Connect with us

Македонија

Обвинителство никогаш не дало позитивно мислење за условниот отпуст на Мијалков

Published

on

Во врска со условниот отпуст на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Јавното обвинителство преку соопштение појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Мијалков.

– Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти државата, Јавното обвинителство појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на осудениот, наведуваат во соопштението.

Велат надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на Мијалков дал негативно мислење, а по донесената одлука со која му бил одобрен отпустот, обвинителот вложил и жалба која била отфрлена како недозволена.

– Надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. По донесената одлука со која му беше одобрен отпустот, обвинителот вложи и жалба, меѓутоа таа беше отфрлена како недозволена, бидејќи во меѓувреме, со измени на Законот за извршување на санкциите објавени во Службен весник на 2 април 2024 година, од членот 254 е избришана одредбата која предвидуваше обврска решението за условен отпуст да се доставува до јавниот обвинител, а со членот 256 практично целосно беше одземена можноста на јавниот обвинител да се жали на одлуката за условен отпуст. Тоа значи дека од тие измени, јавниот обвинител ниту е известен ниту има можност да се жали на условниот отпуст, стои во соопштението.

Посочуваат дека надзорот врз Мијалков исклучиво го одредува Судот, бидејќи во мај 2024 година тој добил конечна одлука за условен отпуст, на која јавниот обвинител воопшто не можел да има влијание, ниту врз заштитениот надзор врз условно отпуштениот Мијалков.

– Кога станува збор за предметот “Трезор”, надлежниот јавен обвинител и таму ниту еднаш нема дадено позитивно мислење за враќање на патната исправа. Напротив, на 31.05.2024 година обвинителот даде негативно мислење за враќање на пасошот на обвинетиот, а потоа на 19.06.2024 година вложи и жалба на решението на Кривичниот совет со кое беше укината таа мерка на претпазливост. Позитивно мислење во тој предмет е дадено само во однос на укинување на гаранцијата и тоа по донесена правосилна ослободителна пресуда од Апелацискиот суд, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Македонија

СНЕЖЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Доаѓа од вторник, температурите уште ќе опаѓаат

Published

on

Влијанието на ладната воздушна маса која продира од истокот и од североистокот на Европскиот Континент останува  и во следниот период и ќе условува ладно време. Сепак, во вторник (11 февруари) доцна попладне, навечер и во текот на ноќта кон среда, како и во среда (12 февруари) од запад во Македонија ќе се прошират врнежи кои ќе бидат претежно од снег, а само во некои пониски места, особено во Повардарието, како и во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд или повремено од дожд и од снег, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Во Скопскиот регион со овој бран ќе има врнежи од дожд и од снег, или појава на врнежи од влажен снег.

На повеќе места во западните предели ќе се формира снежна покривка  и во градовите, додека на планините и на Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тендсенција на понатамошно опаѓање  и на повеќе места ќе се само за некој степен над нулата, или околу нулата, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачуваа до околу, или само за некој степен над 5 степени. Наутро пак за време на овој период температурите ќе бидат на повеќе места негативни, односно под нулата.“, објави тој.

Continue Reading

Македонија

КАЛАЈЏИЕВ ЈА КОМЕНТИРАШЕ ПРЕСУДАТА ЗА ЈОВАНОВ: „Апелација побрзала да си ја спаси кожата“

Published

on

Професорот Гордан Калајџиев деновиве ја коментираше пресудата за момчето Јованов, кое ја прегази Фросина Кулакова.

„Апелација побрзала да си ја спаси кожата“, напиша професорот по Кривично Право.

Continue Reading

Македонија

Сопругата на Игор Југ: Болката е огромна, но неправдата е уште поголема

Published

on

Во овие тешки минути пред сè сакам да се заблагодарам до секој еден од вас. Бидете сите на број и нека никој не ја почувствува оваа болка и празнина.

Ви благодарам за секој еден пишан збор, за секоја една мисла пратена кон нас. Претешка е судбината на тие кои за семејство ја сметаат татковината. Вистинското семејство е на маргините на болка, жал и голгота! Ако требало да се плати, нека тој биде последната жртва, а ние последното семејство кое ќе остане да се радува на секоја една слика.

Бидете живи и здрави, ви благодарам од сè срце, во мое и во име на целото семејство.

Игор Југ – човекот кој ме научи на многу работи. Најтешката до пред два дена беше да живеам без него, скоро осум години.

За да на крај и навистина си замине засекогаш…

Знам, и најдобро од сите го познавам – душата нема да му се смири сè додека оваа неправда не биде решена!!!

Тие што беа рамо до рамо со него се сведоци на онаа голгота која на сите до еден ни ги смени и уништи животите. Системот ги убива полека и тивко.

Народ… Жеден за сензитивни вести и статуси по Фејсбук, од тастатура се мрднува, верувајќи на збор. И зборот остана до ден-денес само празно ветување!!!

Помешани мисли, склопувам коцки во глава и не знам каде погрешивме… Една реченица да ме послушаше, сега уште ќе беше меѓу нас…

Денес ми е уште потежок ден од вчера. Самото соопштување на Катарина за прераната смрт на нејзиниот татко е најтешкиот дел за мене. Не дека останатите ми се лесни, но овој ме уби и мене!

Се договоривме – нашиот татко е најсветлата ѕвезда на небото. Нè чува од таму некаде далеку, пази и не дозволува да ни е лошо.

За да не ни е лут – нема да плачеме од утре, освен денес.

Нека ни прости, тато!!!

Ние на него никогаш нема да му простиме што нè остави и си замина!!!

Го видовме на небото и го испративме. Му пративме бакнежи и молби да нè чуваат со бато Мартин… Да, тоа е мојата Катарина. Толку мала, а многу позрела од возрасните. Толку слаба, а сепак посилна од самата судбина…

Напиша сопругата на Игор Југ, Ивана Југ на нејзиниот Facebook профил

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк