Connect with us

Македонија

ВЛЕН: ДУИ политички се распаѓа, повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група

Published

on

Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и Блерим Беџети. Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само 3 пратеници успеаја да гласаат „за“ интерпелацијата што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ, велат од ВЛЕН.

-Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, ДУИ е изолирана. Денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група.

Со ова гласање, потпретседателот на Владата Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борбата против корумпираното раководство на ДУИ, кое за жал е предводено од Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност во Македонија, не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото.

Нивната изолација е очигледна, ДУИ е исклучена од меѓународната заедница и нема никаква поддршка и соработка со било која од останатите нормални прозападни политички субјекти во Македонија. Пратениците на ДУИ го гледаат тоа и имаат задача пред чесните гласачи се погласно и почесто да се спротистават на погубните политики на нивното раководство.

Следниот пат кога Блерим Беџети ќе се обиде да креира политика, да се потсети на вчерашниот ден. Нема поголем губитник од него и неговата иницијатива. Исто како на претходните парламентарни избори, каде што ни гласовите на т.н. Европски Фронт не му беа доволни и изгуби наспроти ВЛЕН. Се додека настапува како заштитник на Артан Груби, нема да поминува различно ни кај граѓаните, ни кај своите сопартијци. Ќе продолжи да биде само еден од губитниците.

ВЛЕН апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ, стои во партиското соопштение.

Македонија

Тетовски жител пријавил измама: 58-годишник не ги завршил градежните работи, а истовремено дал украден ‘Мерцедес’

Published

on

На 10.01.2025 во 11 часот во СВР Тетово, 41-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од А.И. (58) од с. Теарце, кој требало да му изврши градежни работи за цена од 27.000 евра, но иако му било платено (дел во кеш, а дел со тоа што му дал возило „Мерцедес“), ниту ја завршил работата ниту пак се јавувал на телефонските повици на оштетениот.

Исто така, во 14 часот во СВР Тетово, 43-годишник од друго тетовско село пријавил дека бил измамен од А.И. (58) од с. Теарце, кој за да му плати претходен долг му го дал возилото „Мерцедес“, кое било на име на 41-годишникот, кој пријавил дека е оштетен од А.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Измама од 50.000 евра: „Купувачот остана без пари и без Мерцедес!“

Published

on

На 10.01.2025 во 16 часот, во СВР Тетово, 25-годишник од Струга пријавил дека бил измамен од А.М. од Тетово, на кого му дал 50.000 евра за патничко возило „Мерцедес“, но А.М. ниту му го дал возилото ниту потпишал договор на нотар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Апсење на улица Илинденска во Тетово

Published

on

На 10.01.2025 во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улица „Илинденска“ во Тетово, по судска наредба, го привеле С.М. од Р. Турција, со привремен престој во Тетово, поради затворска казна во врска со член 297 ст. 3. Тој е предаден во КПУ Затвор Куманово, за издржување на казната.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк