Connect with us

Македонија

Приведени четири лица, незаконски ловеле

Published

on

Во близина на место викано Караула Моин, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица вчера околу 14.30 часот ги лишиле од слобода О.И.(26), К.К.(53), Д.Т.(35) и Ж.У.(25), сите од Гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При извршена контрола, соопштија денеска од МВР, кај О.И. била пронајдена ловна пушка „сухл“ и два ловечки патрона, кај К.К. ловна пушка „застава“ и девет ловечки патрони, а кај Д.Т. ловна пушка карабин „застава“ и 12 куршуми, како и други предмети.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија

БРАВО ЦУК! – УСПЕШНО СПАСЕНИ НЕКОЛКУ МАЛОЛЕТНИЦИ: Биле заглавени во завеаното село Рајчани

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави дека акцијата за спасување на шест лица, кои беа заглавени поради обилниот снег во село Рајчани, Општина Кочани, е успешно завршена.

„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, соопштија од ЦУК.

По добивањето на пријавата, веднаш беше активирана координирана акција со СВР Штип, Полициската станица Кочани, лицето за контакт од Општина Кочани, градоначалникот и Доброволната спасителна служба Осогово.

Благодарение на брзата реакција и соработката на сите инволвирани страни, сите шест лица се успешно извлечени. Според информациите, тие се во добра состојба, а акцијата заврши без дополнителни компликации.

Обилните снежни врнежи продолжуваат да предизвикуваат проблеми низ земјата. Граѓаните се советуваат да избегнуваат непотребни патувања, особено во критичните региони каде што временските услови се најлоши.

Continue Reading

Македонија

Скопјанка точно на полноќ нападната во угостителски објект

Published

on

Денеска (12.01.2025) во 02.00 часот во СВР Скопје, С.С.(50) од с.Трубарево, скопско, пријавила дека околу 00.00 часот во угостителски објект во селото, била физички нападната од Г.Н. од с.Јурумлери, скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading

Македонија

Македонски Бугари оддадоа почит пред спомен-плочата на Мара Бунева во Скопје

Published

on

Десетина граѓани кои се декларираат како македонски Бугари денеска, како и во минатите години, оддадоа почит на спомен-плочата на Мара Бунева на кејот на Вардар во центарот на Скопје, по повод 97 години од нејзината смрт.

На спомен-плочата и пред слика на Бунева што ја донесоа, тие оставија цвеќе откако претходно организираа панихида во црквата „Св. Димитрија“ и по оддавањето почит и заедничкото фотографирање се разотидоа од местото на чествувањето.

На прашање од медиумите дали имаат порака, еден од нив кратко изјави дека очекуваат македонските Бугари наскоро да бидат ставени во Уставот на Северна Македонија и, како што рече, „да заврши омразата меѓу балканските народи“.

-Македонија си е држава, но има и македонски Бугари. Ние месните, овде што се собираме, сме македонски Бугари. Кога еден ден ќе нѐ стават во Уставот, се ќе си дојде на свое место.

Очекуваме тоа да биде наскоро, тоа е природен процес, мора да биде тоа така. Само ние не сме во Уставот, рече тој.

Мара Бунева (1902 — 1928), родена во Тетово, на 14 јануари 1928 на кејот на Вардар во Скопје извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ и потоа се самоубила.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк