Connect with us

Македонија

Грчки војник од Балканските војни: Тие не се Бугари, ни Срби, ниту пак Грци, тие се православни Македонци

Published

on

Во романот „Живот во гробница“ авторот Стратис Миривилис, кој бил грчки војник учесник во Балканските војни, пишува дека кога војувал и на територијата на Македонија таму немало ни Бугари, ни Срби, ниту пак Грци, туку само православни Македонци. Романот, објавен уште во 1924 година, главно е базиран на неговиот дневник за време на војните.

Стратис Миривилис (1890-1969) бил војник 10 години, учествувал и во Првата светска војна и во походите во Анадолија 1921 и 1922 година. Воените искуства имале пресудно влијание врз неговиот понатамошен живот, така што тој се вратил во родното место на Лезбос како верен пацифист. Тука работел како новинар и писател. Миривилис бил член на Академијата во Атина, а по војната и претседател на Друштвото на грчките писатели. Во 1960 година бил номиниран за Нобеловата награда за литература.

Кога грчката војска ја нападнала Македонија, Миривилис стапил во контакт и со Македонци. Тој пишува дека тие иако од негова гледна точка зборуваат речиси ист јазик како Србите и Бугарите, тие се сметаат себе си само за „православни Македонци“… ниту „Бугари“, ни „Сррп“ или „Гкрртс“… Така пишува Миривилис во својот роман.

„Тоа се селани чиј јазик е сличен на јазикот на Бугарија и Србија. Тие не ги сакаат Бугарите затоа што им ги земаат децата во војска. Ги мразат Србите затоа што ги викаат „Бугари“ пишува Миривилис…

Преземено од history.mk

Македонија

Горан Милевски: Во Љубљана слета авионот со македонските патници

Published

on

Вечерва во Љубљана пристигна првиот воен авион со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.

Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети и да си помагаме едни на други, информираше на социјалните мрежи амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Continue Reading

Македонија

Ова се државите кои примиле повредени од трагедијата во Кочани

Published

on

По страшната трагедија во Кочани, во која загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени, започна брза меѓународна медицинска помош за тешко повредените граѓани. Благодарение на интензивната комуникација и соработка со партнерските земји, за помалку од 12 часа по несреќата, првите пациенти беа испратени на лекување во странство.

До утрово, вкупно 51 македонски граѓанин се наоѓа на лекување во следните земји:

• Бугарија 🇧🇬 – 14 пациенти во три болнички установи

• Турција 🇹🇷 – 9 пациенти

• Грција 🇬🇷 – 5 пациенти

• Србија 🇷🇸 – 17 пациенти

• Литванија 🇱🇹 – 4 пациенти, транспортирани со авион обезбеден од Романија 🇷🇴

• Унгарија 🇭🇺 – 2 пациенти

Во текот на денешниот ден, дополнителни пациенти ќе бидат испратени на лекување во:

• Австрија 🇦🇹 – 6 пациенти

• Словенија 🇸🇮 – 4 пациенти

• Хрватска 🇭🇷 – 4 пациенти

• Норвешка 🇳🇴 – 2 пациенти

Дополнително, за да обезбедат медицинска помош на повредените во земјава, пристигнаа медицински тимови од Чешка 🇨🇿, а се очекува и пристигнување на тимови од Израел 🇮🇱 и Белгија 🇧🇪.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази голема благодарност до сите земји што веднаш одговорија на повикот за помош, нагласувајќи дека оваа солидарност е потврда за сојузништвото и пријателството што Северна Македонија го има со бројни држави ширум светот.

Continue Reading

Македонија

Во текот на ноќта пациенти ќе се испраќаат во Австрија, Грција и Хрватска

Published

on

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки.

Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа:

Клинички центар – 52 пациенти
ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти
Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти
Клиника за токсикологија – 10 пациенти
Аџибадем Систина – 7 пациенти

Покрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

Литванија – 4 пациенти
Австрија – 2 пациенти
Словенија – 2 пациенти
Република Србија – 12 пациенти
Република Бугарија – 1 пациент

Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошен трансфер на пациенти.

Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница-Скопје и Клиниката за психијатрија се формирани мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.

За сите кои имаат потреба од психолошко советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица обезбедуваат поддршка.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк