Connect with us

Македонија

Изведувачот се спремаше за арбитража, а сега имаме готов експресен пат Градско-Дреново

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денес присуствуваше на отворање на пуштање во употреба на делницата Градско-Дреново.

-Во рок од само десетина дена, второ големо отворање. Денес го отвараме експресниот пат кој ќе нè поврзува од Градско до Дреново. Еден преубав експресен пат кој ќе значи многу во поврзувањето и на Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман, со главниот град. Ќе значи и поврзување со соседна Грција и поврзување со Коридорот 10 кој треба да значи целосно или автопатско или експресно поврзување со ГП Меџитлија, рече тој.

Николоски посочи дека штом ја презел функцијата се соочил со документација која говори за скандалозно однесување на минатата власт.

-Ние сме избрани да работиме, а не да се жалиме и даваме образложенија, но пред мене имам нешто и рачно пишувано, нешто со маркер, го имам и првиот документ кој што го добив кога станав министер, првата голема главоболка со која се соочив – Извештајот за состојбата, во каква состојба беше изградбата на овој експресен пат. Ќе ви кажам кратко, директно, работници немаше, активности немаше, не беа решени косините и фалеа некаде околу 13 милиони евра за да се исплати и да се доврши реализацијата на овој експресен пат. Изведувачот се спремаше за арбитража, првите чекори беа преземени. Работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година ипол не сакала да потпише два адендуми кои беа договорени заедно со европската делегација и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува. Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата во јули, во август се работеше на содржината на овие два анекси и на 12-ти септември проблемите беа решени. Од тогаш до буквално Нова година се работеше тука, се заврши и честитам, истакна Николоски.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг