Connect with us

Инфо +

Сиљановска-Давкова: Анди Исмаили е гордост на Македонија и инспирација за младите

Published

on

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со младиот и исклучително талентиран танчер Анди Исмаили, кој со својата маестрална игра го освојува светскиот модерен танцов подиум и ја претставува Македонија во најдобро светло.

Со само 16 години, Анди е петкратен светски шампион во танцување, а неговите најнови успеси на Светското првенство во Полска, крунисани со златен и сребрен медал, ја потврдуваат неговата извонредна дарба и креативност.

„Анди е пример и доказ дека нема неостварливи соништа за талентираните каде и да се. Неговите успеси ја позиционираат Македонија на светската мапа на уметноста и инспирираат многу млади, дома и надвор,“ истакна Сиљановска-Давкова.

Претседателката повика на системска поддршка за младите таленти, нагласувајќи дека нивните успеси се најголем промотор на културната дипломатија и гордост за нацијата.

Балкан

ШОК ЗА ТУРИСТИТЕ Уште една такса за оние кои патуваат во Грција

Published

on

Најголемите туристички земји од оваа сезона воведуваат различни даноци за да се заштитат од последиците од прекумерниот туризам, а една од нив е и Грција.

Како што објави порталот „Грција инфо“, оваа земја од 1 јануари 2025 година воведе даноци за климатска отпорност (одржливост), кои ќе го заменат данокот за престој.

Како што вели овој портал, данокот т.е. надоместокот за отпорност на климата ја замени поранешната туристичка такса и се бара да се наплаќа од гостите од сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција.

Данокот, како и досега, се наплаќа посебно за гостите во повеќето хотели и сместувачки комплекси и не е вклучен во цената на одморот. Во некои сместувачки капацитети, сопствениците го преземаат овој трошок, така што данокот е веќе вклучен во цената и не се наплаќа дополнително.

Бизпортал.рс

Continue Reading

Македонија

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

Published

on

Поради снегот и појавата на голомразица, од 11 јануари до вчера, скопската Итна медицинска помош имала вкупно 254 интервенции.

Доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во скопската Итна медицинска помош, за МИА изјави дека во овие 254 интервенции имало и сообраќајки, повредени граѓани кои паднале лизнувајќи се по мразот, лица во алкохолизирана состојба кои се здобиле со повреди, но и некои кои завршиле со повреда во тепачка.

– Евидентирани се шест интервенции поради паѓање на снегот, луѓе повредиле нога, глава … Да не се излегува без потреба, ова важи особено за децата и повозрасните. Секогаш да се почитуваат советите од АМСМ. Да се вози внимателно, да се носи зимска опрема, да не се надминува дозволената брзина со возилото, апелира доктор Реџепи.

Continue Reading

Македонија

Почна чистката во Судството: Покренато обвинение за Судија

Published

on

Од обвинителството информираат дека судијката од Основниот суд Велес е обвинета за фалсификување на службената исправа како продолжено кривично дело која во текот на истрагата била и разрешена од судиската функција, додека управителката на ланецот аптеки и нејзиниот сопруг се обвинети за поттикнување при извршувањето на кривичното дело и за употреба на исправите со невистинита содржина.

„Првообвинетата, постапувајќи во предмет во кој тужители се останатите обвинети, донела пресуда со која им го усвоила тужбеното барање и им утврдила право на сопственост на деловен простор и земјиште под зграда. Иако пресудата не била правосилна и извршна, а тужените навреме изјавиле жалби, судијката поттикната со умисла од сообвинетите, ја заверила со службен печат за правосилност и извршност со што свесно внела невистинит податок во службената исправа. Ваквата службена исправа со невистинита содржина таа ја дала на рака на управителката на правното лице, наместо преку судска достава“, велат од Јавното обвинителство.

Дополнително, како судија во вонпарнична постапка, обвинетата надвор од АКМИС системот за електронско управување со предметите во судот во Велес, составила решение со кое на истите подносители им го усвоила предлогот за привремени мерки за обезбедување непарично побарување, со кое им овозможила на предметниот имот да впишат прибелешка во јавните книги со забрана за отуѓување и оптоварување. Потоа решила привремената мерка веднаш да биде извршна и примерок веднаш да биде доставен до Агенцијата за катастар на недвижности – одделение за катастар на недвижности Велес. Решението било со невистинита содржина во поглед на податоците за наводно одржаното рочиште, а документот спротивно на судскиот деловник било доставено само до предлагачот, соопштуваат од кавадаречкото обвинителство.

Според обвинението, судијката со посебно решение, ја задолжила спротивната страна да ги надомести парничните трошоци на предлагачите во износ од 1.124.308 денари, повторно веднаш давајќи и својство на правосилност и извршност на исправата, иако знаела дека се исполнети законските услови за повлекување на привремената мерка со што парничните трошоци би паднале на товар на подносителот. И ова решение не го доставила до останатите странки во постапката, туку единствено до предлагачот, со што ги оневозможила да користат правен лек – жалба.

„За да ги прикрие сите противправни дејствија во предметите, обвинетата судијка свесно ги уништила службените документи – повратници и не ги споила сите документи во списите на предметот. Обвинетите сопственици ги употребиле ваквите исправи со невистинита содржина пред Агенцијата за катастар на недвижности за да внесат промени во имотните листови во корист на обвинетото правно лице. Со лажно прикажување факти од судските постапки тие нанеле значителна имотна штета на спротивната страна, а за себе прибавиле значителна имотна корист. Парничните трошоци за постапката ги наплатиле преку извршител, иако знаеле дека барањето за извршување им е засновано на исправа со невистинита содржина“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк