ни баскет, ни филџани, ни чаши, ни кафе, ни апарати за кафе, ни вода, ништо нема, дури ни телефони нема во министерството, чисто да знаат луѓето. Јас како министер немам земска/фиксна линија во кабинетот, затоа што сето тоа кога дојдовме беше растурено. Имало некакви камери поставено во кабинетот, па и тие биле извадени. Попис на инвентар никогаш не е извршен во министерството. Ќе има уште многу кривични пријави. Јас не знам која институција во државата ги прифаќала завршните сметки, бидејќи секогаш кога ја поднесувате мора да поднесете и пописна листа. Ние за првпат правиме попис на финансиски средства и на инвентар. Побаравме ад-хок ревизија и резултатите се толку фрапантни и грозни што ќе мора да одиме на затворена седница на Влада за информацијата за извештајот на ад-хок финансиската ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците. Дефинитивно, Министерството било приватна фирма и ревизијата тоа го покажува, вели тој.

Можеби немало попис и ревизија, ги нема и голчињата и кошот, но затоа пак има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња, открива министерот Стоилковиќ.

-Просто да не верувате дека такви нешта може да има. Јас овие месеци немам платено ни една сметка на сметка на министерството, се си плаќам сам. Кафански сметки да ми плаќа министерството, тоа е глупава работа. Тоа порано било „добар ден“. Порано, битно е што секој Божји ден биле правени сметки од по 20, 30, по 40 илјади денари, секојдневно биле правени – ајде да е на десет дена, двапати во месецот ли, ако имате гости на пример, но вистинскиот проблем е кога тоа е секојдневно, а овде било така, потенцира Стоилковиќ.

Министерот во „Наткаст“ обзнани и дека 95 насто од вработените во министерството се Албанци, но потенцира дека работата е што тоа се Албанци од ДУИ, нешто што е проверено и докажано – институцијата се користела како партиско биро за вработување. Во меѓувреме, разрешени се и многу случаи со „вработени“ кои не ни доаѓале на работа, а десетина од нив си живееле и работеле во странство, притоа земајќи редовна плата од министерството на Артан Груби. Се очекува обелоденувањето на извештајот на ад-хок финнсиската ревизија за да се прикаже сиот криминал, аздис и незаконско работење во минатите години.

Македонија

Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери

Published

on

Проектот за камери е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни работи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Јас ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи, ќе треба да промениме и законска легислатива, да ги припремиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките, ќе треба еден поширок институционален пристап да има, тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение, рече Тошковски.

Тој нагласи дека овој проект е многу битен од повеќе агли, особено за намалување на смртни случаи при сообраќајки, а искуството во други држави ја покажало оправданоста од имплементирањето на овој систем за безбеден град и безбедна држава. Притоа додаде дека е еден од најклучните проекти на Министерството што мора да бидат имплементирани во иднина.

-Во рамки на техничката Влада, доколку имаше простор и време да се посветев максимално на микроменаџирање, можеби ќе завршевме и порано од аспект на имплементација. Но, за жал, за време на техничка Влада бевме посветени на друга работа. Тоа се покажа како добар резултат, да речеме, од аспект на организација на изборите во делот на надлежност на МВР. Тогаш ни оставија и еден друг огромен проблем со пасошите, што моравме да го решаваме, истакна тој.

Министерот Тошковски, денеска беше во посета на Желино, по повод отворање нова канцеларија на управните служби на Министерството за внатрешни работи.

Continue Reading

Македонија

Најава за прекин на водоснабдувањето во Тетово

Published

on

Известување за жителите на Тетово

ЈП за Водовод и Канализација „Шари“ Тетово ги известува сите граѓани дека поради поставување на СКАДА системот за дигитализација на управувањето со водоснабдувањето, во соработка со Полошкиот Регион, ќе има рестрикција на водоснабдувањето денеска од 14:00 до 16:30 часот.

Ви благодариме за разбирањето и соработката, а целта на овој проект е подобрување на квалитетот и управувањето со услугите за сите граѓани на Тетово.

Со почит,
ЈП за Водовод и Канализација Тетово „Шари“

Continue Reading

Македонија

Вишото обвинителство Гостивар го врати обвинението против Теута Арифи на повторно разгледување

Published

on

Вишото јавно обвинителство во Гостивар го врати на повторно разгледување до Основното обвинителство во Тетово обвинението поднесено од актуелниот градоначалник Биљал Касами против поранешната градоначалничка Теута Арифи. Случајот се однесува на наводно оштетување на општинскиот буџет во износ над 1 милион евра. Претходно, тетовското обвинителство заклучи дека нема доволно елементи за покренување предмет за злоупотреба на службената положба.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк